Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: SaleSk on 22.04.2010, Thursday, 21:56:47

Title: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: SaleSk on 22.04.2010, Thursday, 21:56:47
Како што гласи и самиот наслов. Поправка на матична плоча.
Симптоми: компјутерот се пали од десетти обид со притискање на копчето, а одкако ке се запали "random"  се рестартира во се пократки нтервали.
За поправка на матична плоча треба да имате големо искуство, неопходен алат и инструменти, мирна рака и љубов кон работата. Без набројаните елементи нема да може да направите ништо. Темата од оваков тип е доста актуелна. Имено станува збор за едно туторијалче во кое е сликовито објаснето чекор по чекор како се врши замена на оштетени електролити. Проблемите од ваков тип најчесто настануваат заради лоши напојувања. Многу од сопствениците на матичните плочи мислат дека оваа работа е многу едноставна, па еве можност доколку сакаат, нека пробаат и сами нека се уверат во тоа.
Пред да почнете со оваа операција треба да се знаат неколку важни работи:
1. Матичната плоча е електронска плоча која содржи многу осетливи компоненти кои се осетливи на електростатски празнења. Заради тоа многу е важно додека се работи на истата, подлогата да е заземјена, односно сервисерот да користи "врист" (да биде заземјен). Доколку немате ваков "врист" или немате електростатска подлога и заштита, најдобро е пред работа да се испразните со допирање на некоја метална површина која е заземјена (најчесто водоводни и цевки за парно греење-ако се метални)!!!
2. Матичната плоча е електронска плоча изработена во SMD технологија, содржи многу ситни делови, тенки водови и ради тие причини е многу подложна  на механички оштетувања!!!
3. Доколку немате искуство со работа на вака осетливи електронски плочи, се препорачува да не започнувате никаква активност, затоа што шансите да ја оштетите плочата се максимално големи!!!
4. Потрудете се сите пропратни елементи од матичната да бидат извадени, односно да се работи без да е приклучена на извор на напојување, да се одстранети сите картички од сите слотови (AGP, PCI и тн), да се извадени RAM мемориите, да се извадени процесорот и кулерот.

Матичната плоча на која ке биде извршена интервенцијата е од тајванскиот производител SOLTEK socket 478. Оштетувањата изгледаа вака:

(http://img249.imageshack.us/img249/4897/img0113f.jpg) (http://img249.imageshack.us/i/img0113f.jpg/)

(http://img26.imageshack.us/img26/6757/img0114md.jpg) (http://img26.imageshack.us/i/img0114md.jpg/)

(http://img94.imageshack.us/img94/4799/img0115ws.jpg) (http://img94.imageshack.us/i/img0115ws.jpg/)

(http://img265.imageshack.us/img265/8678/img0116y.jpg) (http://img265.imageshack.us/i/img0116y.jpg/)

(http://img208.imageshack.us/img208/1841/img0117k.jpg) (http://img208.imageshack.us/i/img0117k.jpg/)

Како што можете да забележите на сликите, дел од електролитските кондензатори се подуени од горната страна, а на дел од нив се гледа и истечената киселина. Ова во голем дел претставува и проблем доколку истече на водовите од плочата, а со самото тоа може и да ги оштети и нагризе. Доколку тоа не се забележи на време, и доколку киселината навлезе длабоко во плочата и оштети некој од меѓуслоевите, во тој случај нема да може да се изврши никаква интервенција.
За да пристапиме кон интервенцијата нормално ќе ни биде потребен и соодветен алат. Оваа интервенција не бара некој специфичен алат, алатот е класичен, леткум до 25w, квалитетен калај, квалитетна вакум пумпа, сечица, клештичка и нормално големо искуство, спретност и мирна рака. Зошто го спомнувам искуството. Него го спомнувам од едноставна причина што доколку не знаете перфектно да ракувате со леткумот и со вакум пумпата, 100% ќе ја оштетите штампата на матичната плоча. За да се уверите во својата способност, најпрво пробајте ова да го направите на некаква стара матична или некоја друга електронска плоча, колку да видите како ке ви оди работата.

