Македонски форум за електроника

Други технологии => Сè останато => Topic started by: Nikol4e on 29.05.2021, Saturday, 15:44:24

Title: Машина за виткање арматура
Post by: Nikol4e on 29.05.2021, Saturday, 15:44:24
Здраво форумџии

Размислувам како да направам машина за виткање арматура во спирала со максимална дебелина 8мм. Најчесто би виткал 5 или 6мм , но би сакал да имам некоја резерва, па оставам до 8мм. На англиски се вика scroll bending machine.
Конструкцијата колку толку ја имам во глава, ќе седнам деновиве на компјутер да ја направам, но, кочам кај делот со електро моторот. По некои мои видувања, ќе ми треба мотор, кој со помош на педаља/тастер, ќе се врти во двете насоки. Односно, стискам лева педаља, се врти лево, и обратно со другата. Исто така, не знам каков мотор да барам, со која јачина, со или без редуктор, бидејќи се работи за многу мала брзина на вртење. Дали ќе издржи 2/3 саати на ден мачење моторот, ако се врти, те лево, те десно.
Продаваат на интернет вакви машини, кои најчесто се од градилиште и се утепани од работа, и со високи цени. Железо имам, заварување знам, само електро мотор и пропратни ситници ќе ми требаат.
Постот е долг, не знам како пократко да ја опишам ситуацијата.

Поздрав форумџии.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Zan on 29.05.2021, Saturday, 17:52:42


Вакво нешто ти треба?
Во секој случај моторот треба да биде со редуктор. Најдобро би било со трофазен мотор. За јачината не знам, зависи од редукторот и од оптоварувањето.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Nikol4e on 29.05.2021, Saturday, 18:31:10
Потполно истото, за слична работа. Виткање рачно не е тешко, ама кога ќе треба 200 парчиња да се свиткаат, болат рацете.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Zan on 29.05.2021, Saturday, 23:18:18
Code: [Select]
https://www.facebook.com/B-O-Tools-102442795360605/photos/pcb.115858760685675/115858057352412
(https://i.postimg.cc/7h2Lt9w1/33792343388546.jpg)

Можеби ваков мотор ќе ти заврши работа.
Моторот е монофазен, со редуктор и се менува насоката на вртење.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 29.05.2021, Saturday, 23:39:23
Исто така, не знам каков мотор да барам, со која јачина, со или без редуктор, бидејќи се работи за многу мала брзина на вртење.

Мора да има редуктор... инаку, нема шанси моќноста да ја извадиш.

Ако планираш да ја користиш „за по дома“ (од време на време), може и рачна да ја направиш со пренос (редуктор), но ако е за во употреба во погон (фабрика, редовно користење), да, се разбира дека ќе мора со мотор да биде, инаку... ќе треба некој батка да си најмиш само за вртење ;D ;D ;D.

Најдобро би било со трофазен мотор.

За најдобро, да... за најкомплицирано, од аспект на „мали погони немаат секогаш трофазни приклучоци, т.е. пуста Македонија и зависи во кое село/населба/предградие ти е погонот ::)“, да, апсолутно е.

Јас би одел со монофазна верзија, без разлика на тоа дали си сигурен дека ќе имаш трофазен приклучок онаму каде што ќе работиш или не. Не знаеш дали некој ден ќе се селиш од тие простории или не... плус, знам и ситуации каде што им пуштиле „трофазна стуја“, која е всушност монофазна, од трафо станицата истата фаза ја делат на три кабли и „бујрум дечко, имаш трофазна 8)“ ::)... обичен смртник никогаш нема да ја забележи разликата, на таа карта играат.

За јачината не знам, зависи од редукторот и од оптоварувањето.

Искрено... мислам дека до кај 1KW мотор би завршил работа ;)... да, со редуктор, се разбира.

Сега баш ми текна :). Мотор со редуктор од стара градежна електрична дигалка со сајла ;). Се разбира, ќе треба да се преправи се тоа, но брзината на вртење им е прилично спора ;). Можеби има некои и со подеслив редуктор, за да биде брзината уште поспора, немам разгледувано искрен да бидам...

Code: [Select]
https://bois.com.mk/product/elektricna-digalka-900w-ingco/
(https://i.postimg.cc/wjc1dwJ0/EH-5003-4.jpg)

Имаш вакви и поевтини, не мора баш оваа да биде ;). Оди напред и назад и лесно може да се преправи рачниот тастер во ножен ;).
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Nikol4e on 29.05.2021, Saturday, 23:48:25
Не ми текна на ваков мотор. И мене ми рекоа исклучиво трофазен мотор, за среќа имам трофазна струја во работилницата. Дали самото вртење лево/десно, ќе влијае на моторот или склопката, од аспект на често расипување или прегорување?
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 30.05.2021, Sunday, 01:44:01
Дали самото вртење лево/десно, ќе влијае на моторот или склопката, од аспект на често расипување или прегорување?

