Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Продавам => Topic started by: goran_elektro on 17.01.2016, Sunday, 13:15:48
-
Како што кажува насловот се продаваат 6 многу моќни насочувачки диоди беа користени во старото кино што беше. За цена ке се договориме :)
(http://i.imgur.com/4TfD9Kl.jpg)
-
Баш ме интересира, што значи „многу моќни насочувачки диоди“ ?
-
Се гледа дека се моќни, не е спорно тоа, но добро би било да се опише моќноста, односно да бидат претставени ознаките. Вака не се читаат баш добро
-
Прашав што значи изразот „многу моќни диоди“... Јас на факултет имам енергетска диода (што е всушност и точниот израз на македонски, а не *моќна диода*) со номинална струја во директна поларизација од 50kA (кило-ампери да. 50 000 ампери). Затоа ми се чинеше многи смешен изразот „многу моќни диоди“ :-)
-
Овој израз е *сленг* кој се употребува често и не е ништо невообичаено,дури и во стручна литература ( на македонски јазик) да сретнеш вакви појмови.И она *енергетска диода* не е најадекватно, особено ако му објаснуваш на некој помалку упатен. Реално би било можеби да се употреби * исправувачка диода за поголема јачина на струјата ..*,но сепак се разбираме. 8)
Споено мислење: 18.01.2016, Monday, 20:14:40
Сеуште не прочитавме ознака,ниту некој податок за диодите. 8) Не дај боже цената. Веројатно за недела две ќе имаме некоја информација... ;)
-
Огласувачот се логирал ама не одговори или не знаел да одговори на прашањата.
-
Диодите се со ознака DOO-100R-10 0587
-
Веројатно не ги знаеш карактеристиките
DIODA DOO-100R10 - 1000V 100A ( DO-01 куќиште)