Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: xantox on 24.09.2010, Friday, 23:44:38
-
ајде ако некој знае, да помогне каде може да се набават алуминиумски цевчиња во скопје, за изработка на антена.
во мојов случај станува збор за јаги антена за 2м опсег.
http://www.qsl.net/9a4qv/6el_DK7ZB_2m.htm
антената што би сакал да ја направам.
дијаметарот треба да е 10мм но може да биде и помал. мојот избор е 10мм заради покривање на поголем дел од опсегот.
проблем е што поминав во неколку дуќани за алуминиумски профили меѓутоа намалата цевка што се нуди е со диаметар 16мм.
Кодирај линкови!
-
Наједноставно и најевтино ти е да бараш стари антени и да ги вадиш цевчињата од нив, нови тешко да најдеш.
-
можеш да најдеш на бувјлакот под кале!!Јас си купив една јаги антена ама помала од твојата што сакаш да ја правиш!
-
Наједноставно и најевтино ти е да бараш стари антени и да ги вадиш цевчињата од нив, нови тешко да најдеш.
уф,
стари антени што имам сретнато се од ухф опсег а тоа значи дека се пократки од ова што ми треба на мене. тоа ќе значи дека треба да ги продолжувам една со друга што ќе ми претставува голем проблем пошто спојката ке треба да биде поголемо алуминиумско цевче кое во внатрешниот дијаметар треба да пасира на надворешниот дијаметар на помалово цевче. значи ја неможам да најдам една димензија а сега вака се јавува потреба од две. размислував и да направам антена од алуминиумски шипчиња ама и тука имам проблем со наоѓање на материјал, а од стари антени повторно се јавува проблемот со должината. во овој случај спојувањето би одело полесно, мислам дека со клеми би се завршила работа. само незнам како би влијаеле различни метали на крајниот резултат т.е SWR на антената а јас нели немам SWR-метар за да ја наштимам антената. ќе работам по веќе зададени димензии.
бум-от на антената е друга приказна пошто тука старите антени ми излегуваат во пресрет :)
како и да е ќе оставам уште некое време па може ќе се најде некој што знае каде да најдам цевчиња
-
Да пробаш со бакарни цевчиња ? Ако се сеќаваш оние што ги монтираат на климите кај што проаѓа фреонот.
-
Во Велес во една железарија на Пазрот има ал.цевчиња со надворешен дијаметар 8 мм,а внатрешен 6 мм.Должина 2 м.Цена по парче 160 ден.
-
Да пробаш со бакарни цевчиња ? Ако се сеќаваш оние што ги монтираат на климите кај што проаѓа фреонот.
помислив на опција со бакарни цевчиња исто ми предложија и иноксни, само незнам дали истиве димензии ќе одговараат. несакам да се повторувам меѓутоа како нагласив предходно немам SWR-метар, па не сум сигурен (незнам) како ќе влијае на стојните бранови тоа што ќе ставам цевче од друг метал ?!? :-\ ?!?
Во Велес во една железарија на Пазрот има ал.цевчиња со надворешен дијаметар 8 мм,а внатрешен 6 мм.Должина 2 м.Цена по парче 160 ден.
е ова е веќе нешто конкретно 10мм би одговарале повеќе но и 8мм би завршиле работа.
кажи ми како се вика железаријата па да видам да пратам некој од велешаните што ги знам да ми земе ако може
-
Железаријата е веднаш на пазарот кај Пармакот.Продавачот се вика Зоки ,плав полнечок дечко.Не се сеќавам за името на фирмата :D Иначе,колегава до мене вели дека има и во МИМОЗА во Населба,а и во Железарата кај Бели Мугри,до ПАН ТАКСИ. Само нека носи бонсек и дај му димензии да ти ги исече.Инаку не се носат! ;) :D
-
епа супер и фала ти многу за инфо
уште да ми кажеш и во недела дека работат и јас да дојдам утре бидејќи сум слободен :D
-
Работат овие кај Бели Мугри,за другите не верувам....Ај утре рано ке ти кажам да не се трошиш џабе!
Споено мислење: 26.09.2010, Sunday, 13:30:49
Не се отворени!
