Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: TeslaBt on 13.02.2014, Thursday, 14:52:19

Title: Помош околу изведба на снимач на телефеонски разговор (фикесен телефон)
Post by: TeslaBt on 13.02.2014, Thursday, 14:52:19
Имам една шема и сакам да ја изработам дали некој можи да ми објасни како да го поврзам релето.
Title: Одг: Помош околу изведба на снимач на телефеонски разговор (фикесен телефон)
Post by: batka on 13.02.2014, Thursday, 16:17:04
Прво,не знам дали ова ке може на новиве дигитални централи да оди,бидејќи 24  волтното  реле може да ја * кутка* линијата.Значи треба релето да биде посебно,со мала потрошувачка.За другото прашање,добро пишува: *Jednostavno ga spojite u seriju sa telefonom. Prikljuchite kasetofon / recorder i kada se slushalica podigne, pocinje snimanje *.Значи касетофонот е *заглавен *на снимање,а контактите на релето се врзани паралелно на прекинувачот кој го вклучува под напон декот за снимање.Сепак,дали ке може на дигитална централа ова да се изведе е под знак прашање!
Title: Одг: Помош околу изведба на снимач на телефеонски разговор (фикесен телефон)
Post by: nsu on 13.02.2014, Thursday, 18:24:46
Така така старите аналогни телефонски линии знаеја дури да покажат дури и напон преку 60 волти некогаш 56 волти на празен од а кога ќе свртиш или кога ќе бараш некој тој напон паѓаше низ линијата мерено од мене.Паѓаше исто и кога ве бараат но не толку кога бараш некого.Овие сега што се со модеми тоест дигиталните системи имаат некој напон од 5 волти на празен од.Мислам покажува 5 кома нешто волти кога ќе мерите на телефонскиот џек тоест излезот за телефон од модемот.Кај мене толку кажува на Linksys-от од Близу..Не кажувам само така овој напон е мерен од мене знае да падне кога бираш и на три кома нешто.Ово го мерев значи ова ми е мерено монтирав скретница и на другиот џек со кабелче исечено мерев.Затоа и јас како батка не верувам дека на дигитална линија телефонска ќе направиш вакво нешто.На аналогните може ;) ;D ;D
Title: Одг: Помош околу изведба на снимач на телефеонски разговор (фикесен телефон)
Post by: TeslaBt on 13.02.2014, Thursday, 19:06:18
Дајде некој совет нема да работи ???
Title: Одг: Помош околу изведба на снимач на телефеонски разговор (фикесен телефон)
Post by: Otpor on 13.02.2014, Thursday, 19:33:46
Работија шемата од Емитер (одамна беше,не знам кој број беше),сигурно работи,дури и на денешниве централи,така да не губи време со експериментирање ;)
Title: Одг: Помош околу изведба на снимач на телефеонски разговор (фикесен телефон)
Post by: batka on 13.02.2014, Thursday, 21:32:57
Не сум баш сигурен,пробај. 8)

Споено мислење: 13.02.2014, Thursday, 21:40:00
Еве ти две шеми за телефонски хибриди.Првата ,поедноставна е само заслушање(снимање) на разговорот,а она втората е пософицитарна и вклучува и посебен микрофонски дел и може да се користи и во радио и телевизиски студија како т.н. * хибрид* за емисии во живо. ;D