Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Забава => Topic started by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 23:59:18

Title: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 23:59:18
Значи станува збор за ЕP на еден бенд. Треба да се доснимаат уште три песни, ама сега за сега само една успеавме да снимиме. Со еден дел од членовите на овој бенд членувам и јас во друг „проект“, но снимки од тоа немаме, за жал :(.

Како и да е, еве ја снимката, немиксана, ептен малку дотерана (малку засилени се викалите и гитарите), се останато е исто како што е снимено, значи нема никакви „дошмикувања“, значи тотално raw е снимкава.

Ме интересира само што мислите за квалитетот на снимката, на гитарите, басот, вокалот, итн. Онака глобално мислење за квалитетот на снимката ;).

Кога ќе ја „измиксам“ ќе звучи многу подобро, но ме интересира како ви звучи вака како што е, дали е добар снимениот материјал и дали може добро да се работи со него (за да не биде после како американската поговорка: garbage in, garbage out).

Опремата со која се снимаше е следнава: Behringer Vamp 2, Lexicon Omega USB Connected Sound Card, Cubase Studio 4, Waves MultiMaximizer (VST компресор), кабли (фала богу, хахаха :D :D :D, не баш најдобри, ама што имавме, тоа искористивме). Снимано е со 24 битна резолуција на аудио сигналот на 48KHz фреквенција на семплување (стандардни студиски вредности за снимање).

Еве print screen од прозорецот на Cubase. Знам дека „исклипувани“ се вокалите, ама нема причина за паника, нивото на снимката на вокалите е дигнато за 6dB од нивото со кое снимавме, па затоа ги прикажува „исклипувани“ на tracklist-от, инаку може во секој момент да се вратат назад на нивото на кое биле без никакви последици ;).

(http://img294.imageshack.us/img294/6881/ps001.th.jpg) (http://img294.imageshack.us/img294/6881/ps001.jpg)

Гитарите се снимани „директно“ (direct imput, од излез на предзасилувачот на гитарското комбо директно на едниот од влезовите на картицата), значи не одеше патот на сигналот преку микрофон, односно гитара-->гитарско комбо-->звучник-->микрофон-->влез на картицата. Ова не беше возможно од проста причина што немам глува соба :(.

Вокалите се снимани кај мене во соба, значи повторно, не во глува соба, само што сите моравме да бидеме многу тивки, хахахахахах :D :D :D (со зборовите на Elmer Fud, be vewy vewy quiet, хахахахахах :D :D :D).

После овој огромен елаборат (и правдање :D), еве ја песната ;).

Code: [Select]
http://www.box.net/shared/i6faluhq8i
Mirror 1:

Code: [Select]
http://www.filefactory.com/file/b19c201/n/Drown_In_Your_Own_Blood.rar
Mirror 2:

Code: [Select]
http://www.mediafire.com/?hymmmem2jmm

НАПОМЕНА: Не е препорачливо да ја слушаат оние кои не слушаат метал ;D.
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: BorceBT on 11.05.2010, Tuesday, 02:36:55
Јас неможам да ја спуштам. Дали е до мојот нет или стварно ја нема?
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 11.05.2010, Tuesday, 03:45:01
Можно е определени ISP-ња да го блокираат box.net, не е проблем, ќе додадам уште еден mirror ;).
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: Devil on 11.05.2010, Tuesday, 10:37:44
вака музиката е добра може малку да се направи поизразити гитарите да се
пошто негде тапаните се погласни од гитарите и не е баш најдобро
друго тој што ви е вокалот може или да користите генератор или па да научи подобро growl- незнам како е на македонски :)
инаку вака добра е :D
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: alex on 11.05.2010, Tuesday, 12:23:32
топ ви е снимката :)

малку треба да поработите на еквилајзерите,
а гитарата, зошто преку појачало?
Вампот има симулации на појачала, така да појачало за снимање не ви е потребно, директно во звучна поврзете и шибајте

ако има уште снимки, качи ги , ме интересира да ги слушнам :)
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 11.05.2010, Tuesday, 13:25:08
вака музиката е добра може малку да се направи поизразити гитарите да се
пошто негде тапаните се погласни од гитарите и не е баш најдобро
друго тој што ви е вокалот може или да користите генератор или па да научи подобро growl- незнам како е на македонски :)
инаку вака добра е :D

Бендот не е мој, мислам ги знам сите од бендот зошто со пола од нив имам друг проект, но со нив проектот но е нешто Elelctro/Industrial, не знам како да го опишам, има доста електронски моменти ;). Ај, ако снимиме нешто и со нив ќе ви пуштам да чуете ;).

