Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: batka on 17.09.2010, Friday, 17:45:27

Title: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: batka on 17.09.2010, Friday, 17:45:27
Индијците секојаш имале добри конструктори и верувам дека шемава е добра.Немам време да ја правам веднаш,ама можеби има некој кој сака да експериментира.Калемите ,освен еден ,се печатени,а на излез има *балун* од ферит со два канала.Тоа се оние феритчиња кои ги имаше на старите Јаги антени,на плочката,споена на самиот дипол во пластична кутија.Се наоѓаат сеуште.За антена слободно можете да користите стара Јагица со трансформатор на неа ,кој треба да го премотате спрема податоците. И транзисторите не се критични,а дометот бил 4 километри.
Еве комплет со печатена и  монтажна шема.
Title: Одг: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: DX-er on 17.09.2010, Friday, 17:58:53
Батка да не знаеш каде може да се купат такви и слични ферити ? Или пак ферити за филтрација во VHF подрачјето ?
Иначе како што видов предпоследниот транзистор е осцилаторот а тој е bc547 и по него е излезот. према мене не може да има толку голем домет со само еден засилувачки степен.
Title: Одг: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: ivica.s on 17.09.2010, Friday, 18:46:06
За купување не знам кај има, можеби звучи неверојатно, ама јас најдов такви  во електричен мотор од автомобил (веројатно од бришачи). Изгледаа како долги тенки цевчиња на кој имаше намотано калем.
Калемот го одмотав и од феритното јадро сечам парчиња со потребната должина.
Title: Одг: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: batka on 17.09.2010, Friday, 22:20:02
Јас имам од стари антени,а доста торуси вадам и од напојувањата.Значи можат да се употребат и торуси од напојувања и да се намотаат одделно две уплетени жици со десет намотки за едната и други две уплетени со десет намотки за втората  намотка!На ист торус!!! Спојување би било по шема како е дадено.Пазите само на почеток и крај на намотот(означете ги смеровите) .Транзисторите (првите два ) би ги заменил со 2Н2222, а третиот нешто појако како 2н1711,2н3886,2219 и сл.Само на излез би ставил и некое тримерче од кондензатор.Сепак треба минимално подесување.А ако поврзете Јаги,се е можно за дометот при оптимални услови.
Title: Одг: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: DX-er on 17.09.2010, Friday, 22:24:41
зошто 2n2222? како што знам 2n2222 е како BC547 само што првиот е 25 денари а вториот е 5 денари  (во лОГИНг)

иначе према тебе дали 2n1711 e подобар од 2n2219 во засилувањето и осетливоста ?
Title: Одг: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: batka on 17.09.2010, Friday, 22:47:53
2н2222 мислам дека носи 0,8А,ако не се лажам ! Освен тоа види ги карактеристиките,мислам дека беше појак и постабилен од ВС547 .Освен тоа е во метално куќиште што значи дека е поотпотен на температурни промени,може да се лади полесно,на него може да се леми  метална преграда.За 1711 имам убаво мислење и примероците што ги имав ( и имам уште нешто се со бета= 180 !!!) .2н2219  е за нијанса појак од него.
Title: Одг: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: DX-er on 17.09.2010, Friday, 22:51:34
пред малце загледав во даташитот за 1711, пише дека иде до 70MHz односно во графата минимум пишеше 70 MHz а во максимум и средна немаше ништо. Па ме интересира дали добро засилуваат и на 100 или 107MHz?
Title: Одг: ФМ предавател за 4 км.од Индија
Post by: batka on 18.09.2010, Saturday, 14:19:53
2N1711 има гранична фреквенција од околу 100 Мхз,а примероци одат и многу над тоа (работат и на 144 Мхз особено ако се од добри производители).Затоа нема средна ниту горна фреквенција!!!

Споено мислење: 19.09.2010, Sunday, 15:22:03
Еве како изгледа феритното јадро