Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: batka on 14.09.2010, Tuesday, 08:54:49
-
Имав потреба од разведување на сигнал од кабловска ТВ на три ТВ апарати,ама сигналот ослабуваше.На три УНИ плочки го направив ова пп. и добив супер сигнал на секој ТВ,
Оригиналните транзистори ги заменив со БФ 199 и добро испадна.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1957.0;attach=1008)
-
Одлично батка,и јас имам проблем со ослабување на сигналот на кабелската!!Ќе го правам!! ;D
реп од мене
-
добра работа!
-
Иако и мене ми е слаб сигналот (цела вертикала од зградата „мкне“ од мене ;D) и не се замарам многу со квалитетот на сигналот на кабелската телевизија (зашто не гледам многу телевизија), сепак, одлична шема ;), мислам дека ќе им биде многу корисна на останатите членови ;). +rep и од мене имаш ;).
-
а како иде ова...првин предпојачувачов па после тоа сплитерот, или па пред телевизорот се става???
-
Оваа ке биде добро да ко направам за ТВ-картичката бидејки некако слаба слика ми дава на компјутерот.што мислите дали ке се подобрии? а и целиот засилувач ке мозам да го напојувам од напојувањето на компјутерот
-
а како иде ова...првин предпојачувачов па после тоа сплитерот, или па пред телевизорот се става???
После сплитерот го ставаш ако мислиш на оној сплитер во влезот што е :D Значи појачалово има за цел слабите сигнали да ги засили и има два степени на појачување а дали дава јак сигнал на излез не знам. Бидејки има појачала кои засилуваат и на излез, такви се тие од кабелските оператори.
-
Јас сигналот го земам од сплитерот ,го носам на трите пп посебно на секој влез ,а од секое пп на еден телевизор .Резултатот е одличен.
-
Оваа ке биде добро да ко направам за ТВ-картичката бидејки некако слаба слика ми дава на компјутерот.што мислите дали ке се подобрии? а и целиот засилувач ке мозам да го напојувам од напојувањето на компјутерот
Па така мислам дека најквалитетен сигнал ќе извадиш, за напојување на ВФ уреди е потребен напон без брум и релативно стабилен напон, што значи дека switching напојување ти е најдобра опција ;).
-
Сакам да го направам колово,ама незнам колку струја влече,да не знае некој? :)
-
Зачи нема некои потреби од специјална плочка - како што ги прават обично за ВФ - со голема површина за маса итн... може на универзална да се направи.
-
Сакам да го направам колово,ама незнам колку струја влече,да не знае некој? :)
Највројатно не повеќе од 500, 600mA, но ако ти е страв дека можеби ќе повлече повеќе струја колото, можеш да истестираш со компјутерско напојување, можат бааги струја да дадат тие напојувања ;).

Jaс мислам дека нај сигурно ќе биде да го приклучам на апарат за заварување и да не му ја мислам :D
-
Што мислите - греач ли има врзано!!? >:( Абе од 100 мА не треба фазла да троши.Не сум мерел точно ама и под 100 мА е сигурно.
-
Пашувам,да знам дали да правам transformerless напојување за колово,тоа напојувањето максимум може да даде 50mA.Батка ќе можеш ли да измериш колку струја влече ако не ти е тешко? ;D
-
мислам дека ке може со адаптерче ама да ставиш по јак електролит и 7812... ај за најдобро нека каже Батка
-
Арно ти вика -стави 7812 и нема проблем.Мислам дека 2 транзистора не трошат повеке од 50-60 мА.Немам сега начин да мерам,ама деновиве ке видам.Имам врзано едно 12В 300 мА адаптерче.од пазар и работи,не ни грее многу,значи дека не троши ништо!!
-
Какви се придобивките од овој засилувач.дома имам два телевизора и ТВ-картица на компјутерот и само едниот телевизор има добра слика.дали да направам еден таков засилувач и потоа да го разделам на трите уреди или да правам засилувач за секој уред посебноо?