(http://img338.imageshack.us/img338/162/img0118tf.jpg) (http://img338.imageshack.us/i/img0118tf.jpg/)

Електорлитските кондензатори кои ке ги користиме, односно кои треба да се заменат се со вредност од 1000 микрофаради, 6,3 волти. Треба да се заменат вкупно 16 кондензатори. Новите кондензатори се со вредност од 1000 микрофаради, 10 волти со теемпературен коефициент 105 степени целзиусови кои е исто така еден параметар од голема важност. Овие електролитски кондензатори се за на места каде што температурата на опкружувањето е повисока, а знаеме дека тука имаме слаба циркулација на воздух, елементи кои релативно доста греат и постигнуваат високи температури (процесор, чипсет, графичка карта итн).

(http://img683.imageshack.us/img683/2492/img0119o.jpg) (http://img683.imageshack.us/i/img0119o.jpg/)

Одкако ни се спремни сите потребни услови, поминуваме на работа. Значи: Заземјени, подлога, спремен алат, спремни делови.
Првата работа која јас ја практикувам е да ги загреам постоечките контакти и да ги залијам со свеж калај. Сето тоа заради полесно вадење на елементот а и за полесно загревање на површината каде што се залемени ножичките.

(http://img28.imageshack.us/img28/9633/img0120az.jpg) (http://img28.imageshack.us/i/img0120az.jpg/)

Следниот чекор е испумпување на калајот со вакум пумпа. Контактот претходно треба да се доволно загреан за да може да се испумпа комплетно калајот, но и треба да се внимава да не дојде до прегревање и горење на штампаните водови. Уште еднаш ке повторам дека се многу тенки и осетливи!!! Покрај температурата како еден од можните причинители за оштетување на водовите е и врвот на вакум пумпата, на кој исто така треба да се обрне големо внимание при работењето.

(http://img99.imageshack.us/img99/8307/img0121nxg.jpg) (http://img99.imageshack.us/i/img0121nxg.jpg/)

Процедурата се повторува на двата контакти на кондензаторот...Доколку не успеете од прва да ги испумпате ножичките, во тој случај повторете ја уште еднашка истата процедура, почнувајќи со свежо нанесување на калај!!! Немојте повеќе од 3 пати да ја повторувате истата постапка бидејќи ке ги оштетите водовите!!! Препорачувам доколу после вториот обид не успеете со вакум пумпа, обидете се истовремено да ја загревате едната па другата ножичка од елементот и воедно нежно да го повлечете елементот нанадвор со цел да го извадите. Еве како тоа изгледа одкако елементот, односно електролитскиот кондензатор е изваден:

(http://img227.imageshack.us/img227/9725/img0122v.jpg) (http://img227.imageshack.us/i/img0122v.jpg/)

Можете да забележите дека има некакво црнило околу дупчето каде што треба да се залеми новото електролитче. Тоа е остаток од смесата која се наоѓа во самиот калај и служи за подобро лемење и не претставува никаков проблем, но на крајот од завршената работа најдобро е да се очисти. За тоа малку подоцна.
Следниот чекор е вградување на електолитскиот кондензатор. Пред ставање на новиот кондензатор треба да обрнеме внимание на неколку работи и тоа: Визуелно да го провериме електролитот од било какви механички оштетувања без разлика дали е или не е нов, и да ја провериме неговата вредност и декларираниот работен напон. Одкако сме сигурни дека се е во ред со елементот, пристапуваме кон негово вградување.
Најважната работа во се е да не го згрешиме поларитетот на кондензаторот. Секој пат внимавајте како го местите електролитскиот кондензатор. Тој има обележено со видливи знаци минус!!! Обавезно проверете како треба да стои на матичната плоча. Ако несакајќи ги замените местата на позитивниот и негативниот пол, можат да се случат несакани последици со кој може да нанесете трајни последици на матичната плоча а и воедно да се повредите. Најчесто доаѓа до пукање на електролитскиот кондензатор и разлевање на киселината на околината.
Да не навлагаме во тие работи, продолжуваме со постапката на замена :)

(http://img532.imageshack.us/img532/7062/img0123ac.jpg) (http://img532.imageshack.us/i/img0123ac.jpg/)

