Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: SKOLS_OLD on 09.08.2010, Monday, 01:06:55
-
Здраво радио аматери и професионалци!!Купив еден РФ предавател хибриден поточно кој работи на фреквенција од 433.92МХз но сега нешто ме мачи околу него,незнам како да го поврзам на микроконтролер бидејќи не ги знам пиновите!!Ве молам помош!!
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1793.0;attach=833)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1793.0;attach=835)
-
Овие се готови модулчиња, малку личат на интегрираните готови модулчиња, барем по распоредот на пиновите ;). Ако можеш да направиш подобри слики од него би било супер, да се види распоредот на компонентите и кои компоненти ги содржи (мислам дека видов некое интегрирано коло, ама не сум сигурен, сликите се матни :S).
Ако некој однапред знае и користел ваков предавател, нека пише ;).
-
Пробај на страницата на бугарите: comet.bg да најдеш има повеќе типа на модули со datasheet-ови за нив, може ќе најдеш некој сличен на овој или со ист распоред на пиновите.
-
има на форумот еден колега и мислам дека тој знае бидејки и тој се интересираше за овие модули па ке ти каже. Иначе од каде ги купи и колку пари те фатија модулите?
-
Еве ти даташит за него, ми требаа 10тина секунди да го пишам во гугл името само и првиот резултат беше точниот :)
http://www.ekt2.com/_files/142%20HFTX433SAWIA.pdf
-
А таму што пишува input mod.Vc>8V и Vc<8V што се тие два влеза дека ме бунат!!И како да го поврзам на микроконтролер бидејќи тие ако се влезови (два се) како да ги користам!?? :-[ :-
Споено мислење: 09.08.2010, Monday, 12:39:58
Ми ги донесе татко ми,незнам од каде му се!! :( :(Ако сака некој ќе му речам на татко ми да ми донесе уште!!
-
А таму што пишува input mod.Vc>8V и Vc<8V што се тие два влеза дека ме бунат!!И како да го поврзам на микроконтролер бидејќи тие ако се влезови (два се) како да ги користам!?? :-[ :-
Споено мислење: 09.08.2010, Monday, 12:39:58
Ми ги донесе татко ми,незнам од каде му се!! :( :(Ако сака некој ќе му речам на татко ми да ми донесе уште!!
Тоа ти се влезови за модулиран сигнал или пак импулс од микроконтролер. Едниот ти е за влез помал од 8 волти а другиот за влез поголем од 8 волти. Користи го тој што е помал од 8 волти (оти uC дава логички 5 волти) и донесувај му импулси за тоа што сакаш да предава.
Јас сум заинтересиран, но може да ми ја кажеш по која цена се снабдува таткоти со овие ?
Поздрав.
-
имаше во еденпостар број на емитер нешто за контрола на 2 мотори со помош на микроконтролер и вакви модули, се користеа 2 PIC16F84A како главни делови
ти она што сакаш да го пратиш преку ова со помош на микроконтролер треба да биде направено во така да, да се испраќаат кодови, а на приемната страна да имаш нешто што ќе ги препознава тие кодови и декодира, исто треба да имаш и приемен модул од 433МХз за да може да работиш,
input mod.Vc>8V и Vc<8V
се влезови каде треба да се носи сигнало,т, на нив НЕ смее повеќе од 5В!! да се донесе
икажи која е цената
-
Фала ти за брзиот одговор!! ;D ;D
Татко ми ќе го прашам кога ќе дојде од странство (работа ;D),додека приемникот го земав од електронинвест!!! 300ден. со попуст дека затвара!!
-
само пази кај овие треба да ја погодиш модулацијата, ФМ/АМ точната работна фреквенција 433, 27МХз и слично
пошто нема да работи инаку ;)
-
А како да ја нагодам фрекфенцијата и како да наместам да биде на АМ или ФМ???Во програмата на микроконтролерот??? Или со некој тример кондензатор??Ако не се лажам!! ??? ??? :o
-
не, самите модули си се за различна фреквенција нема ти ништо да менуваш, пошто треба модулот да го расипиш ;D
затоа кога се купуваат треба да се праша за која фреквенција се и каква модулација