Македонски форум за електроника

Останато => Алат => Topic started by: laze on 12.08.2010, Thursday, 21:34:50

Title: рачка со топол воздух
Post by: laze on 12.08.2010, Thursday, 21:34:50
ова е веќе трета и конечна верзија и одлично функционира  :) повеќе од 5 месеци ,многу е лесна за изработка а делови за неа на стариот пазар под кале  ;D
(http://pic.mk/thumbs/1208201011.jpg) (http://pic.mk/?v=1208201011.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/1208201281642401.jpg) (http://pic.mk/?v=1208201281642401.jpg)

Споено мислење: 12.08.2010, Thursday, 21:40:30
еве и видео
hot air soldering gun1 (http://www.youtube.com/watch?v=NUSlyzJvKKU#)
hot air soldering gun2 (http://www.youtube.com/watch?v=JGCwMtvZ1tI#)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 12.08.2010, Thursday, 22:23:23
Ааааааа, ама оваа работи на компресор, јас планирав поедноставна да ја правам, да биде со некоја помоќна пумпица од аквариум ;).

Како и да е, супер е ;). А како ја регулираш температурата на воздухот? И каде е сместен греачот?
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: laze on 12.08.2010, Thursday, 23:00:15
Температурата ја регулирам со напонот на напојување и со протокот на воздух инаку сакав  да 
пробам со пумпа за аквариум ама веќе имав компресор со вентил за регулација на притисок .
Грејачот е изработен од грејна жица од кврацна грејалка , на видеото го напојувам со 170w.
За цевчиња најубаво е да се користат од стара антена на извлекување и тоа челични, незнам
дали може со оние месинганите али никако со алумински (се топат)  :)
 
(http://pic.mk/thumbs/smdgun.jpg) (http://pic.mk/?v=smdgun.jpg)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 12.08.2010, Thursday, 23:08:22
Браво ;D. супер си ја направил ;). Мене ми се допаѓа ептен, нискобуџетно е и може секој да го направи ;).

А греачот од што е направен, од некој стар леткум да не е земен?
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: laze on 12.08.2010, Thursday, 23:30:35
од кварцна греалка е али ајде ќе барам утре некое парче да измерам дебелина и отпорност на метар
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Bojan on 13.08.2010, Friday, 03:40:07
што е тоа како подебело цевче на крајот од леткумот (скроз десно) ??? за што служи??
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 13.08.2010, Friday, 04:28:29
Најверојатно за менување на „врвовите“ на леткумот, да може да монтираш и „врвови“ со други форми ;).
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: BorceBT on 13.08.2010, Friday, 08:13:28
Браво, одлично е направено :)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Maximusmkd on 26.09.2010, Sunday, 20:04:13
Одлично изработено секоја чест
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Baze on 27.09.2010, Monday, 21:41:22
Како пумпа за воздух може да се употреби и мотор од кујнски ладилник  :)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 27.09.2010, Monday, 21:50:50
Како пумпа за воздух може да се употреби и мотор од кујнски ладилник  :)

Фрижидер? Како ???.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Bojan on 27.09.2010, Monday, 22:21:45
па моторот што се користи за да ја движи разладната течност може да се користи и како компресор....многу луѓе имаат такви компресори правено :D
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 27.09.2010, Monday, 22:26:57
па моторот што се користи за да ја движи разладната течност може да се користи и како компресор....многу луѓе имаат такви компресори правено :D

Хмммм, не сум знаел ;), значи го празниш фреонот (или што и да циркулира таму во цевките, навистина не знам) и место тоа ќе дува воздух?
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Bojan on 27.09.2010, Monday, 22:37:32
гледаш дека свати...
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 28.09.2010, Tuesday, 10:09:16
јас имав таков компресор, сега ми остана само моторот се друго е преуредено :)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Baze on 28.09.2010, Tuesday, 11:45:27
Па просто  :) ги сечиш цевките кои го поврзуваат со ладилникот уклучваш 220 ац и средено  :) од една од цевките ке вовлекува а од другата ке дува.Со него може да се направи и пумпа за кола,нормално треба да се адаптира со ставање на црево....
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Jove on 28.09.2010, Tuesday, 18:49:33
хахахх фрижидер ке растурам дома и ке правам вакво 8) 8) ;D ;D :D :D 
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: cekaj on 28.09.2010, Tuesday, 19:17:50
Со него може да се направи и пумпа за кола, нормално треба да се адаптира со ставање на црево....