Одкако сме го ставиле кондензаторот, ја вртиме плочата, ги подвиткуваме ножичките со цел да не ни испадне самиот елемент и пристапуваме кон операцијата "Лемење". Она што јас го практикувам пред да почнам со лемењето е да направам кратење на ножичките на елементот со цел да добијам поефикасно загревање за пократко време, бидејки површината која што треба да се залеми е многу помала, а со тоа и многу пократко време да го греам местото кое што треба да се залеми. Во спротивно, доколку ножичката е подолга, потребна е поголема енергија да се загрее и местото и ножичката а со тоа и веројатноста да се оштети плочата е многу поголема. Сепак ова е мој начин, што немора да значи дека некој од вас треба да го практикува. Ова се мои видувања за и околу работата. Некој тоа го прави на обратниот начин. Прво ги леми деловите, па потоа ги крати ножичките. Тоа е исто така правилно, и јас го применувам, но во овој случај како што кажав подобро ми е на овој начин :) Еве како тоа би изгледало сликовито прикажано:

(http://img697.imageshack.us/img697/2991/img0124j.jpg) (http://img697.imageshack.us/i/img0124j.jpg/)

(http://img88.imageshack.us/img88/7209/img0125r.jpg) (http://img88.imageshack.us/i/img0125r.jpg/)

Полуготовата работа би изгледала овака:

(http://img714.imageshack.us/img714/6811/img0126r.jpg) (http://img714.imageshack.us/i/img0126r.jpg/)

Се прашувате зошто полуготова. Па заради тоа што по мене работата е незавршена се додека не се направи и чистење на местото на кое се интервенирало. Остатоци од калај, растечен калафонуим, прљавштина итн. Тајната е во нитро разредувачот. Се разбира мора внимателно да се ракува со него бидејки тој е доста агресивна хемикалија и може да оштети некој осетливи елементи од самата плоча поготово пластичните делови, слотови, лежишта и приклучоци. Остај тоа него може да ви ги нагризе и прстите. :) Чистењето го правиме така што крпче, газа или пак памук ги натопуваме во разредувачот, и местото кое што сме го лемеле го пребришуваме. Ефектот може да го видите од сликите, поточно од последната слика на која се гледа како изгледа залемениот контакт :) :

(http://img179.imageshack.us/img179/4918/img0127at.jpg) (http://img179.imageshack.us/i/img0127at.jpg/)

(http://img697.imageshack.us/img697/5033/img0128ut.jpg) (http://img697.imageshack.us/i/img0128ut.jpg/)

(http://img28.imageshack.us/img28/3596/img0129z.jpg) (http://img28.imageshack.us/i/img0129z.jpg/)

Оваа постапка треба да ја повториме во овој случај 16 пати, бидејќи како што кажав на почетокот беа подуени 16 кондензатори. Од како ке го направиме сето тоа, на крајот ке ви остане ова:

(http://img707.imageshack.us/img707/3779/img0132ca.jpg) (http://img707.imageshack.us/i/img0132ca.jpg/)

Значи еден куп подуени и истечени кондензатори, кои секако не треба да ги чувате бидејки можат да бидат опасни по вашето здравје.
Конечниот исход на матичната плоча би изгледал овака:

(http://img227.imageshack.us/img227/2981/img0131a.jpg) (http://img227.imageshack.us/i/img0131a.jpg/)

(http://img683.imageshack.us/img683/5807/img0130we.jpg) (http://img683.imageshack.us/i/img0130we.jpg/)

Се надевам дека успеавте да го сватите принципот на работа и дека успеав да ви доловам дел од тајните во практичната работа со леткум, калај и пумпа на малку поспецифична површина, во случајов матична плоча.
Верувам дека ова упатство не ви беше досадно и верувам дека некој од вас ке има позитивни резултати и ке ги сподели со нас. Но искрено се надевам дека ке има негативни резултати :) Затоа уште еднаш би ве замолил за максимално внимавање при работа од ваков карактер. Доколку нешто не ви е јасно, прашајте пред да почнете со работата. Прочитајте го упатството неколку пати и нема да имате проблем. Обрнете најголемо внимание на четирите точки на почетокот на постот.
Сликите се лично мои, упатството е исто така лично мое и си го задржувам правото за измени, надополнувања и поставување на други места. хихихихи :)

Поздрав.
Title: Одг: Поправка на матична плоча - Замена на кондензатори
Post by: GigaWatt on 22.04.2010, Thursday, 22:32:49
Враво :D, одличен tutorial, сакав нешто вакво да направам, ама за вадење било каков вид на компоненти/конектори од матичната плоча, не само за кондензатори, како на пример конектори за on-board AGP картици, или сериски или паралелни портови. Како и да е, принципот е горе долу ист, само што ќе треба многу да се пази  на водовите и лемните места бидејчи се многу блиску ;).