-
Јас правев три модула,ама имам доста метража кабел. Со еден појачувач можеш 2 ТВ апарати да храниш,а ако имаш сметњи стави нешто вака за секој ТВ посебно.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1957.0;attach=1397)
-
мислам дека ке може со адаптерче ама да ставиш по јак електролит и 7812... ај за најдобро нека каже Батка
Од 10000uF доста ќе е? :D
-
Мислам дека е таман таков. Може слободно адаптер бидејки немаат голема потрошувачка тие 2 транзистори. Како за пример имам ставено на адаптерче Вероника 1W па немаше проблем.
-
Oзбилен сум,дали да ставам од 10000 uF филтерски кондензатор? ;D
-
Не ти треба толкав- доволно 1000 мФ!.Стави подобро во + колото едно калемче :На феритно стапче 3 мм намотај 40 см жица 0,3 мм без ред и филтрирај ја со 2 блока ,пред и по калемот од 1-4,7 нФ.Евентуално да не внесеш сметњи со напојувањето.
-
Гледав на Eca VRT замена за BF199 e BF502,а гледам дека BF502 e со подобри карактеристики од BF199,па да го ставам BF502 нема да има проблем или ќе биде уште подобро?И да не знае некој цена за овие транзистори во гац? :)
-
Оригиналните транзистори ги заменив со БФ 199 и добро испадна.
A да ставеше BFR91 ке беше уште подобро :) Иначе во тие појачалата од турските антени има BFR91
-
Ако правиш уред,добро оклопи го! Метална кутија,умасување,конектори,се допринесува на квалитетот.
Споено мислење: [time]20 Октомври 2010, 08:10:24[/time]
БФР 91 се поскапи.Еве една друга шема со нив,исто е успешна за антена,ама не сум ја пробал за кабловската ТВ.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1957.0;attach=1448)
-
И јас се мислам да го правам уредов за ТВ картицата на копјутерот. Каблоската ја делам на 3 телевизори и комјутерот. На телевозорите е добра ама на компјутерот не баш...
-
А ќе може ли да ставам кондензатори од 220nF наместо тие од 2,2nF,нема да има проблеми? :D
-
Па мислам дека нема да прават проблем ;) ама не чинат многу пари овие кондензаторчиња па најубаво е да земеш исти ;) :)
-
А ќе може ли да ставам кондензатори од 220nF наместо тие од 2,2nF,нема да има проблеми? :D
1+1n паралелно = 2n
-
Не 220нФ се преголеми,стави 1,5 или 3,3нФ ако немаш два х 1нФ да ставиш паралелно
-
Arhrhrhhrhrhhr >:( го направив ова пред појачало за антена ама бурек ;D,нејќе да работи т.е работи ама сликата на телевизорот е два пати полоша од предходно,значи без појачалово е подобра,а со појачалово за никаде е >:(.На универзална плочка го правев и 100% сум сигурен дека никаде нема ни ладен лем ни краток спој и се е убаво покриено со калај.Го напојувам со адаптер од 12V 500mA и џабе,за нигде е!Чаре некое :D?На местото на Q1 го ставив транзисторот BFR91,a на местото на Q2 го ставив BF199 според препораката од DX-er.И верувале или не кога обратно ќе го поврзам појачалово значи наместо влез да биде антената јас таму го приклучувам на телевизорот и сликата за некој степен е подобра ама пак е целата „рашмрљана“ ;D и едвај има некој color и 80% е прекриена со „снег“. >:(
-
Или не си врзал нешто правилно или некој дел е фалш,со гаранција.
-
Или не си врзал нешто правилно или некој дел е фалш,со гаранција.
Се е правилно поврзано.Е сега незнам колкав е квалитетот на деловите,јас од гац ги земав. :)
-
епа ондак од гац немаш квалитет ;) јас земав некои делови (транзистори) и тие воопшто не работеа >:(
-
Врзи стабилизаторче едно 7812 и види дали истото ќе се случува ;).
-
Врзи стабилизаторче едно 7812 и види дали истото ќе се случува ;).