Ваков компресор користи еден мој комшија, поправа точаци и го користи за пумпање на гуми од точаци.

Он-Топик одлична алатка за тие што се занимаваат со SMD, можеби во иднина и јас ќе си направам вакво нешто, сигурен сум дека имам некој компресор од фрижидер..
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Bojan on 28.09.2010, Tuesday, 19:29:50
хахахх фрижидер ке растурам дома и ке правам вакво 8) 8) ;D ;D :D :D 


значи немора толку буквално да сватиш...има 1001 одпади и сервиси од кај што можеш да си купиш таков компресор...
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Jove on 28.09.2010, Tuesday, 19:54:37
хахахх фрижидер ке растурам дома и ке правам вакво 8) 8) ;D ;D :D :D 


значи немора толку буквално да сватиш...има 1001 одпади и сервиси од кај што можеш да си купиш таков компресор...
хахха јас ко вистина ке растура фризидер писав онака
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: SKOLS_OLD on 30.09.2010, Thursday, 16:45:45
Со него може да се направи и пумпа за кола, нормално треба да се адаптира со ставање на црево....

Ваков компресор користи еден мој комшија, поправа точаци и го користи за пумпање на гуми од точаци.

Он-Топик одлична алатка за тие што се занимаваат со SMD, можеби во иднина и јас ќе си направам вакво нешто, сигурен сум дека имам некој компресор од фрижидер..
Ај сликни го тоа компресорче!!Инаку кулллл! ;D ;D
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: nikola_bb on 14.12.2010, Tuesday, 17:53:15
пазете со компресорите од фрижидер. именот тоа се клипни уљни компресори, кога дуваат често се случува да исфрлат и капка уље(не често туку скоро секогаш), ова е решлив проблем со тоа сто ке треба пред да го внесете во дувалката да напраите некое филтерце кое би го спрецило уљето да биде оддувано врз некоја од компонентите која ја лемите/одлемувате...
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Acki2009 on 02.12.2011, Friday, 22:12:18
А дали може да кажете колкава е моќноста на грејачот кој е искористен во рачката.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: puknati on 03.12.2011, Saturday, 00:27:17
Секоја чест за изработката на рачката :o
Имам и ја таков компресор од фрижидер, го користам и за пумпање на гуми и за вакумирање фрижидери
(http://img97.imageshack.us/img97/2052/212ou.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/97/212ou.jpg/)
Да напоменам, ако е здрав компреорот, тогаш не смее да исфрли  нити капка улје, ако е монтиран моторот на фрижидер и ако исфрли улје и тоа улје се измеша со фреонот, тогаш настанува запушување на инсталацијата на фрижидерот, поточно се запушува испарувачот.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: laze on 03.12.2011, Saturday, 19:18:36
окулу 5А влече на 24в значи 120w ова некако ми се погоди најзгодно за работа инаку може и послабо
со помал проток на воздух
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 03.12.2011, Saturday, 19:26:54
јас планирам да правам нешто вака, ама ќе биде со оние малите компресори што се продаваат за 400-500 денари, се користат за пумпање на гуми на автомобил, а се приклучуваат во електричната запалка за цигари што е вградена во колата

предности на ова моето би биле, прилично мали димензии, лесно (пошто компресорите од фрижидери се прилично тешки) регулација на проток на воздух (има вграден мерач на воздух, ама тој не ми врши работа, ќе треба нешто да се прави со микроконтролер) регулација и приказ на температура, ова ќе го изведам со тоа што ќе купам рачка за замена за веќе готова станица на топол воздух (600-700 денари е рачката со се греач и термопар)

