Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: GigaWatt on 19.08.2021, Thursday, 20:42:23
-
Барем ова треба да стои наместо празен простор под алуминиумскиот држач/панел ;). И вака крева накај 60 степени, ама барем не се 90, 100 ;) :P.
(https://i.imgur.com/L6nrIkY.jpg)
(https://i.imgur.com/hHHVuP1.jpg)
-
Вака отворена ќе ја оставиш? ???
-
да се луфтират
-
па кај и е напојувањето??? или на плочката кај што се ЛЕД диодите е напојувањето???
-
Вака отворена ќе ја оставиш? ???
Па не, не планирам во продажба вака да ја давам ;D ;D ;D.
Што има везе ;)... нема сигурно јас да брцам прсти во неа, јас ја правев, а и да ја дадам на некој, само ќе му речам да не ја става на достапност на раце на деца да биде и тоа е тоа ;). Шасијата не е врзана со нулата (винтот) од сијалицата, проверив, врската е пластична ;).
да се луфтират
Да, тоа плус, нормално ;).
па кај и е напојувањето??? или на плочката кај што се ЛЕД диодите е напојувањето???
Да, слично на COB се изведени, еден грец, електролит 6.8uF/400V и драјверот PT4515, толку :).
(https://i.imgur.com/shM0bVb.png)
Работи и без кондензаторот од 6.8uF по грецот, ама трепери, па затоа, подобро е да стои ;).
Овие се оние ефтинине LED сијалици во КАМ што се продаваат, 75 денари една, вреди да се преправи за таа пара ;). Прилично јако светат, 12W им е вкупна моќност на LED-овите, по 1W е една LED диода ;).
Но да, без ладилно тело, откажуваат за неколку месеци :-\... а и логично е, нема кај да се ладат. Конкретно на оваа сијалица, почна да и откажува една LED диода, поради прегревање, па целата сијалица трепереше (пали-гаси по 3, 4 пати во секунда, трепкаше). Не се замарав која LED е бидејќи така правеше само кога ќе загрееше. Ја пробав со ладилново тело, не трепереше и така ја оставив, нека тера така ;).
Најдобро е, ако веќе земате вакви, веднаш да ги модифицирате вака, бидејќи, кога тогаш, ќе откажат, дали за 2, дали за 3 месеци, ќе почне некоја диода да откажува, а вака, со ладилно тело, мака немаат, ќе си тераат практично вечно ;).
Истиот проблем го имаат и LED панелките, ама тие имаат поголема алуминиумска плотна, па подолго ќе траат (година, две, три... зависи), но ако им ставиш и на нив адекватно ладилно тело, и они практично вечно може да тераат :).
-
Јас од Стокомак земав некои по шеесет и нешто денари, еве ги веќе втора накај трета година тераат и гајле немаат, ко ќе прегорат за тие пари ич не им се замарам, дури нема ни за делови да ги растурам, директ во канта идат :D.
-
Од ЛЕД панелите трафото гори во 99% од случаите
-
Јас од Стокомак земав некои по шеесет и нешто денари, еве ги веќе втора накај трета година тераат и гајле немаат, ко ќе прегорат за тие пари ич не им се замарам, дури нема ни за делови да ги растурам, директ во канта идат :D.
Евентуално тој драјверот за LED-овите што е, тоа се исплати, може да издржи многу LED во серија, може и custom LED напојувања да си правиш ;).
А за LED сијалиците... јас баш ги земав поскапите, као демек ај, подобри да не се случајно, послаби LED диоди можеби, или помалку греат, поголема ефикасност имаат... изгледа подобри се тие поевтините :D. Земав и такви денес, баш расклопив една, послабо малку светат од овие поскапите, ама па и помалку греат така да, изгледа подолг век имаат :P :D.
Од ЛЕД панелите трафото гори во 99% од случаите
Хм, јас пак друго искуство имам... т.е. не јас лично, вујко ми, ама може само шкарт LED-ови да му се погодиле, кој знае :P :D.