Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: NessunDorma on 30.01.2014, Thursday, 11:05:32

Title: Македонска литература може и српско-хрватска
Post by: NessunDorma on 30.01.2014, Thursday, 11:05:32
Сакам да почнам со електроника но бидејќи сум нов во овој свет ќе ми треба ваша помош.  :)

Мене англискиот јазик не ми е проблем но бидејќи личноста со која сакам да почнеме да работиме не го владее баш најдобро сметам дека ќе ми треба литература, скрипти, списанија на еден од екс ЈУ јазиците се разбира вклучително и македонски.

Можете да ми посочете каде е најдобро да барам?

Книга која ме бендисува е оваа:
Code: [Select]
http://www.amazon.com/Make-Electronics-Discovery-Charles-Platt/dp/0596153740
Значи барам нешто слично едноставни и практични примери без тупење многу со теорија и равенки.
Исто така посочете ми продавница со поволни цени за електронските компоненти.

п.с
Се извинувам ако сум ја згрешил темата ако е така модераторите нека ја преместат.

Поздрав
Title: Одг: Македонска литература може и српско-хрватска
Post by: Devil on 30.01.2014, Thursday, 13:29:21
Незнам колку планираш да се занимаваш со електроника, ама ако сакаш по „професионално“ треба и теорија, во секој случај пребарај во секцијата за литература има на српски книги кои би ти користеле
Title: Одг: Македонска литература може и српско-хрватска
Post by: batka on 30.01.2014, Thursday, 17:18:51
Со оглед на правописот во твојот ник(намерно или ненамерно) веројатно е слично и со теоријата за електроника. ;) Без премиса да те навредам,ти сакаш да возиш кола ,а да не ги научиш основните делови на автомобилот.Македонски книги за ептен почетници нема ,ама еве и на колегава Киловолт му пишав дека е добра * Мала школа електронике 1 до 5 издание* од В.Крстиќ ,во издание на РК Никола Тесла од Белград.Може да се најде на нет и е добра за почеток.Само без теорија - ништо од работата!
Title: Одг: Македонска литература може и српско-хрватска
Post by: GigaWatt on 30.01.2014, Thursday, 20:33:42
Без Англиски во денешно време друже, ништо не правиш :S. Да не те деморализирам, ама се е веќе на Англиски... а и книгите полесно може да се најдат на Англиски отколку на било кој друг јазик. Дури и да има Македонски превод на некоја ваква странска литература (што не верувам дека има, колку што може да забележам, само на академска литература се имаат концентрирано), подобро земи и читај го оригиналот, преводите се... благо речено, очајни (она што имам прочитано од техничка литература, за другите науки, не знам).

Имам доста книги post-ирано на форумов. Пролистај ја секцијата за книги, има литература и за почетници ;). Но, за жал, само на Англиски :S.
Title: Одг: Македонска литература може и српско-хрватска
Post by: NessunDorma on 31.01.2014, Friday, 10:54:13
@ГигаВат фала за книгата!  :)

@batka Мала школа електронике 1 до 5 издание не можам никако да ја најдам на нет, некој да не ја има при рака?

Title: Одг: Македонска литература може и српско-хрватска
Post by: batka on 31.01.2014, Friday, 15:00:57
Научи се да го пребаруваш Форумов 8)

Ја имаш овде

Code: [Select]
https://app.box.com/shared/jb6dsqd5yl