Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: DX-er on 13.10.2010, Wednesday, 21:54:03
-
Имам една идеа, за велосипедот да направам осветлување за напред од бели LED и сигнално светло со црвени од позади. Поради потрошувачката која не се надополнува (нема динамо) сакам да заштедам на енергија.
Мојата идеа е следна, со помош на овој http://elektronika-mk.net/index.php?topic=639.45
мал склоп кој овозможува работа на LED со само една батерија... но во овој случај склопов би работел со 2 батерии, односно 3V. Мене ми треба ова бидејки е осцилатор на 50KHz (трепери а со тоа ке штеди енергија). Да не се случи да приклучам 20 LED на овој осцилатор па да прегори, ке ставам некој транзистор како 2N3055. Сега ме интересира дали ако овој осцилатор го приклучам на 2 батерии од по 1,5V исто ке осцилира ? Ако осцилира е ОК и идеме понатака. Овој осцилатор треба да дава сигнал на транзисторот кога да ги пали и кога да ги гаси LED (switching) со фрекфенција од 50KHz, па дали овој транзистор 2N3055 може да се пали и гаси толку брзо ? Ако може тогаш може да се поврзат и LED и да се осети благодетот од D класата на работа. Но има и уште еден проблем, напонот од 3V кога ке помине низ транзисторот 2N3055 ке опадне за 0.5-0.7V и LED ке светат многу послабо! Како овој проблем да го решам ?
Што мислите за мојата идеа или пак ако имате некоја друга идеа кажете?
-
мислам дека нема да работи joule thief-от на 3V ако памтам добро го имав пробано јас ама па не работеше или слабо светеше лед диодата...не ми текнува како беше, ама па и 20LED диоди ти се многу, најверојатно не мислиш да везеш под него а и најмногу се исплати да си купиш таква сијалица....
-
Можеш да пробаш со една навистина јака LED диода, оние што се од по 1W или така нешто, и така да ги „исцицаш“ батериите до максимум ;).
Инаку овој принцип на работа не баш работа во D класа, барем јас колку што знам, иако никогаш не сум се интересирал за дизајн на засилувачи во D класа.
-
Јас пробував да му направам некои измени на joule thief-от,ама џабе,пробав какви не транзистори вклучувајки го и 2N3055,нај добро испадна со транзисторите BC547 и 2N3904,а со 3055 нејќеше лед диодата ни да светне >:(.Единствени модификации може да се направат само со мотање на ново трансформаторче на мнооогу поголемо јадро и со што е можно потенка жица. :) ;)
-
а дали имаш пробано со BD транзистор? За мотање на поголемо јадро со тенка жица, не знам како ке работи, ке ми треба осцилоскоп, бидејки целта е да трепери на таа фрекфенција за да има заштеда.
-
а дали имаш пробано со BD транзистор? За мотање на поголемо јадро со тенка жица, не знам како ке работи, ке ми треба осцилоскоп, бидејки целта е да трепери на таа фрекфенција за да има заштеда.
Со BD тип немам пробано за жал :'( ;D.
-
BC се за пониски моќности, BD се за малку повисоки моќности, 2N3055 е за релативно повисоки моќности, така да чисто се сомневам дека ќе работи со BD серија на транзистори :S.
-
Епа тогаш со IRF520 ?
-
со мотање на повеќе намотки ништо нема да се смени...и тоа е веќе пробано ;D исто си работи...а и ова е за една лед диода да свети, не цел куп да светат...
-
со мотање на повеќе намотки ништо нема да се смени...и тоа е веќе пробано ;D исто си работи...а и ова е за една лед диода да свети, не цел куп да светат...
Да нема да се смени,но јас викам на мнооогу поголемо јадро и со многу повеќе намотки(пр.100). ;) :)
-
Епа тогаш со IRF520 ?
Не верувам дека со MOSFET ќе работи, сосема подруг принцип на работа имаат MOSFET транзиторите од биполарните, не се ни слични во нивните карактеристики.
