Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: BorceBT on 11.07.2010, Sunday, 23:26:24
-
Конечно дизајн на ФМ буба со користење на кристал.
-
Одамна има дизајни за предаватели со кристали (зборам за 87-108 МХз). Се што е потребно е осцилатор + мешач + модулатор :)
Сепак на ова фрекфенцијата ќе е стабилна како камен.
-
Ова е одлично нешто! Тука нема мрдање фрекфенција, не треба ни PLL ни FLL
-
Се знае сто е добро мајстори! Нема ништо добро без ПЛЛ! Оставете ги овие ваши кристали,ама не пишувајте напамет работи за кои не знам колку искуство имате! И внимавајте- секое појавување во етер сноси законски консеквенци!!
-
знаеме дека е незаконски да се пуштаат во работа предаватели,
но замисли сега ти ова
незнам од кај си но да претпоставам ( на пример ова ) дека се наоѓаш во скпје, во скопје во улицата( зградата ) каде што живееш пример има 10 фамили кои имаат бебиња, од тие 10 фамилии 5 имаат бебефони ( или како се викаат) значи тие 5 фамилии треба да одговаараат кривично пред законот ?
или треба да платат лиценца од незнам колку пари за да ја ги користат ?
ние не планираме да зрачиме со денови и месеци, на кратко колку за тест
а доколку има некој повеќе пари слободно нека си отвори радио

Така е!
+ Ние правиме тестови на отпорник а не на антена.
-
Денес ми донесоа еден полуготов предавател ,ефтин и погоден за почетници,Проблемот е што малиот немаше кварц за 27 Мхз,па му дадов еден за 27,145 Мхз.Пред вечер ми се јавија дечките дека проработел и го испробале до 200-300 метри со обична жица место антена ,а како приемник бил МП4 со радио! Се уште не сум го видел на дело,со напомена дека во излезот ставиле 3866.Еве шеми.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1627.0;attach=2541)
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1627.0;attach=2543)
-
a ти кажаа каква е стабилноста?
-
Не сум чул јас да оценам,ама рекоа дека на 300м се слушал говорот од ТВ апаратот во собата,а тие биле на балкон! :D :D :D Не можам да кажам,ама со оглед на кварцот верувам дека ке има некој среден солиден степен на стабилност.Ако ме разбираш!? ;)
-
Ова е истата шема што ја има post-ирано Borce, со кварцен осцилатор. Само што таа беше со цел текст ;).
-
темите се споени бидејки и двете се за ист предавател
-
Се извинувам,не сум видел дека Борче имал веке постирано ваков предавател!Ама сепак искуство : со 27,145 се добива фреквенција околу 108 Мхз.Доколку имате некој добар ФМ радио приемник можете да го *растегнете* бандот и никому да не сметате,со раздесување на локалниот осцилатор кој е во метален оклоп и обично има црвена или жолта боја.Не земајте го ова здраво за готово,ако кај вас има друга боја! Значи ,кога ке го добиете сигналот поместете го осцилаторот и ако епотребно и излезете надвор од опсег.Нема никому да сметате,а верувајте и нема никој да ве слуша! ;)