Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: batka on 09.09.2010, Thursday, 20:43:15
-
Наидов на интересна шема со 3 транзистори и кварц за 27 Мхз .Има едно калемче со 4 навојки 0,5 мм лак бакарна жица на тело 5 мм без јадро,Се напојува со +5 в стабилизиран напон и пренесува видео сигнал десетина метра.Ке пробам да го врзам на видео излезот на комп. и од УСБ да земам 5в.Значи да биде закачено на компјутер или лап топ и да ги пренесува сигналите на некој ТВ.Осцилаторот е 27,145 Х 3 =81,435 Мхз а со оној тример веројатно се регулира појачувањето на излезниот транзистор (за да не изобличува или осцилира степенот) .Се надевам дека во најблиска иднина ке го направам( на универзална плочка!) и ке го поставам со слики на сајтот.Шемата е од руски сајт(заборавив како беше! :D)
-
кај ке најдеш BF494 ? Нема никаде во МК
-
кај ке најдеш BF494 ? Нема никаде во МК
вчера баш барав еден транзистор и случајно забележав дека имам 2-3 BF494, и кој рече дека мора да биди баш тој транзистор. стави некој сличен.
еве на пример: BF 240..241, BF 254..255, BF 594..595 итн.....
-
да има замена, немам тестирано со тие но еден предавателџија од велес ми рече дека ги извадил BF494 на верониката ставил BF240 и на излез имал 4 пати помала снага.
-
Хаха јас вчера си играв со BF494 и мислам дека е спржнат :)
-
Хаха јас вчера си играв со BF494 и мислам дека е спржнат :)
што правеше?
-
некој осцилатор на 4MHz, ама не сум сигурен дали работи, можеби работи гледав на осцилоскоп даваше некој сигнал ама слаб беше, па затоа се чудам да не е спржнат