Па... што знам... да бидам искрен, овие мотори и не се наменети да се користат во континуитет по час или два, наменети се за „од време на време крени-спушти“... значи краткотраен голем товар... можно е да треба да ги ладиш дополнително (со кулери до нив, бидејќи телото им е метално/алуминиумско, со ребра, наменети за ладење).

Тоа од електричен аспект, а од аспект на преносот... се зависи од изработката... на крајот на краиштата, ако е на ново, сите доаѓаат со барем една година гаранција. Ако го преправаш, преправи го да можеш пак да го склопиш во првобитна состојба, па играј на карта на гаранцијата ;D ;D ;D. Ако во рок од една година континуирана работа, не се зезне преносот, најверојатно ќе тера долго ;).
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: bicikle on 30.05.2021, Sunday, 01:58:33
земи мотор од машина за перење, ако имаш простор за брзината т.е. ако немаш одредено норма. редуктор се става накнадно. А може и ременицата да ја искористиш плус запчаник. Можда неопходно е куплунг да наместиш.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 30.05.2021, Sunday, 12:27:14
земи мотор од машина за перење, ако имаш простор за брзината т.е. ако немаш одредено норма. редуктор се става накнадно. А може и ременицата да ја искористиш плус запчаник.

Нема моќ тој мотор. Синхрон е, џабе. Треба екстремна редукција да се прави. Ременицата нема да брка работа, ќе шлајфува. Плус, не знам дали има контра за центрифугата.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Zan on 30.05.2021, Sunday, 12:38:05
Не ми текна на ваков мотор. И мене ми рекоа исклучиво трофазен мотор, за среќа имам трофазна струја во работилницата. Дали самото вртење лево/десно, ќе влијае на моторот или склопката, од аспект на често расипување или прегорување?
Доколку имаш работилница и имаш редовно работа, тогаш вреди да инвестираш во квалитетен и моќен трофазен мотор.
Не би требало да има проблем со дефекти.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: dr-mr on 30.05.2021, Sunday, 15:46:42
Доколку ти е за секојдневна работа и правење пари, разгледај какви мотори користат фабричките машини за таа намена и купи мотор со такви карактеристики.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: mikromk on 30.05.2021, Sunday, 16:16:03
Професионалните машини за виткање користат хидро мотор,значи имаат комплет хидрауличен агрегат .На овој начин иаат потполна контрола на брзината на виткање и агол на виткање.Има и машини со ЦНЦ контрола и 3д виткање.
Ако е за обично виткање треба да најдиш мотор-редуктор  со снага од 1,5 кв и 20 до 30  обртаи во минута.
Најдобро решение е мотор-редуктор во склоп затоа што лежаите на излезното вратило се димензионирани за моментот кој го дава редукторот .
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Nikol4e on 30.05.2021, Sunday, 16:43:50
Гига, треба like копче да ставиш.

Најдов на реклама5 неколку души што продаваат електромотори, ќе ѓи контактирам деновиве.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: bicikle on 30.05.2021, Sunday, 18:59:06
земи мотор од машина за перење, ако имаш простор за брзината т.е. ако немаш одредено норма. редуктор се става накнадно. А може и ременицата да ја искористиш плус запчаник.

Нема моќ тој мотор. Синхрон е, џабе. Треба екстремна редукција да се прави. Ременицата нема да брка работа, ќе шлајфува. Плус, не знам дали има контра за центрифугата.
и тој ингко мислам дека е синхрон. Затоа предложив со куплунг.
Професионалните машини за виткање користат хидро мотор,значи имаат комплет хидрауличен агрегат .На овој начин иаат потполна контрола на брзината на виткање и агол на виткање.Има и машини со ЦНЦ контрола и 3д виткање.
Ако е за обично виткање треба да најдиш мотор-редуктор  со снага од 1,5 кв и 20 до 30  обртаи во минута.
Најдобро решение е мотор-редуктор во склоп затоа што лежаите на излезното вратило се димензионирани за моментот кој го дава редукторот .
Хидраулика би била права ствар.
Него сликни ја ти рачната машина да не добиеме идеја да ја автоматизираме ?
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Nikol4e on 01.06.2021, Tuesday, 10:14:36
Нема да бидам дома некое време, инаку класична рачна. Ја има по интернет, само 1 тип е, 2 серија е мојата.
Oдлучено е, ќе налета некој трофазен мотор.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 02.06.2021, Wednesday, 02:25:13
Гига, треба like копче да ставиш.

