Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: nsu on 19.04.2016, Tuesday, 23:36:25
-
Како што кажува насловот се работи за моја лична изработка и сместување во кутија на предавателот од емитер број 12 2005 година. Сликата подолу е од мојата изработка а незнам дали е дозволиво да се постираат шеми од емитер на форумов ако е дозволено ќе ви ја постирам електричната шема ППК монтажната и сите елементи околу калеми монтажа и штелување се ќе напишам. Само да одобри администацијата одма постирам е сега ако неможе неможе 8)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/predavatel.jpg)
Извинете администратори пак нешто помешав не ми иде аплаудирањето на сликиве па еве ја сликата во кодот. А имали некое како туторијалче како да аплаудирам слики. Димитар фала за помошта ;D
-
(http://s31.postimg.cc/5a2o91zh7/predavatel.jpg)
Еве ја сликата. Кога ќе и направиш upload на сликата, десен клик > View Image, линкот со екстензија .jpg/.png што и да е, копирај го и стави го измеѓу овој код: [img]ТУКА ЛИНКОТ[/img]
За шемите нека кажат администраторите иако очекувам одобрување од нивна страна, еве јас ништо немам од ЕМИТЕР моментално, тоа што го имав којзнае во чив шпорет завршило.. ::)
-
А имали некое како туторијалче како да аплаудирам слики.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12651.0
Како што кажува насловот се работи за моја лична изработка и сместување во кутија на предавателот од емитер број 12 2005 година. Сликата подолу е од мојата изработка а незнам дали е дозволиво да се постираат шеми од емитер на форумов ако е дозволено ќе ви ја постирам електричната шема ППК монтажната и сите елементи околу калеми монтажа и штелување се ќе напишам.
Не е дозволено да се post-ираат шеми и ППК од Емитер. Се останато, дозволено е (изработка, штелување, слики од уредот, итн.).
-
Браво. Колкава покриеност има ова чудо ? По правило иде 3вати на 3км. Во реалност е по инаку.
-
Е да димче така користам мобилна антена ламбда четвртина според фреквенцијата на која ми е наштелуван предавателот и топ оди. Кога го побудував 2SC730 го побудувам со 300 миливати а го побудува транзисторот 2N3866. Реално на 3.1W РФ снага на излез со ваква обична антена 2 километри покрива лесно но потребно ми е подобра антена. Инаку сега предавателот ми работи само со 200 миливати го наштелував влече струја од 35 милиампера од напојувањето излезниот степен ми се активира некаде на 250 миливати и само онака на 200 миливати е со 2N3866 се плашиме од АЕК 8). Не сум мерел со 200 миливати домет но ке измерам но неверувам многу помалце ќе биде антената ми е наштелувана се SWR е мерено предавателот не бега од фреквенцијата работи одлично. Само да дојдам дома следи слика од антената кој сам ја направив ;D. Се работи за две антени од автомобили прицврстени со клема крвнички по димензии е правена антената а е со страфче исто со торкс каде се стега самата антена на конекторот а тој е М конектор машки нормално или SO-239 само не е од оние со клемперка туку од оние како за мобилни антени со штрафче. Можеби антената е мобилна и не е професионална али има SWR 1,1 што е одлично и брка работа правена е според фреквенцијата на која е наштелуван предавателот. Здравје боже ќе направиме појака но сепак што викате линеарциве ВФ појачалава штелувани за ФМ радиодифузно подрачје се илегални и не треба да се прават но пусти мерак и ентузијазам ;) :D
Еве ја сликата научивме јеееее газиме сега 8) ;D ;D
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/antena.jpg)
-
Ова е мојот 9,8W предавател RDWW PLL8W и 2SC1946A
-
Со овој предавател сигналот се слуша супер во цел град.
-
Вчера ги завршив моите две VF појачала со 2SC1971и 2SC1972. Тие ми беа последни транзистори купувани додека бев средно со штедени пари со месеци од ужинка. И уште имам како што често ги спомнувам и два излези по 10 вати со MRF212 кој го побудуваат ова мое чудо со 2N6084 80W вати. Наштелувано е топ само не го користам оти не смее. Видете го колку е убаво. Да имав голема антена на покривот. Mногу си го сакам :-*
(http://s31.postimg.cc/b84k2gksb/cudoviste.jpg)
Со овој предавател сигналот се слуша супер во цел град.
Dx-er што викаш за ова со добра антена и до велес има да ме чујат. Многу е убаво лемено е со посребрен калај. Oд големите тримери зелени се од 0 до 50 пикофаради. Сребрена жица. Но според мене не го малтретирам ова е забрането така да доста е 2SC730 кој дава три вати инаку АЕК само тоа го чека 8)
-
Брат со воа 80w има да пука само глеј да не ти дојдат дечките од AEK на кафе ;D инаку одлично ти е среден браво
-
nsu линеаров е правен од тебе или е купечки 80вати?
-
Не е од мене брат од станици yaesu ftc740a за 4метарското подрачје беа извадени сега ги преправивме само одлемување на калеми и ставање на други со други димензии за двометарското подрачје така да плочката ја знам знам како работи сум го прелемувал преправал :)