Уште едно прашање, може ова се да го спакуваш во едно PDF и да upload-ираш на некој upload engine? ;D
Title: Одг: Поправка на матична плоча - Замена на кондензатори
Post by: BorceBT on 22.04.2010, Thursday, 22:42:41
Феноменален туторијал!!! Браво. Значи уште да додадам дека доколку не можете успешно да го испумпате калајот и да го извадите кондензаторот на тој начин направете вака:

1. Грејте го едниот вод на кондензаторот и полека навалувајте го кондензаторот за да подизлезе пинот малку. Потоа истото направете го со другиот пин. Со неколку обиди успешно ќе го одлемите кондензаторот и без пумпа.

2. Сечете ги изводите на новиот кондензатор околу 5 мм од телото на кондензаторот.

3. Држете го кондензаторот наместен директно таму каде што треба да се залеми (ги погодувате лемните места со пиновите на кондензаторите) и го држите притиснат за плочата.

4. Загревате одоздола на плочата на едната лемна точка каде што треба да се наоѓа кондензаторот. Со ова ќе се стопи калајот на местото и ќе подвлезе едниот пин од кондензаторот. Направете го ова и со другиот пин, па повторно со првиот и пак со вториот додека кондензаторот не е убаво залемен на местото.
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: SaleSk on 22.04.2010, Thursday, 23:17:44
Благодарам Борче за надопонувањето...Инаку тоа го наведов како солуција некаде во текстот но не така детално објаснето.
А за пдф-от мислам дека може, само што ке треба да го ставам во ворд, па да го конвертирам во пдф...а мислам дека вака е попрактично  ;D
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: Goce on 22.04.2010, Thursday, 23:24:12
Супер турториал многу убаво објаснето јас би се надоврзал на некој безбедносни мерки од случајни искрења од електрицитет да се користи антистатик вакумска пумпа за шмукање на калајот и најбитно е леткумот да е галвански одвоен од мрежа бидејки многу често со леткум кој не е галвански одвоен од мрежа се случуваат електросатички искрења кој можат да ги оштета другите електронски компоненти на плочата
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: GigaWatt on 22.04.2010, Thursday, 23:57:26
А за пдф-от мислам дека може, само што ке треба да го ставам во ворд, па да го конвертирам во пдф...а мислам дека вака е попрактично  ;D

Кога подобро ќе размилам, во право си, еве имаше и некои додатни мислења и дополнувања (кои мене не ми текнаа, но добро што на некои членови им текна, браво :D) , така да може и да има во иднина дополнувања, што не е практично ако се прави PDF од текстов. Нека си седи како што си е, и нека си дополнуваат членовите врз база искуствата што ги имаат ;).

Јас само би додал дека доколк имате некоја пумпица „скакавац“ како мојата (не дека е некој посебен вид на пумпица, туку дека многу голем „трзај“ има, па се случува да удри во плочката доста јако кога ќе повелече), не е лошо веднаш по самиот момент кога ќе го стиснете копчето за активирање на пумпицата, наеднаш со нагол потег да ја тргнете пумпицата далку од плочата за да не удри во неа (ми се има случено неколку пати и за малку ќе ги оштетев водовите на плочата).