-
Епа тогаш со IRF520 ?
Не верувам дека со MOSFET ќе работи, сосема подруг принцип на работа имаат MOSFET транзиторите од биполарните, не се ни слични во нивните карактеристики.
Последна идеа, може ли со 2SC1970, 2N3866, или 2N2219?
-
Можно е со 2N3866 да 2N2219 проработи, ама не знам, пробај, пробај и експериментирај ;).
-
А,да ти пратам две џамбо-ледици и мака да немаш? Една жолта напред (квадратна 2х2 см),една црвена кружна (промер 2,5 см составена од повеке црвени точки) позади.Работат на 5 В,асветат..
Можеш директно со 555 да ги погониш да трепкаат наизменично!!Најди си динамо и шема за преклопување на батерија кога точакот стои.Лесно ви е вас на Скопјани имате сега рента бицикли,мака немате за експерименти! :D :D :D
-
Види, финтата е да се изнајде начин тие LED да работат во D класа со цел штедење на батеријата.
-
Тогаш имате една шема како ЛЕД да работи на 1,5В!Само ако правите *перпетум мобиле* најдобро со свеќа би било,најмалку троши.Абе,зар лед троши,луѓе?!Не е се во штедењето ,треба малку и да се гледа светлината.
Споено мислење: [time]14 Октомври 2010, 01:59:31[/time]
Еве ја !
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2357.0;attach=1378)
-
Па добро, поентата беша као демек да се извади максимум од батеријата, тоа е поентата ;).
Мене лично ако ме прашате, динамо си е динамо, барем за градска вожња, повеќе од доволно светлина може да се ивади, уште ако ставите LED диода место обична светилка со жаречко влако, сигурно многу ќе блешти ;), а можете и батерии на полнење да си ставите, па од време на време да ги допонувате со динамото ;).
-
Дали ЛЕД трошат? Како не трошеле :). Треба да приклучам 15тина ЛЕД на 2 АА батерии.
-
Дали ЛЕД трошат? Како не трошеле :). Треба да приклучам 15тина ЛЕД на 2 АА батерии.
зосто 15 лед диоди нели се премногу клај едно динамо и толку или батерии со полнење како сто казаа или поврзи паралено мислам мокноста на батериите не се зголемува и така ке ставис 4 батерии ако мозе знам сериски моќноста се зголемува паралено останува иста само подолго ке траат

Да знам тоа. Динамо не ми се става бидејки малку го кочат возењето, барем тоа го имам забележано многу порано ма да може сегашниве динама да не се такви. Иначе колку пари е едно динамо и во која продавница?
-
Иначе колку пари е едно динамо и во која продавница?
Имаш во вучко таа продавницата за точаци,а исто и на пазар имаш,мислам дека се негде 200-300 денари,ама не ме зимај за збор ;D
-
Иначе колку пари е едно динамо и во која продавница?
Имаш во вучко таа продавницата за точаци,а исто и на пазар имаш,мислам дека се негде 200-300 денари,ама не ме зимај за збор ;D
поарно стави 4 ААА батерии ке трааат кизнае коллку
-
луѓе D класа е дигитална класа, а вие цело време правите муабети за аналогна електроника :)
-
луѓе D класа е дигитална класа, а вие цело време правите муабети за аналогна електроника :)
но за д класа се ми сли во прва страница прв пост од DX-er ова со батериите е аналогна
-
луѓе D класа е дигитална класа, а вие цело време правите муабети за аналогна електроника :)
Па тоа и јас пробав да го птенцирам, ама изгледа никој не запази ;D.
-
Ако го приклучам тој осцилаторот joule thief на 3V со 2 батерии тој нема да работи (осцилира) а пак дали е можно следново:
joule thief да си биде како што е на 1,5V од една батерија и тој напон да влегува во транзистор на базата, а пак од друга страна да се доведе повисока струја како на пример 6V (батерии) на колектор и преку некој кондензатор да се исфилтрира еднонасочниот напон од батериите од 6V но транзисторот да даде на излез 6V струја со фрекфенција еднаква како што ја има и joule thief, дали е можно тоа?