затоа прашував да не знае некој случајно карактеристики на термопаровите што ги има во рачките, нигде не можам да најдам :)

па кога ќе ги соберам сите потребни информации и делови сакам да составам нешто просто :)

---------------------
ЕДИТ
заборавив да кажам дека, ако не сака да работи со тј компресорот, односно има мал проток на воздух, има за мали пари од оние феновите на жежок воздух, ќе растурам еден таков и ќе го поставам наместо компресорот :)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 03.12.2011, Saturday, 19:42:12
затоа прашував да не знае некој случајно карактеристики на термопаровите што ги има во рачките, нигде не можам да најдам :)

па кога ќе ги соберам сите потребни информации и делови сакам да составам нешто просто :)

Јас реков дека ќе ја измерам температурно-напонската карактеристика на термопарот, ама заборавив ;D.

Мое лично мислење е дека вакво нешто не се исплати да се прави, 3000 денари е нова, Кинеска ама нова, плус, ги имам отворено овие SMD лемни станици, изведбата им е прилично добра, очекував да биде многу лоша, но се изненадив, прилично добра е ;). Од лемови до исоркористени компоненти и конектори ;). Јас сум задоволен ;). Иако, ќе напоменам дека овие што се 3000 денари се без термопар, ама тоа е тоа :S.

заборавив да кажам дека, ако не сака да работи со тј компресорот, односно има мал проток на воздух, има за мали пари од оние феновите на жежок воздух, ќе растурам еден таков и ќе го поставам наместо компресорот :)

Верувај, протокот на воздух е повеќе од доволен. Кога е ставена пумпата да пумпа на максимум и кога температурата е на максимум, со дувалката може да правите дупки низ 20mm-тарска иверка, испробано ;D.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: laze on 04.12.2011, Sunday, 02:10:03
да да се согласувам за 3000 не се исплати да се прави. Јас мојава ја склопив онака набрзина и ја користам само за одлемување. Ако се користи за лемење треба да се конструира нешто пософистицирано
со котролер и готова рачка и онака е евтина. Место компресор може да се употреби турбината и од некој стар обичен фен полесно полесно е за регулирање
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 04.12.2011, Sunday, 12:32:49
ама нешто кога ќе направиш ти не е исто со тоа што ќе го купиш
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Bojan on 04.12.2011, Sunday, 15:37:37
ѓаволе да ти најдам некоја замерка за тоа со компресорот од кола. како прво троши МНОГУ голема струја за едно моторче (5-6А, а при пуштање троши многу поголема струја), мерачот што е на него не е за проток мерење него е за притисок мерење што е во гумите, на излез тебе ти треба континуиран млаз на воздух, ама дека тој компресор има само едно клипче на интервали ке ти дува. многу е бучно, или ако најдеш некој по асален компресор па да е тивок, ама тешко тоа, па покрај тоа вибрира многу па ке треба на некои гуми да го ставаш за колку-толку да се пригушат тие осцилации...
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 04.12.2011, Sunday, 16:21:49
ѓаволе да ти најдам некоја замерка за тоа со компресорот од кола. како прво троши МНОГУ голема струја за едно моторче (5-6А, а при пуштање троши многу поголема струја), мерачот што е на него не е за проток мерење него е за притисок мерење што е во гумите, на излез тебе ти треба континуиран млаз на воздух, ама дека тој компресор има само едно клипче на интервали ке ти дува. многу е бучно, или ако најдеш некој по асален компресор па да е тивок, ама тешко тоа, па покрај тоа вибрира многу па ке треба на некои гуми да го ставаш за колку-толку да се пригушат тие осцилации...
знам дека тој мерачот е за притисок на гумите, јас ќе му вградам за проток да мери

а викаш со овај компресорот не би можело да се прави :(
треба да барам сега по нет некој друг

@ Гига, кај најде лемило за 3000 денари ?
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 04.12.2011, Sunday, 17:23:14
ама нешто кога ќе направиш ти не е исто со тоа што ќе го купиш

Мене исто ми е ;D. Барем за алат кога станува збор, подобро да купам одколку да правам, сум правел алат и на крајот пак сум морал да купувам ;) ;D. Купено и правно не е исто и правам алат само кога немам друг избор и кога го нема да го купам тоа што ми треба ;).