За тапаните, заборавив да напоменам, не се снимани, VST инструмент се, EZDrummer, немав услови да ги снимам нив во домашна атмосвера, живаеам во зграда, уште тапаните да ги снимавме кај мене дома и ќе ме отселеа комшиите, хахахаха :D :D :D. Затоа можеби звучат најдобро „снимени“ и ги покриваат другите инструменти.

За вокалот, не е еден, два се, има еден вокал и од време на време, кога треба growl се „убацува“ басистот, а оне е баш најдобар growl вокал, така да, тоа е што е, кога немаш подобра оцпија се фаќаш и за сламка :D. Ама нема везе, кога ќе ја измиксам снимката, ќе ги средам и вокалите ;). Подобро ќе звучат, ќе се среди се ;).

Па тоа ме интересираше само, дали можам да работам со оваа снимка, дали се доволно добро само снимени, инаку како што реков, ова е чисто raw (необработена) снимка, само колку да имам со што да работам ;).

топ ви е снимката :)

малку треба да поработите на еквилајзерите,
а гитарата, зошто преку појачало?
Вампот има симулации на појачала, така да појачало за снимање не ви е потребно, директно во звучна поврзете и шибајте

ако има уште снимки, качи ги , ме интересира да ги слушнам :)

Да да, па тоа и направивме, Vamp-от го користевме само како предзасилувач со процесор, сигналот на излез од Vamp-от одеше директно на влез на картицата ;). Иако нормално вака не се снимаат гитари или бас, за да се добие подобар „ефект“ на снимката (а воедно за да се избегнат „шпицови“ во снимениот сигнал) обично се поврзува гитарата со комбото (кое најчесто си има вградена дисторзија), па се поставува микрофон пред звучникот на комбото, па сигналот од микрофонот се носи на влез од картицата, миксетата, што и да е ;).

Да имавме некое подобро гитарско комбо (некое Marshall на пример) и глува соба, со некој Noumann-ов микрофон (знам, многу барам, хахахахах :D :D :D) и екстерен компресор модул (а не тој што е вграден во Vamp-от), еееееееее... тоа ќе беше друга приказна ;).



Инаку ова не ми е прва снимка што ја правам, за еден друг бенд исто така имам снимано (на сличен начин, VST тапани а се останато се снимаше кај мене во соба на ист начин), ама тогаш направив многу грешки при снимањето, за една песна се користше една дистрзија, за друга песна друга, каша попара беше снимката :S, кога на крај ги измиксав песните, секоја песна звучеше различно од секоја друга песна. Ама прв пат ми беше и не знаев, сега веќе малку повеќе искуство имам, па си ги мемориравме preset-ите за дисторзиите за да не мора секој пат кога ќе снимаме да ги местиме „јово наново“ ;).

Конкретно од овој бенд (проект) нема други снимки, само оваа песна е, но од другиот бенд што го снимав имам пет песни ;). Можам и тие снимки да ги upload-ирам, ама не на повеќе од 128kbps, sorry :(, сепак EP-то се издаде и дечките гледаат да продадат барем едно 200 копии од него, да си купат нова опрема, знаете како е со underground бендовите, голема е желбата ама финансиите се слаби, тоа е тоа :S. Само ќе ме почекате малку да ги export-ирам песните од работните верзии во Cubase ;).

ОК, за тоа што ми беше важно добив одговор, дали се добро снимени инструментите и вокалот, тоа ми беше битно, а се друго после е постпродукција, мастеринг, „миксање“, „шминкање“, тоа е веќе процес што трае. Најбрзо се прават снимките, после гњаважа е нивното средување, хахаххах :D :D :D.
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: alex on 11.05.2010, Tuesday, 22:01:41
Quote
Да имавме некое подобро гитарско комбо (некое Marshall на пример) и глува соба, со некој Noumann-ов микрофон (знам, многу барам, хахахахах   ) и екстерен компресор модул (а не тој што е вграден во Vamp-от), еееееееее... тоа ќе беше друга приказна .

