Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Антени => Topic started by: batka on 11.08.2010, Wednesday, 17:26:04
-
За оваа антена која буквално личи на ќоше (корнер) добив многу пофалби од колеги и пријатели кои ме уверуваат дека со неа постигнале квалитетен домет,сигурна врска итн. Еве ги нацртите и прашувам дали има некој искуство во МК во работа со оваква антена?
-
А за што е оваа антена ?
-
А за што е оваа антена ?
За Wi-Fi мрежи :)
-
проверена работа друже имам монтирано преку 200 вакви накаде до 15-16 дб имаат засилување
-
проверена работа друже имам монтирано преку 200 вакви накаде до 15-16 дб имаат засилување
ако може нешто околу материјалот од кој ги имаш правено овие антени
што користиш алуминиумски, месинган или бакарен лим и за овие пасивниот и активниот елемент какви прачки користиш и каде набавуваш ако не е тајна
-
Алуминиум,најдобро ситна мрежа за рефлекторот.и ал цевчиња за другото.
-
ми изгледа комплицирано за изработка пошто треба да се заварат алуминскиве парчиња а тоа е малку специфично во смисол на алат а и незнам каде би да барам ваква ал. мрежа
а онака информативно доколку ти нарачам ваква антена дали би можел да ја направиш и колку би ме чинело тоа задоволство ;D
-
Немам материјал моментално.Оди по нацртот и нема да има проблем ако се држиш до димензиите.Имаш мислам комплет нацрт на сите елементи,со растојанија меѓу нив.Алуминиумот(или мрежата!) треба да се искрои од едно парче 740 Х 740 мм .Може механички да се спои со нитни штрафови или со пункт апарат. Цевчињата се поставуваат во отворите :рефлектор-пасив со штраф,а другото директно оди на конектор со лемење ако е од бакар. Нема некоја филозофија.Имаш и шема на држач под 45 степени .Се насочува кон сигналот кој се прима .Пробан домает околу 1400 метри.
-
уффф вака немам никакво лимче дома.. отприлика по отпади ваму таму кога би побарал колку би ме коштало.
-
Не знам точно: ако е лимот на кило не би требало повеке од 200-250 ден да биде,коаксијалниот утикач м+ж 200 околу 450-500 ден треба се да чини.
-
конекторот е нај скап, јас го купив 350-370 денари во логинг + кабел (глеј што по краток)
-
Антена како антена, на секој му текнува нешто, и не дека е изум, само мала преправка од веке некој докажан производ. Но добро е и тоа што има иновативни луге кои мислат нешто. Незнам што има посебно на антенава, има само рефлектор, кој го зголемува приемниот сигна, дел од енергијата која се зрачи од задната страна на антената тој ја рефлектира кон напред. За оваа работа многу поголем приме ке има со рефлектор како сателитските антени (чинија), а веке ако треба насочена антена со голем домет тогаш антената се прави како дел од брановод со што се искористува целото зрачење од сите правци. Оваа антена е за насочено зрачење, и од наведените антени за насочено зрачење е многу послаба. Најверојатно и не се ни исплати да се прави ваква антена.
-
Тие од ЛОГИН ве колат ! Ако антената не е добра зошто што работи на 1400 метра далечина,без специјални додатоци,посебни услови!??Само треба оптичка видливост. Најди ми поевтина шема,ке ја наравам и таа.
-
Тие од ЛОГИН ве колат ! Ако антената не е добра зошто што работи на 1400 метра далечина,без специјални додатоци,посебни услови!??Само треба оптичка видливост. Најди ми поевтина шема,ке ја наравам и таа.
Цената на секоја антена е релативна работа, завис што јас имам дома од алат и матријал и секој друг. Цената на антена како дел од брановод со контрукција е многу слична, а и со цена а е барем 5 пати поефективна од оваа. И патем не наведе со која снага е искомуницирано на таа далечина, и кој е процентот на успешни пакети, многу работи се недефинирани а збориме за домет. Со оваа конструкција која е максималната снага што може да се израчи, а која е максималната кај брановод (мислам дека беше окулу 2KW на 2.4GHz што за оваа антена е апсолутно незамисливо). А ако збориме за добри антени има паметни антени кои се барем 2 пати поефективни од брановод, и барем 20 пати поефективни од оваа конструкција. Но нивната цена е сеуште многу висока за комерцијална употреба. А дали некој има потреба од вака насочена антена, тоа е друго прашање кое не го продискутиравме.
Споено мислење: 18.11.2010, Thursday, 11:11:01
А и патем кој го спомна логин? Ако некој сака да си купи нека повели слободно, тука збориме за самоградба.
-
Зборувам за 370 ден за коаксијален утикач.Да е позлатен не би бил толку скап.
Овде сепак зборуваме за корнер антена која не треба во самоградба да биде поскапа од 500 ден.а за нејзините ефекти само убави зворови.Ако ја направите солидно(механички) ке имате добар домет.