Ова го има по default во SMF 2.1... има и mod за 2.0, ама сега за сега, начинот за префрлување на лајковите од 2.0 на 2.1 (бидејќи не е интегриран feature) е... tedious. Бара многу „бафтање“ во база :P :D.

Но, може поедноставна опција да се направи... на пример, 2.0 со Likes mod кога ќе си отиде bye bye и ќе се префрлиме (конечно ::)) на 2.1 (кога ќе биде final... со ова темпо, за едно 5, 6 години... нема да ме чуди ::)), clean slate, сите имаат 0 Likes :P ;D.

Најдов на реклама5 неколку души што продаваат електромотори, ќе ѓи контактирам деновиве.

Со среќа :).

и тој ингко мислам дека е синхрон. Затоа предложив со куплунг.

И да е, има јак редуктор и сигурно е без ременица ;).

Oдлучено е, ќе налета некој трофазен мотор.

Повторно, со среќа :).
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: bicikle on 02.06.2021, Wednesday, 20:21:02
Quote
И да е, има јак редуктор и сигурно е без ременица ;).
што си фатил уплав од ременици?  :)
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 02.06.2021, Wednesday, 20:57:17
што си фатил уплав од ременици?  :)

Ќе шлајфува на толку тежок товар, нема шанси да не шлајфува, а во конкретниот случај, критично е да не шлајфува. На машина за перење, ај, и така и така, и нашата стара Gorenje од осумдесет и некоја, шлајфуваше, ама не игра некоја улога, нели, ако зашлајфува малку при промена на насока на движење ;). Ова е друга работа, не се споредува ;).
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: mikromk on 03.06.2021, Thursday, 22:17:21
Проблем со ремениот пренос не е пролизгувањето туку преносниот однос. За да се постигне 30вртежи /мин ,а електромоторот има стандардно околу 1400вртежи/мин треба преносен однос 1:46.Тоа значи дека треба 3 пара ремен пренос (оптимален преносен однос на ремен пренос е 3 до 4).Ова за изработка е доста комплицирано.
За информација редуктор со снага од 1,1кв и 30вртежи/мин излез на вратили е ф35мм може да прими радијална сила  од околу 7000њутни
електромотор од1,1кв и 1440вртежи/мин вратилото е со пречник од ф24мм и може да прими радијална сила  од околу 800њутни
Моја препорака само електромотор се редуктор, но секако можни се и други решенија зависи од можностите на самоградителот.
Подржувам секоја идеа и би помогнал колку што можам ако некој има некоја друга конкретна идеа.
Научното толкување на летање на авион докажано е многу години по првиот лет на браќата Рајт.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Nikol4e on 03.06.2021, Thursday, 22:43:18
Изгледав видеа од русите, секоја чест за нив. Од ништо, прават нешто. Сите употребуваа електро-мотор, врзан на редуктор, а потоа со помош на ланец вртежниот момент се пренесува на друго вратило и добиваат мотор погоден за повеќе опции или разни машини.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 03.06.2021, Thursday, 23:01:31
@mikromk: Добро, јас многу „сељачки“ (лаички :P :D) се изразив, не се разбирам премногу во машинство... ова нешто што знам од пракса ;). Ти многу добро го објасни ова ;).

@Nikol4e: Русите се луди ;). Не се многу по теоријата (мада зависи кои, имаат и одлични научници ;)), али затоа за пракса... некои „забегани фаци“ ќе се појават на YT од некоја „богу уза леџа“ Руска провинција... немаат некое теоретско знаење, ама практично многу, и кога ќе видиш што прават во слободно време... да не ти се верува :O. Ако, браво, секоја чест, често знам да си гледам такви клипчиња од Руси и Индијци на YT, супер се, одлични идеи имаат во над 95% од случаите ;).
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: bicikle on 06.06.2021, Sunday, 15:02:12
@mikromk да, ова да е еден степен, па после па да има редукција. Правилно затегнат клинест каиш тешко да пролизга, а и да пролизга не би требало да е проблем т.е. ако пролизга сигурно има некој друг проблем, па вака ќе служи како заштита, тие се самозатезни, колку се пооптеретени, толку повеќе се затегаат до степенот кога ќе се надмине капацитетот на каишот. Затоа имаш трипли ремњеници.
Изгледав видеа од русите, секоја чест за нив. Од ништо, прават нешто. Сите употребуваа електро-мотор, врзан на редуктор, а потоа со помош на ланец вртежниот момент се пренесува на друго вратило и добиваат мотор погоден за повеќе опции или разни машини.
ланец после редуктор ? или треба да е 6 реден, или да е дирекс на мотор, оти 7000 њутни се многу за ланец. Ај прати некое клипче да видиме што си гледал, ме интересира и мене.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 06.06.2021, Sunday, 21:22:56
Правилно затегнат клинест каиш тешко да пролизга...