хехе, јасно дека тоа е „вистинската„ работа...
пак не те сватив, дали снимивте со вампот директно во звучна или не?
јас снимав на интегрирана звучна со boss gt-8 (директно на звучна) , и пристојна снимка извадов (ќе ја качам деновиве да слушниш)
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 12.05.2010, Wednesday, 02:00:01
хехе, јасно дека тоа е „вистинската„ работа...
пак не те сватив, дали снимивте со вампот директно во звучна или не?
јас снимав на интегрирана звучна со boss gt-8 (директно на звучна) , и пристојна снимка извадов (ќе ја качам деновиве да слушниш)

Ај баш upload-ирај ја, ме интересира како излегла снимката ;).

A за Vamp-от, да, директно врзан беше со картицата, значи Vamp-от само додаваше дисторзија (добро, главата на Vamp-от е повеќе процесор одколку дистрзија, ама ај :D) и го засилуваше сигналот до некое линеарно ниво (околу 1V), ништо повеќе од тоа... добро, мала тонска корекција (bass, middle, treble) исто така подесивме на контролите на Vamp-от.

Исто така и бас гитарата идеше преку Vamp-от. Не ради друго, басистот не е баш „нај нај“, така да моравме да му ставиме компресор за да не ми се јавуваат „шпицови“ на снимката кога ќе свири (се „фура“ многу и става slap-ови, ама тоа е тоа :S). Vamp-от беше ставен на clean (значи не внесува никаква обработка/дисторзија на сигналот од басот) и само беше додаден компресорот и мала тонска корекција на потенцимоетрите за bass, middle и treble на Vamp-от ;).
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: alex on 13.05.2010, Thursday, 01:56:11
ете ја снимката,

Code: [Select]
http://www.box.net/shared/m2b0nl76tb
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 13.05.2010, Thursday, 02:56:14
Добра е снимката, мене ми се допаѓа ;).

Само некако малку ми фалат високи, не знам дали се така снимани гитарите или намерно потоа се намалени вискоите при exporting.

Може да се додаде мала стерео слика, место ритам гитарата да биде на средина да се додаде мало фазно доцнење на левиот во однос на десниот канал (или обратно), доволно би било десеттина милисекунди ;).

Другото ми изгледа OK, а снимано е со on-board картица или со екстерна?
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: alex on 14.05.2010, Friday, 00:15:15
со onboard е, а високите намерно ги намалив, ме нервираа :)
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 14.05.2010, Friday, 04:13:11
Па супер е за снимка со on-board картица, да си имал подобра опрема сигурно ќе звучело и подобро ;).

Ако се интересираш нето за продуцкија, ова она, можам да ти препорачам некој полупрофесионален евтин хардвер и нешто литература ;), мада искрено да ти кажам, вакви работи најдобро се учат од пракса, не од книги ;).
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 18.07.2010, Sunday, 16:09:10
Ај еве и од мене нешто што го имам работено пред едно 6, 7 години на PIII во Cubase SX 1, или SX 2 може беше, не ми текува ;D.

Code: [Select]
http://ul.to/ec6zlu
А еве и еден mix што го работев пред едно 4 години, тогаш траките беа ептен „тазе“, дел беа и неиздадени, сега две, три од нив се ептен познати во Trance светот ;).

Code: [Select]
http://ul.to/l83w0v
Title: Одг: Што мислите за снимкава ?
Post by: GigaWatt on 14.01.2011, Friday, 00:33:48
Баш денеска ми го пратија миксов, сниман е на забава во Капан Ан, требаше подолг да ми биде сетот, но имаше проблеми со извршниот орган на власта :S (иако ретко доаѓаат, скоро никогаш, баш таа вечер се погоди да дојдат :S), така да морав да скратам после саат и пол :S.

Како и да е еве ја снимката, ако некој сака да ја чуе, нека си ја симне ;). Критики се добредојдени ;).

Code: [Select]
http://www.fileserve.com/file/tgQFcJq/Mix.rar