а викаш со овај компресорот не би можело да се прави :(
треба да барам сега по нет некој друг

Неколку пати спомнав, ова евентуално може да се изгради со моќна пумпа за аквариум, принципот на работа на компресорот во оригиналните лемни станици е тој. Единствен начин да се исплати како проект за самоградба е тој. Пумпи за аквариум има насекаде, така да, секој може да најде и да купи една. Е сега цената, тоа е друг проблем :S. Не знам која цена се помоќните, ама знам дека не се евтини (околу 1000 денари беа порано, сега не знам која цена се :S). Така да, кога ќе ставиш се на кантар, пак мислам дека не се исплати :S.

@ Гига, кај најде лемило за 3000 денари ?

Па во Алфа, на спрат горе, баш ги гледав, лемна станица само со SMD дувалка, без обичен леткум е 3000 денари. Единствен недостаток е тоа што го кажав, тие лемни станици немаат термо сензор, само со обичен 555 се изведени за да ги даваат сигналите за греење на греачот (може и некое друго коло да беше, ама слична функција како 555 има ;)).

Во самоградбата на ваков тип на станици најголем проблем е компресорот и каде да се најде. Ќе претпоставам дека ќе најдеш некој компресор кој може да биде адекватна замена и ќе претпоставам дека е евтин (на пример до 500 или 600 денари). Ако на ова ја додадам и цената на рачката од 600 или 700 денари, цената на деловите за да се направи, кутијата, потенциометри, LED дисплеи за прикажување на температура, контакти, црево за воздух, трудот, маката, баждарење... сума сумарум, според мене не се исплати. Да поправаш веќе купечка некоја, да, се исплати, ама да правам вакво нешто од нула, не. Дури и да најдеш адекватно компресорче, само на тебе ќе ти врши работа бидејќи тој тип на компресори ги нема секаде да се купат, а и ќе ги снема од пазарот за некое време (знаеш како е кај нас, се носи определена роба определен временски период и потоа ја снемува) и потоа проектот ти е неупотреблив :S.

Не ме сваќајте погрешно, не сум против самоградба на вакви работи, ама онаму каде што се исплати маката и трудот, за ова не верувам дека ќе се исплати.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 04.12.2011, Sunday, 17:27:02
нема во алфа повеќе такви станици, барем јас долго време не сум видел
сите се сега со дисплеи кој покажуваат моментална темепратура со регулации со глупости и коштаат околу 5000 денари

кутја црева и станато добиваш од компресорот кој кошта 400 денари, тебе ти треба само контролата и дисплеите да ги направиш
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 04.12.2011, Sunday, 17:30:27
сите се сега со дисплеи кој покажуваат моментална темепратура со регулации со глупости и коштаат околу 5000 денари

Па пак се исплати, во Скопје истиве се 7000 денари, 2000 денари поевтини се во Алфа ;). Со додатна обична лемна станица се или само со SMD дувалка?

кутја црева и станато добиваш од компресорот кој кошта 400 денари, тебе ти треба само контролата и дисплеите да ги направиш

Епа ајде стави слика да видам како изгледа тој компресор, па ќе видиме дали може нешто да се прави со него ;). Ако може, зошто да не, го има во продажба (претпоставувам) скоро секаде и најверојатно ќе го има уште долго време, така ;)?
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 04.12.2011, Sunday, 18:22:58
мислам дека тие со додатно лемило се 7000 денари
а овие глупите само фенот што им е е се по 5000 денари

го има скоро сегде, мислам дека го имаше во еуротулс ама таму па беше 550-600 денари, по овие продавачите по тезгите низ пазари може да се исценкате до 400 деанри :)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 04.12.2011, Sunday, 19:09:18
мислам дека тие со додатно лемило се 7000 денари
а овие глупите само фенот што им е е се по 5000 денари

Аха, епа прашај ги дали може да отвориш една рачка и да провериш што има во тие од 5000 денари. Ако има термопар на врвот од греачот, тогаш тие се ОК и мислам дека не е прескапо за 5000 денари SMD лемна станица со термопар ;).