Ти рече каиш, не рече дека ќе биде клинест :P :D.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: mikromk on 06.06.2021, Sunday, 22:43:15
Тип на ременот  зависи од работните услови(брзина,снага,начин на работа,во кој услови работи,конструкцијата на машина и др.) Незначи дека плоснатите пролизгуваат повеќе од клинастите,најважно е да се пресметат точно кај ремен е потребен иа се обезбеди оптимално затегање на истиот.Пример кај нас на работа Фрикциона преса од 1600 Тона има погон со плоснат кожен ремен,а имаме Екцентар преси од 160 тона со различен тип на ремени (клинасти и плоснати - екстремултус).Ако некого го интересира на YT има оригинални снимки од фабрики во Англија каде од едно место со парна машина се пренесува погон со класични кожни ремени низ цела фабрика до десетици машини.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: bicikle on 08.06.2021, Tuesday, 16:39:43
„Ако некого го интересира на YT има оригинални снимки од фабрики во Англија каде од едно место со парна машина се пренесува погон со класични кожни ремени низ цела фабрика до десетици машини.“
GigaWatt нешто уплав ни фатил од каишиве :)
Секој каиш си има своја функција и намена, и има место кај што се става, дека фабрички на машините стојат клинестите, затоа ги спомнав, а имаат интересен начин на функционирање, кај плоснатите самозатегањето е по неизразено, повеќе ги користат за долги растојание, по неколку десетици па и стотина метри. Претежно порано имале еден централен погонски морот и потоа се пренесувала силата низ фабриката, дали со ремен, дали со кардан...  немало електромотори од 100 кг со по 300-400 kw.   Еве еден легендарен примерок ( еуро -5 ) кој најверојатно не им се исплатело да го демонтираат. Неговите звуци и ден денес се наоѓаат на некои ритам машини. Од страна може да се забележи голема ременица за плоснат каиш. 
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 09.06.2021, Wednesday, 01:22:16
GigaWatt нешто уплав ни фатил од каишиве :)

Ама ти никаде не рече клинест ;D ;D ;D. Ти само спомна каиш ;D... клинест ако е, ОК, да, се сложувам, нема збор, шанси за пролизгување нема ;).
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: bicikle on 11.06.2021, Friday, 22:11:09
хехе :D Каов ќе кашиш ти таков ќе клајме, ти си шеф :D
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 12.06.2021, Saturday, 23:24:39
;D ;D ;D
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Mkdsime on 21.06.2021, Monday, 20:22:10
Само што ја најдов странава, имаат на продажба ел. мотори со редуктор. Не ја познавам марката мене скапо ми делува и на страната освен телефонски број други информации нема.
Code: [Select]
https://unimer.mk/index.php?route=product/category&path=124
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 22.06.2021, Tuesday, 11:24:37
Да да, скапи се... поевтино е да земеш индустриска дигалка.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Nikol4e on 22.06.2021, Tuesday, 17:02:35
Не е скапо, зависи колку работа имате. Мене ми рекоа 5/6000 ке кошта комплет со редуктор, а самата машина би давала 50евра на ден. Ама искачаат шанси во животот кои не би требало да ги пропуштиме, па ќе почека оваа машина за правење.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Zan on 22.06.2021, Tuesday, 17:36:55
Само што ја најдов странава, имаат на продажба ел. мотори со редуктор. Не ја познавам марката мене скапо ми делува и на страната освен телефонски број други информации нема.
Code: [Select]
https://unimer.mk/index.php?route=product/category&path=124
Не се скапи моторите, реални се цените. Ќе ти се исплати за кратко време ако имаш редовно работа.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: Devil on 22.06.2021, Tuesday, 18:04:32
Има на страниве за купи-продај се наоѓаат половни моторедуктори солидни.
Title: Re: Машина за виткање арматура
Post by: GigaWatt on 23.06.2021, Wednesday, 14:04:51
Не се скапи моторите, реални се цените. Ќе ти се исплати за кратко време ако имаш редовно работа.

Добро, да, така е... и тоа држи вода ;).