Значи појачало за струја што би се рекло

Па не би требало да работи, ако му донесеш на транзисторот на база напон од 1.5V, он ќе биде во НАП (Нормално Активно Подрачје, под услов да е NPN), што значи дека ќе проведува. Ако проведува, значи дека ако му врзеш кондензатор на колекторот, а на другата страна на кондензаторот батерии, бидејќи транзисторот проведува ќе се наполни кондензаторот, и тоа е тоа, ништо повее од тоа, низ него нема да тече струја веќе и толку :S.
-
а нели може нешто во стилот на аудио појачало?
Или ова да може да се направи со NE555 или некој PIC?
-
Треба да го доведеш транзисторот до самоосцилирање, како во Jule Thief ;).
-
Не види, пишуваме некој софтвер да пикот пали/гаси со брзина од 50KHz а тој пик без проблем може да даде 3-4V е сега тој напон го носиме на некој транзистор како 2N3866 за да не се случи повеке LED да уклучиме директно на пикот. Е сега зошто баш 2N3866? Може и друг VF бидејки мислам дека таков тип би реагирал толку брзо да пали и гаси.

Повеќето транзистори немаат проблем со прекинувачки фреквенции до кај 1MHz, после е вистинскиот проблем :S, така да тоа би функционирало и со било кој транзистор, не е проблем ;).
Но не ми е јасно, како заштедуваме на моќност и на енергија ако користиме PIC-ви за генерирање на прекинувачките сигнали ???.
-
А да се изведе со степ ап конвентор,нешто вака
http://www.google.com/imgres?imgurl=http://www.leddisplaycircuit.com/wp-content/uploads/2010/05/LED-torch-using-MAX660.jpg&imgrefurl=http://www.leddisplaycircuit.com/2010/05/led-torch-using-max660/&usg=__YPb9356meF-fLUuWT0gBwJVnmJI=&h=370&w=716&sz=27&hl=en&start=0&sig2=Mr5UWwmY3HKl9aDJAnHKHw&zoom=1&tbnid=qqt6PNIOr5usAM:&tbnh=107&tbnw=207&ei=WqC3TJDTBsK7jAfg_ZmgCQ&prev=/images%3Fq%3Dmax660%26um%3D1%26hl%3Den%26sa%3DN%26biw%3D1280%26bih%3D807%26tbs%3Disch:1&um=1&itbs=1&iact=hc&vpx=124&vpy=115&dur=573&hovh=107&hovw=207&tx=93&ty=101&oei=WqC3TJDTBsK7jAfg_ZmgCQ&esq=1&page=1&ndsp=22&ved=1t:429,r:0,s:0
-
Па можно е, ама колку „цица“ енергија колото, тоа е прашањето, да не биде LED Torch ама само 2 минути ;D.
-
Го цитирам колегата Бојан: Remember kids datasheet catalog is your friend...
http://www.maxim-ic.com/datasheet/index.mvp/id/1140
-
Знам, пишуваше така и на сајтот каде што беше post-ирана шемата, дека троши многу малку енергија, поточно мислам дека пишуваше battery friendly ;D, ама сепак треба да се проба, да се види ;). Вака на хартија изгледа добро ;).
-
Но не ми е јасно, како заштедуваме на моќност и на енергија ако користиме PIC-ви за генерирање на прекинувачките сигнали ???.
Па според тоа што се секавам пикот троши некаде околу 2-4mA, ама треба да провеам за посигурно а и не се сеќавам за кој пик го читав тоа. Абе како и да е најдобро е осцилатор со транзистор и намотка.
Или со MAX660, ама ако има сеуште како примероци бидејки нема да се купат.