Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: batka on 30.08.2017, Wednesday, 16:07:50

Title: Предзасилувач за бас гитара за вежбање
Post by: batka on 30.08.2017, Wednesday, 16:07:50
Самиот наслов кажува дека уредов е наменет за вежбање бас гитара дома, без да сметаш на домашните. ;D ;D Но по квалитет не заостанува со оние *поозбилните* уреди , особено ако обезбедите добар и појак излезен степен и соодветен бас звучник. Значи место MPF 102 ставивме класика BF 245 b, само оние  Р 5/6 зголемете ги на 2к2, Р 2 - 680 К, Д1/2 се 24 волтни зенерки 1/2 ват. Излазите со 386 даваат добар звук на слушалки кои треба да бидат солидно големи, со добро прилегнување и по можност со сунгери на самите слушалки.Можете да ја преправите шемата со додавање можност за приклучување на надворешен сигнал од некој музички плеер, телефон, лап топ, па можноста за вежбање се проширува. Исто така , може да се направи само електрониката до разделникот Р7/9 33К ,а од тука сигналот да се носи и до појак појачувач, во случајов моно сигнал. Се на се, ако сакате да научите да свирите, а имате нервозни комшии( и домашни) размислувајте за вакво нешто.