Пробав исти к*р е,нејќе и со тоа сосема е истото и без него... ;D :)
-
Едино види да не има премногу брум од напојувањето па за тоа да се деформисува сликата
-
Не ти треба толкав- доволно 1000 мФ!.Стави подобро во + колото едно калемче :На феритно стапче 3 мм намотај 40 см жица 0,3 мм без ред и филтрирај ја со 2 блока ,пред и по калемот од 1-4,7 нФ.Евентуално да не внесеш сметњи со напојувањето.
Едино види да не има премногу брум од напојувањето па за тоа да се деформисува сликата
Пробав со сите можни комбинации,направив како што ми кажа batka да намотам 40 намотки на феритно стапче и да го филтрирам со два блок кондензатори,го направив тоа ама истото е.Дури и со тој калемот,блок кондензаторите и стабилизатор на напон 7812 истото е нема никаква разлика... :(
-
Чудно, да не се нешто транзисторите, да не имаат помала горна гранична фреквенција?
-
едино батка да го слика некое од неговите направени појачала да да видиме, може е до начинот на правење на плочката односно должина на водовите и сл.
-
едино батка да го слика некое од неговите направени појачала да да видиме, може е до начинот на правење на плочката односно должина на водовите и сл.
Незнам,кај мене секој вод е поминат со калај. :)
-
овие кондензаторите се блок така ? и дали ке можи со 220 н како шо пишаја погоре
-
Веројатно е до сигналот од кабловската.Немам можност да сликам,а сега и да сликам атачи не ми минат,па да објаснам: исто се деси и пред некоја вечер кај комшијата во другава зграда.Ним кабловската им го сменила свичот и имаат проблеми какви Дх-ер ги опиша.Дури на приклучокот фрла искра! Го смени човекот сплитерот,се поправи некое време,а сега пак исто!
Веројатно е до свичот проблемот.Ке видам кога ке го сменат,дали се ке биде во ред.
Кондензаторите се 2н2 (2,2нано фаради ,а не 220 нф = 0,22мФ!)
-
Сликата ми е лоша на телевизорот во мојата соба па ако можи некој од вас малце Ум да ми даде. Дали е изводливо сам да си направам појачало како оние по тезгите што се продаваат?? и дали ке биде квалитетно?
Споено мислење: [time]18 Декември 2010, 00:15:33[/time]
Никој ??
-
Среди го насловот, во спротивно темата ке биде избришана. Ова не ти е прв пат да имаш несоодветен наслов, следниот пат официјално ке морам да те опоменам јас или било кој друг
-
Средено.
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1957.0
-
Хаха ова е линкот од истата тема
-
Хаха ова е линкот од истата тема
Провери повторно!
-
http://www.zen22142.zen.co.uk/Circuits/rf/uhfpreamp.htm
Malecko пробај со оваа шема, само транзисторот замени го со BFR91, и кондензаторот од 2,2 пико со керамички кондензатор од 5 пикофаради, и нормално што е можно пократки водови.
Шемата ја имам направено и дефинитивно имаше некое подобрување на сликата.
-
Ова е за кабелска?? мене ми треба за обичната телевизија ке може да брка работа??
-
Ова е за кабелска?? мене ми треба за обичната телевизија ке може да брка работа??
Би требало да може и за терестријална телевизија ;).
-
Шо замена можи да се најди за транзисторите....оти ги нема...
-
Шо замена можи да се најди за транзисторите....оти ги нема...
За кои трназистори?
-
Шо замена можи да се најди за транзисторите....оти ги нема...
Пишав во постот, замена ти е BFR91, ако и тој го нема пробај со BFR96 или било кој друг високо фреквентен транзистор што има Ft барем 1 GHz.
-
јас имам таков транзистор.Извинете за оф :'(
-
Шо замена можи да се најди за транзисторите....оти ги нема...
Пишав во постот, замена ти е BFR91, ако и тој го нема пробај со BFR96 или било кој друг високо фреквентен транзистор што има Ft барем 1 GHz.
Mислам дека BFR91 е најадекватен бидејки иде над 1GHz а пак BFR96 до 500MHz, ако грешам корегирајте

Може и BFR96, оти има Ft од 3,2 GHz, само има малку послабо засилување во споредба со BFR91.