Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: DX-er on 14.02.2021, Sunday, 17:01:55
-
Ви се верува ли дека ова може да стане реалност?
Земјинава топка да биде покриена со GSM и LTE сигнал од сателити а телефоните што би се користеле би биле истиве сега без никакви модификации...
Статијата ја има тука:
https://www.rcrwireless.com/20190312/chips/sequans-adapts-lte-chips-for-satellite
-
Па, зошто па да не... не гледам причина да не може ова да се изведе.
Но, за GSM, не верувам дека ќе може, за LTE, да, верувам.
-
Ама при GSM режим телефоните имаат многу поголема снага одколку на LTE.
Едит
П.С. Да, се сетив дека GSM се ограничени на 35 или 70km ради временското каснење на пакетите и нивна синхронизација.
-
Кај класичниот GSM и не е баш пакетски, заради тоа. Се користи TDM и FDM за realtime комуникација. Имаше некој анекс кој овозможуваше и пакетска коммуникација на разговори, ама не знам колку се користи кај нас и дали некој воопшто го користи тој анекс, бидејќи не беше популарен како GPRS и EDGE.
-
Само пак е чудно како ке се прими сигналот до сателитот со оглед на малата снага при LTE (кај GSM е 5 пати поголема) и ненасочената вградена антена во мобилниот која се наоѓа најдоле во телефонот. Кој знае какви и колкави антени ке треба да има сателитот за да прими корисен сигнал од некое телефонче оддалечено 300, 400 или повеке km.
Друго не ми е јасно, зошто ова го планираат само за 2G и 4G a не и за 3G :)
-
Микробранови се во прашање, поголема продорна моќ имаат, за разлика од GSM кој работи на пониски фреквенции. Да, поголема предавателна моќ имаат телефоноте кои комуницираат на 2G, ама само поради тоа што мораат, бидејќи феквенциите на комуникација им се пониски.
Друго не ми е јасно, зошто ова го планираат само за 2G и 4G a не и за 3G :)
2G поради backwards compatibility претпоставувам... а ако планираат вака да тераат, значи немаат намера да ја прекинуваат како мрежа ;D ;D ;D. А за 4G... не знам... можеби најдобро разработена е како технологија до сега... или бидејќи нуди broadband скоро еднаков на 5G, не знам.
-
На 10 септември годинава е лансиран првиот 5G сателит Blue Walker 3. Не сум сигурен дали е само за 5G или можеби ке биде и за LTE 4G ? Ако некој знае нека пише.
Што мислите, како ке функционира овој систем? Дали секој корисник на земјава ке може да ги користи сателитските услуги или ке треба посебна SIM картичка и дали секој 5G (евентуално и 4G) телефон ке ја поддржува работата преку сателит или тоа ке биде можно само кај одредени модели што ке се направат во иднина?