Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 01.10.2015, Thursday, 21:29:29

Title: ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали радиостаницата дава најголема моќ кога е полна батеријата ?
Post by: DX-er on 01.10.2015, Thursday, 21:29:29
Бидејки неколкумина радио аматери спомнаа на форум дека рачната радио станица која користи батериско напојување, дава нај голема снага кога батеријата е целосно полна.
Бидејки немам SWR/WATT метар, имам мерач на EM поле. Значи не е мерач на снага, но е доволно за да се направи споредба на пример имаш 2 радио станици со полни батерии и да направиш споредба дали едната е по снажна од другата, истото тоа се покажува како така и во пракса при говор.
Логички е доколку батеријата е полна да дава најголема снага, а кога е празна да дава мака снага, но овој тест ме изненади.
Едната радиостаница беше полна во целост ( индикаторот 3/3 цртки) а другата празна (трепкаже индикаторот за батеријата дека е празна), на мерачот на поле покажа иста снага како и кога радио станицата е полна, односно иста како со другата станица. По само неколку моменти, оваа што беше празна престана да емитува бидејки во целост ја "исцицав" батеријата.
Сакам да кажам дека и со последната снага радиостаницата ја даде потребната снага како и она полната.

Пред некој ден правев подолг муабет со радиоаматер од друга населба и тоа симплекс, дури и кога батеријата беше скоро целосно празна, го прашав колегата радио аматер дали има разлика во сигналот? Неговиот одговор беше дека ме слуша исто, односно исто како и кога батеријата ми беше полна. Некако не ми беше баш јасно, па пак му го поставив истото прашање и му објаснив зошто го прашувам, но тој ми го даде истиот одговор, по неколку моменти се исклучи станицата бидејки се испразни, и одма ја зедов другата и го продолживме разговорот.

Јачината на сигналот не беше Q5 па да се рече ајде сте биле блиску, и со 5W и со 20mW би се слушале супер. Сигналот беше Q3.

НАПОМЕНА: Истражувањето го спроведов над две кинески радио станици од производителот Baofeng.

Ова истражување е лично од мене и ова е првичен заклучок, секако за да се добие дефинитивен заклучок потребно е повеке пати да се повтори експериментот.
Title: Одг: ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали радиостаницата дава најголема моќ кога е полна батеријата ?
Post by: MilerovEfekt on 01.10.2015, Thursday, 21:50:33
Чисто информативно :

1. Мерач на поле ? Каков е тој ? Потребен е мерач на моќност за ваков експеримент за жал, ајде од другата недела (кога ќе се подослободам) да се договориме да го направиме екпериментов со контрола поголема ? :-)

2. Индикаторот на батеријата за жал не е воопшто индикативен за енергијата во истата :) Испаѓа дека мерење на капацитетот на литиумски батерии е мнооогу тешко. Напонот не е никаков референт за капацитетот на батеријата за жал.

Експериментот што може да го направиме е да мериме напон што ќе се развива на 50 OHM вештачки товар. Напонот ќе е во директна зависност од средната вредност на моќноста.

Поздрав

Споено мислење: 01.10.2015, Thursday, 23:43:13
ПС: Каков е тој мерач на ЕМ Поле ? Знаеш дека има два типа на ЕМ полиња (блиско и далечно), тоа може истотака да дава неточни резултати (еднаквост во мерењата)
Title: Одг: ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали радиостаницата дава најголема моќ кога е полна батеријата ?
Post by: Z31GH on 02.10.2015, Friday, 01:22:06
Ќе се уклучам и јас во експериментов следната недела. Ќе мерам јачина со ватметар при полна батерија и со подиспразнета батерија. Според мене ако некоја радиостаница има батерија од 7.5 волти, мислам дека таа може да даде полна снага и на 6 волти. Доколку падне напонот под 6 волти, тогаш се исклучува станицата. Под тој напон станицата не би работела ни со еден ват. Доколку станицата дава полна снага на 6 волти, разликата од 1.5 волти од тие 7.7 волти се користат како резерва. Секако во станицата има ограничување на напонот и станицата нон стоп работи на 6 волти иако има 7.5 волти батерија. Доколку работиш со снага од 2 вати, ќе работиш подолго, ако користиш снага од 5 вати тогаш пократко.
Но ова е според мене. Останува да видиме како ќе е кога е го направиме експериментот и ќе дојдеме до заеднички заклучок.
Title: Одг: ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали радиостаницата дава најголема моќ кога е полна батеријата ?
Post by: BorceBT on 02.10.2015, Friday, 18:41:22
Излезните засилувачи се најверојатно струјно ограничени и не се директно поврзани на батеријата па поради тоа даваат константен излез при различен напон на батеријата. Исто така може да има и повратна врска со која ја мерат излезната моќ на засилувачот и микроконтролерот автоматски ја регулира излезната моќ независно од напонот на напојување на засилувачот. Најверојатно во овој случај ги има и двете работи - и струјното ограничување и автоматска регулација на излезната моќ.
Title: Одг: ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали радиостаницата дава најголема моќ кога е полна батеријата ?
Post by: nsu on 04.10.2015, Sunday, 01:09:49

Quote
Излезните засилувачи се најверојатно струјно ограничени и не се директно поврзани на батеријата па поради тоа даваат константен излез при различен напон на батеријата.
Токму така
Quote
Исто така може да има и повратна врска со која ја мерат излезната моќ на засилувачот и микроконтролерот автоматски ја регулира излезната моќ независно од напонот на напојување на засилувачот.
Во сите станички рачни со хибритчиња со хибриден излезен така е ова решено општо прифатено решение кај сите производители на радио станици од најдобрите па до да не речам најефтините и тоа е одлично решение според мене независно за каква рачна радиостаница се работи
Title: Одг: ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали радиостаницата дава најголема моќ кога е полна батеријата ?
Post by: DX-er on 14.11.2015, Saturday, 20:21:38
Правев едно мало истражување со Baofeng UV-B5 која ја мерев со полна батерија на вештачка антена - товар 50 оми и даде 4W.
Со речиси целосно празна батерија даде 3,8W што сепак е околу 4W. По кратко време снагата падна на 3,5W а кога дојде на 3W станицата се исклучи. Времето поминато од 3,8W додека да се изгаси беше околу 1 минута работа.
Title: Одг: ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали радиостаницата дава најголема моќ кога е полна батеријата ?
Post by: nsu on 15.11.2015, Sunday, 01:13:18
Така ми се имаат однесувано и некои други станички што се каде каде поскапи.Кога бев на пракса и моторолите GP300, GP360, GP340 да речеме исто вака правеа само тие имаа појака снага нормално до 5 вати најслабата па сум видел и седум вати рачна десет вати сега заборавив кој модел беше на моторола мислам.И уште ако ти е осетлива станичката да речеме една добра моторола има 2 микро волти осетливост тоа се мери со специјален инструмент за радио станици.Кога отвара станицата се вклучува и кога ќе се исклучи така се мери но нормално со сооедветниот тестер.
Правев едно мало истражување со Baofeng UV-B5 која ја мерев со полна батерија на вештачка антена - товар 50 оми и даде 4W.
Со речиси целосно празна батерија даде 3,8W што сепак е околу 4W. По кратко време снагата падна на 3,5W а кога дојде на 3W станицата се исклучи. Времето поминато од 3,8W додека да се изгаси беше околу 1 минута работа.

 Одлично тоа покажува дека не е воопшто слаба станичката топ е солидна брка работа што се вика.А тоа е најважно и го прави меракот ;D :D 8)