Исто така, може да се случи негативните контакти од електролитите да бидат залемени за големи бакарни површини (масата), па да треба малку повеќе време да го држите леткумот врз тоа место за да може полесно да се стопи калајот доволно добро за да може да се испумпа истиот со вакум пумпата. Доколку не ви успее ни овој метод, методот на BorceBT е супер, применете го него ;).
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: Bojan on 23.04.2010, Friday, 00:07:29
методот на Борче ептен е корисен, ја скоро секогаш го користам ако ме мрзи да си ја барам вакуум пумпата или пак рака ако почне да ме боли од многу „штракање“ со пумпата па мора со прсти да вадам делови....језда ке се спржам малце ама па навинкат сум веќе на тоа...
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: MAKEDONIA on 23.04.2010, Friday, 00:50:31
koja e oznakata na kondenzatorite dali niskoimpenadtni i kolku im e ripel strujata
dobri kondezatori za promena treba da gi imaat slednite karakteristiki
zagubna struja 3mikroamperi  struja pri 105 stepeni celzius  1,4ampera  rms i impenansa pri 20stepeni celzius 39 miliomi znaci zadolzitelno da se niskoimpedantni
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: GigaWatt on 23.04.2010, Friday, 02:19:29
Јас во принцип сум ги менувал со што ќе најдам, дали во продавница, дали по дома, доста често и со кондензатори од други матични плочи што се „изгорени“. Битно функицонирале :D.
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: MAKEDONIA on 23.04.2010, Friday, 02:30:05
od drugi maticni e najdobro zosto se isto do 105stepeni  celziusovi
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: Bojan on 24.06.2010, Thursday, 12:54:18
пред некој ден бев кај сале...лемовите не се познаваат дека се со леткум лемени...како од фабрика да беше извадена матичната...
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 13:23:31
Епа супер ;).

На моите се познаваше, ама искрено никој не се бунел, не ради друго, прсреќни биле што воопшто сум им ја спасил матичната плоча, да не купуваат нова, па дали ќе најдат со ист socket, па дали ќе биде DDR1 или DDR2, па не знам што... фала богу, гледаат да си ги искористат старите компоненти од старата плоча ако веќе купуваат нова ;).
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: Bojan on 24.06.2010, Thursday, 14:09:28
јас сега треба да менувам кондензатори на една матична...wish me luck...
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 14:20:42
Ај еве ти +rep за среќа ;).
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: SaleSk on 24.06.2010, Thursday, 16:12:00
јас сега треба да менувам кондензатори на една матична...wish me luck...

Имаш туторијалче, имаш смерници и виде како тоа изгледа во живо...
Биди внимателен и мислам дека ке завршиш работа.
 ;)
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на ко&
Post by: Bojan on 24.06.2010, Thursday, 18:59:17
doneeee кога го склопив компјутерот и го пробав во детска не работеше, го однесов у гаража, го поврзав таму...и проработе бе... ме искилави додека го однесам до таму... ама како и да е сега си има нови електролити и ке си се полнат среќно до крајот на животот... тоа +реп-от од GW помогна ептен... :D
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: SaleSk on 24.06.2010, Thursday, 19:07:17
Браво  ;)
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: GigaWatt on 24.06.2010, Thursday, 20:57:10
Ајде, прво па машко ;D.
Title: Одг: Поправка на матична плоча (замена на кондензатори)
Post by: batka on 22.07.2010, Thursday, 15:19:05
Сале ,Сале честитам како со таков врв и само со 25 вати успеваш да работиш.Имам некоја пордуга опрема за ова работа.Користам Велеров систем со ножна вакум пумпа на врвот ,со мал додаток во вид на компресорче.Греачот е 100 вати со врв во вид на мина за пенкало од 3мм ,со празнива во средина и за секунда се празни целиот спој и мостот(ако е двослојна и повекеслојна плоча).Тоа е ОК.
Сега неколку мали тајни како дополнување - ако има на плочата десетина електролити кои се истечени,најпрво ги вадам со прст(не се чудите!) и  внимателно ги раздвојувам електродите кои остануваат на плочата .Електролити не ставам веднаш, туку ја врзувам само матичната со процесор, напојувањето, РАМ и графичка  и гледам дали ке запали.Тоа е кај оние ризични плочи кои не сакаат ниту да стартуваат кулер на процесор.Стартувањето го вршам еднаш.два пати во зависност дали сумјам и на напојувањето( го мерам напонот!).Доколку тргне и добијам БИОС порака на екранот,ги ставам новите кондензатори.МИ се десило да немам моментално доволно конд.па ставам извадени од друга плоча или напојување.Честопати од прва плочата не тргнува,па морам да ја стартувам неколку пати,или да ја оставам под напон да постои.Чудно,ама вистинито,плочата потоа тргнува и работи ОК.
Ми се десило плочата да тргне,а нема слика од графичката.Особено ако е на АГП слот.Ставам друга графичка и со неа тргнува,па ја вракам старата и се е во ред - си стартува нормално!