го има скоро сегде, мислам дека го имаше во еуротулс ама таму па беше 550-600 денари, по овие продавачите по тезгите низ пазари може да се исценкате до 400 деанри :)

А имаш слика да видам како изгледаат? Само ме интересира, зошто ако навистина се толку евтини и може лесно да се прилагодат за овој проект, зошто да не ;), севкупно деловите би ве фатиле околу 1500 до 2000 денари, а пак можете да имате прилично солидна SMD дувалка ;).
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 04.12.2011, Sunday, 19:28:17
да лемилата се со термопар, и со дисплеи напред :)
регулација на проток на воздух и температура и приказ на температурата на воздухот
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: batka on 04.12.2011, Sunday, 19:57:00
Во право е Девил.Јас за дуќан земав некоја си ВЕВххх со СМД лемилица и рачка со топол воздух. Коки од втора ја прегоре ( греачот во рачката отиде) па интервениравнме за нов греач и сега е во ред.Има дисплеј со тастери за подесување температура и засега е добра. Врвот на СМД лемилицата не  е ништо здраво,па мора да барам нешто поквалитетно.Цената беше околу 5000 ден+ ПТТ.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: SKOLS_OLD on 04.12.2011, Sunday, 20:13:02
го има скоро сегде, мислам дека го имаше во еуротулс ама таму па беше 550-600 денари, по овие продавачите по тезгите низ пазари може да се исценкате до 400 деанри :)
мислиш на компресорче што се приклучува на запалката во автомобил?Тоа е 550-600 денари?Ако збориш за рачка за дувалка со термопар на пазар дека има јас никогаш немам видено.Иначе одма проверувам утре на пазар ако зборуваш за рачка за дувалка  ;D
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 04.12.2011, Sunday, 20:23:12
да за таков компресор зборувам, тој може да се најде и за 400 денари, а рачките за замена што се продаваат за лемните станици (со топол воздух) коштаат 600-700 денари, и во ним има вграден термопар и има црево низ кое се пуштени жиците од термопарот и од греачот, истото црево се користи и за протокот на воздух
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: stefanjanevski on 04.12.2011, Sunday, 20:41:54
Значи се вкупно за да си средиш една дувалка ќе те кошта некаде 1500 денари, што и не е многу скапо кога ќе видиш каква работа врши :D
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 04.12.2011, Sunday, 22:10:12
да лемилата се со термопар, и со дисплеи напред :)
регулација на проток на воздух и температура и приказ на температурата на воздухот

Епа тогаш, јас мислам дека за 5000 денари се исплати ;). Мислам дека е добра зделка ;).

ПС: Како што немаме избор, одлична зделка е ;D.

Во право е Девил.Јас за дуќан земав некоја си ВЕВххх со СМД лемилица и рачка со топол воздух. Коки од втора ја прегоре ( греачот во рачката отиде) па интервениравнме за нов греач и сега е во ред.Има дисплеј со тастери за подесување температура и засега е добра. Врвот на СМД лемилицата не  е ништо здраво,па мора да барам нешто поквалитетно.Цената беше околу 5000 ден+ ПТТ.

И јас имам една изгорено, нормално е тоа, особено ако прв пат работиш со така опрема. Јас ја ставав на максимум лемилицата, не заев колкав проток на воздух ќе ми треба, колкава температура, за колку време се загрева определена компонента и се одлемува... дур го дознаам се тоа експериментрав и изгорев еден греач. Да се разбереме, сепак, греачиве се Кинески, така да, не очекувајте превисок квалитет, ама освен греачот (да чукнам во дрво ;D), се останато е тип топ ;).
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Acki2009 on 07.12.2011, Wednesday, 14:02:51
Ако сакате поставете подетални информации околу грејачот, дебелина на грејачот, должина отпор итн.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 07.12.2011, Wednesday, 15:28:12
Ако сакате поставете подетални информации околу грејачот, дебелина на грејачот, должина отпор итн.

