Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: Malecko on 18.08.2010, Wednesday, 14:10:31
-
Дали знае некој како се испитува CD-ROM со мултимер ама без врзано напојување на CD-ROM-мот.Ми треба едно па сакам да отидам на бувљакот да купам ефтини се по 50-100 ден ама незнам како да видам дали е исправно,а ќе носам со мене мултимер.Аny ideas? :)
-
Во принцип, само со мултиметар, нема начин да се провери дали е исправен или не (за жал). Можеш да провериш дали е исправна само напојувачката секција (мада и тоа испитување не е 100% точно, шансите се околу 50%-50% дека дури и правилно да измериш и правилно да покаже, пак може да биде неисправна напојувачката секција). А ако не го пробаш со напојување дали чита или не (што е најбитно нели, повеќето CD-ROM-ови се исправни, но проблемот е дали е ласерот исправен, дали чита, дали е запрашен, дали е истрошен кристалот итн.), во принцип земаш „мачка во вреќа“, мада од 10 купени CD-ROM-ови/режачи, може да ти се погодат 2 или 3 (скоро) сосема исправни, а да можеш да склопиш уште 1 или 2 од преостанатите исправни делови од останатите 7 или 8 ;).
-
Ок тогаш фала GigaWatt ќе видам ќе купам 2-3 па може ќе имам среќа да погодам некој исправен инаку фала за информацијата :)
-
дечки,дали на тој "бувљак"може да се најдат ладилници и изгорени аудио засилувачи?
-
дечки,дали на тој "бувљак"може да се најдат ладилници и изгорени аудио засилувачи?
може да се најде се, а за ладилници и вентилатори ги имаш на тони.
-
Не е лоша идеја да се направи некаков вид на транспортно напојувње, со акумулаторче од UPS или од мотор. Лесно може да се извадат потоа напонните за 12V-ниот rail и 5V-ниот rail од напојувањето на CD-ROM-от/режачот. Целата таа конструкција оди во ранец, од кој ви висат кабли, и на лице место го приклувате CD-ROM-от/режачот и гледате дали работи и чита дискови или не ;). Практично, нели ;).
-
Не е лоша идеја да се направи некаков вид на транспортно напојувње, со акумулаторче од UPS или од мотор. Лесно може да се извадат потоа напонните за 12V-ниот rail и 5V-ниот rail од напојувањето на CD-ROM-от/режачот. Целата таа конструкција оди во ранец, од кој ви висат кабли, и на лице место го приклувате CD-ROM-от/режачот и гледате дали работи и чита дискови или не ;). Практично, нели ;).
Да ама преголема инвестиција за само цд-ромче/режач
-
Добро да, прескапо е само за да испиташ дали е исправен CD-ROM или не, ама интересно е како идеја ;D. Може да се искористи и за испитување и на некои други уреди кои бараат напојување до 12V ;). Само што ќе треба да ти висат цел сноп од кабли и конектори од страната на ранецот, хахахаха ;D ;D ;D.
-
A да не знае некој колку ампери влече CD-ROM-от,колку кај 12V а колку кај 5V?
-
Зависи, дали е режач или обичен CD-ROM. Ако е обичен CD-ROM кај 12V-ниот rail влече од 1А до 1.5А а на 5V-ниот rail исто, од 1А до кај 1.5А (зависи од прозиводител до производител и страост на CD-ROM-от, постарите обично поевеќе струја „влечат“). Ако е режач, на 12V-ниот rail „влече“ од 1A до 2А, а слично е и кај 5V-ниот rail, од 1А до 2А (ова повторно зависи од староста на самиот режач, од производител до производител, од модел до модел, мада немам видено режач што троши повеќе од 2A по rail ;)). Сепак, има некои модели на CD-ROM-ови и ражачи што трошат и помалку од 1A по rail, на пример 0.8А или 0.9А ;).
-
Има ладилници но цените не им се фер бидејки ладилник од процесор или ладилник како во за ком. напојување или нешто поголем го даваат за 100 ден. што мислам дека е многу во споредба со други кои ми покажувале многу поголеми ладилници а ги купиле за 20 ден. Ама кога ми треба ке дадам 100ден ако нема избор.
ЦД ром да го испиташ тамо на лице место? ке ти дозволат да го отвориш пред да го купиш? Дали можеш да испиташ интегрално коло во инструмент? може и ласерот да е зезнат + механизмот....
-
ЦД ром да го испиташ тамо на лице место? ке ти дозволат да го отвориш пред да го купиш? Дали можеш да испиташ интегрално коло во инструмент? може и ласерот да е зезнат + механизмот....
Не не, како што го гледаш така го купуваш, или земи или остави :S. Порано пониски им беа цените, ама сега ептен си напукале цени зашто сите дознаа за пазарот и сите идат, а порано каога имаше двајца без тројца на пазарот беше многу поевтино :S.
-
тоа да, сега се избезобразени :(
-
Затоа мислам дека сега отпадите ни се најдобра опција, малку повеќе буричкање има и роварење низ калови, ама повеќе се исплати, може да се начекаат и многу моќни трансформатори, мотори, ладилни тела, па ако си среќлија DX-er, може да начекаш и некој ВФ транзитор од некој стара тредавателна станица ;).
-
Затоа мислам дека сега отпадите ни се најдобра опција, малку повеќе буричкање има и роварење низ калови, ама повеќе се исплати, може да се начекаат и многу моќни трансформатори, мотори, ладилни тела, па ако си среќлија DX-er, може да начекаш и некој ВФ транзитор од некој стара тредавателна станица ;).
A каде се има отпади каде има и електроника? Кога ке можеш и кога ке имаш повеке време сликни од google earth и стави слики и отвори тема за отпадите. Пред некое време еден член баш кажуваше дека добро се офајдил и дека нашол многу работи на отпад но на моето прашање каде се наоѓа отпадот не добив одговор ама претпоставувам дека тој отпад бил само за такви работи :D
-
Бојан пиша еднаш на форумов (или правевем муабет на chat, не ми текува) дека имало некој отпад во Геге и он од таму се имал земено, ладилници за процесори, трансформатори, стари плочи од уреди, се и сешто имало (добро, не буквално се и сешто, ама си можел доста работи да најдеш за доста евтина пара, само што треба малку да буричкаш ;), значи да се оставиш едно 2, 3 саати буричкајчи, а цените ги давале од шашма, немало конкретна цена за делови, како порано што беше на кило). Е сега каде точно се наоѓа, не знам, треба да го прашаме Бојан ;).
-
на мсн беше тоа...и ја ви тема за одпадот...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1845.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1845.0)
-
Не мора да ги кодираш topic-ите и post-овите од форумот ;).
-
аааах, секој линк го кодирам...
-
Знам како е, навика ;D, и јас се сепнувам во моментот пред да post-ирам и ги корегирам линковите ;D.
-
Јас на бувљакот никогаш не плаќам колку ќе кажат, секогаш се ценкам и во 90% случаи им спуштам цена ;)
-
а бе сега нешто се заинатиле, ептен малце спуштаат цена...најверојатно сум ги фаќал тие 10% што не спуштаат цена....