-
денес беше еден мој човек од велес во дуќаниве што ги напомна меѓутоа алуминиумски цевчиња немало. :o
тој кај пармакот му рекол дека порано имало ама веќе подолго време нема.
штета
потрагата продолжува и понатаму
можеби има негде на друго место ?!? ??? ?!?
-
Колку метри сакаш,ке ти најдам ,само пиши и најди човек да ги превземе!!!
-
Колку метри сакаш,ке ти најдам ,само пиши и најди човек да ги превземе!!!
Дај и за мене некое :) ке идам директ во велес ако треба
-
Пишувајте во метри ( не во килограми!) ако може :D
-
Пишувајте во метри ( не во килограми!) ако може :D
Мене ке ми треба 3,75m за Ground Plane антена :) е сега мислам дека треба да се по 75cm парчиња ако не се лажам
-
Колку метри сакаш,ке ти најдам ,само пиши и најди човек да ги превземе!!!
ми требаат 4 метри - дијаметар 10мм -
како за почеток :)
ако си во состојба да најдеш не е проблем за некој да ги превземе.
ти само кажи ако најдеш, па ќе исконтактираме по тел.
-
Ке се потрудам утре и ке добиеш одговор.
-
ајде...
па до крајов на неделава да ја склопам антената да имам со што да штракам за викендов ;D
-
Се извинувам,многу обврски.Ми рекоа дека цели цевки од 2м нема да најдам (потрошено во меѓувреме!) Кажи ми димензии и парчиња,мислам дека можам така да ти услужам.Каква антена планираш да правиш?
-
... Кажи ми димензии и парчиња,мислам дека можам така да ти услужам.Каква антена планираш да правиш?
во план ми беше да направам 6 ел. јаги арно ама бидејќи слабо ми оди со набавка на материјал се одлучив за помала 4 ел. јаги бидејќи има помалку материјал :)
е сега вака... ми требаат четири парчиња ал. цевче 10мм. со димензии 1030мм, 990мм, 937мм и 857мм
димензиите мора да бидат до милиметар прецизни за што не е лошо набавените парчиња да бидат малку подолги (за 1см) како би можел при конструирањето на антената да ги тримам.
антената е декларирана со Gain 6,3dBd и F/B >20dB
бумот е 0,76 м. за него веќе имам обезбедено материјал
-
Значи сепак се 4 х 1 м. Овие што ги има човекот ми рече дека не се подолги од 60 см.Има разни димензии,ама до таа должина.Барам натаму.
Иначе ,можеш проблемот да го решиш и со наддавање на цевката.Многупати и така сум морал да работам.
-
доколку има цевчиња 10мм 60цм и некое друго кое со надворешниот дијаметар ќе одговара на внатрешниот на 10 милиметарското опцијава со наддавање би можел да ја пробам. е сега незнам дали тоа ќе направи да има некаква промена во должината на елементите. мое размислување е дека нема да биде проблем. друга недоумица и непознаница е издржливоста на надворешни влијанија вклучително и на птици што би застанувале на антената. да не почне да се распаѓа уште првиот ден. еве додека пишувам си размислувам дали би можело да се појача спојот со ал. поп нитни. дали би било проблем тоа. значи се што излегува надвор од шемата за изработка ми е проблем затоа што немам SWR метар.
ако има некој некаков предлог отворен сум за сугестии
-
Такви цевчести и полни профили во облик на круг или квадрат има во Mr.Bricolage, во Скопје, кај новиот Нептун, кај Супер Тинекс, блиску на пивара,.....
За димензии ина неколку врсти, но дали има баш 10mm незнам.
За цена, веројатно не се ефтини.....
Поз.
-
Такви цевчести и полни профили во облик на круг или квадрат има во Mr.Bricolage, во Скопје, кај новиот Нептун, кај Супер Тинекс, блиску на пивара,.....
За димензии ина неколку врсти, но дали има баш 10mm незнам.
За цена, веројатно не се ефтини.....
Поз.
А има ли нешто од околу 1,7 - 2 m ? Но да е со дијаметар 0,8mm и внатре да е шуплива ? Ова ако случајно имаш видено вакво нешто.