Јас еднаш поставив нформации, еве ја темата во која се дискутираше околу тоа:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2942.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2942.0)
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: MKD-Boy on 15.11.2014, Saturday, 21:58:46
Devil, сори што пишам во стара тема...
Но што направи со тоа што велеше дека ке направиш, дали ја направи лемилицата на топол воздух?!
Ако ја направи дај баш кажи што и како ако не ти е мака, или дајте некој предлог поедноставен.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: dr-mr on 15.11.2014, Saturday, 22:02:27
за станица на топол воздух види тука.
Code: [Select]
http://radiokot.ru/forum/viewtopic.php?f=25&t=44436&start=0страната е на руски
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: Devil on 15.11.2014, Saturday, 22:38:18
За жал не ја направив, поради тоа што нарачана ми е од интернет (aliexpress) за околу 40$, рачка со вграден мотор, исто на рачката има и вградена регулација за температурата и протокот на воздух, така да, сега за сега не сум во план да правам нешто вакво, иако сеуште ја имам идеата за тоа да го направам :D
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: MKD-Boy on 15.11.2014, Saturday, 22:54:41
Ќути, гледам има во алфа електроник БТ, по 4000-5000 денари и по 7000-8000 денари..... ама некако не ми се зема, повеќето ми се експериментира, односно до душа и да правиш сам фаќа скапо.. но сепак финтата е „НАПРАВИ САМ“ и сепак барем ке знаеш ШТО КОРИСТИШ! а не некое си кинеска играчка за 2-3 употреби, како што ја имам моменталнава на која му цркна пумпата и греачот..

П.с озбилно ја сваќам работава за лемилицава, бидејќи моментално не можам да ги сервисирам лаптопите, па трчам по електроничари, за да прелепам чипови, јбг..
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 17.11.2014, Monday, 07:36:03
До сега немам чуено кај некоја од овие кинескиве да цркне моторот од пумпата, а за греачот, тоа е позната работа кај Кинескиве лемни станици. Има финта како да си го продолжиш животот на греачот ;). Полека ќе ја зголемуваш температурата, во градиенти од максимум неколку степени и ќе почнеш од минимум (би требало да е 100 степени целзиусови).

Озвен тоа, изгорени греачи лесно се репарираат, под услов да не се изгорени на многу места. Само преспои ги деловите кои се изгорени и пак ќе работи греачот ;). Јас неколку пати го имам репарирано така мојот греач ;).
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: MKD-Boy on 17.11.2014, Monday, 11:47:09
Ете така, прегоре, ја пуштив чекав да почни да дува салам топол воздух, но во моментот почна да дува, дојде еден човек 2 секунди дури да го испратам, и гледам дека од рачката воздух не дува, гледам дека и рачката е веке во фаза на ладење, пробувам ја гасам од струја, ја пуштам пак, џабе... ја отварам внатре проверувам електрониката во ред беше се,само имаше 1 кондензатор подујан, го сменив него, пак исто, пробувам да видам дали е во ред пумпата, и испадна дека е таја, а дефинитивно и рачката е прегорена, затоа што не грее ич, сепак мислам дека и да не дува воздух, пак рачката треба да си грее.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: GigaWatt on 17.11.2014, Monday, 19:21:45
Можно е тој подуен електролитски кондензатор да бил некаде во секцијата за контрола на јачината на дување на пумпата и тој да го предизвикал целиот проблем. Пумпата престанала да пумпа воздух, греачот прегреал и изгорел, а можно е и триакот за контрола на греачот да изгорел... или оптокаплерот... кој знае, треба да се види.

Во секој случај, не мислам дека е изгорена пумпата. Би се обложил на електрониката за контрола на пумпата.
Title: Одг: рачка со топол воздух
Post by: batka on 18.11.2014, Tuesday, 00:07:41
И јас не сум сретнал изгорена пумпа досега.Провери  дали воопшто доаѓа напон до неа.Греачот за тоа време може и исклучен да биде.