Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: TeslaBt on 18.11.2013, Monday, 14:01:20

Title: Скрипти за електроника
Post by: TeslaBt on 18.11.2013, Monday, 14:01:20
Здраво ми треба некоја скрпита за електроника бидејќи јас сум почетик во елктроника.По можност сите да се на Македонски. :)
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: Hahahaha on 18.11.2013, Monday, 14:46:49
За што поточно скрипта, нешто основно како се почнува со електроника?
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: TeslaBt on 18.11.2013, Monday, 15:10:50
Абе шо било ама да е ко книга.
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: MetallicA on 18.11.2013, Monday, 15:17:13
побарај по библиотеките, лани јас најдов една интересна книга на саемот на книгата, ама беше 1500ден, онака како што ја разгледав на брзина, имаше доста интересни работи колку да се запознаеш со електрониката.  ;) ;D
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: batka on 18.11.2013, Monday, 15:20:14
Здраво ми треба некоја скрпита за електроника бидејќи јас сум почетик во елктроника.По можност сите да се на Македонски. :)

Не си морал да го болдираш текстот.На сите помлади членови ,па и тебе - побарај на Форум  има книги,туторијали,ама за жал не се сите на Македонски јазик.И не бегајте од тоа дека мора да се научи англиски јазик,ако сакате да бидете во тек со електрониката!!
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: TeslaBt on 19.11.2013, Tuesday, 19:14:02
Не дека незнам Англиски ама мака ми е да читам на Англиски иначе во 8 имав 5
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: najdo on 22.11.2013, Friday, 05:06:37
Има една книга од 1227 страни, микроконтролери и електроника или обратно(или па нешто слично беше), та да си ја земиш внатре се има, во Битола на Технички факс ја има во библиотеката, и освен ако не си студент неможиш никако да ја најдиш или купиш(ако не лажи професорот) така да муабетот ко джабе иди ако не си студент на Тех  :-\
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: GigaWatt on 22.11.2013, Friday, 07:37:25
Еееее... таква е ситуацијата за голем дел од литературата во Македонија. Сега веќе има каква-таква литература, ама не е достапна за секого :S.
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: TeslaBt on 29.11.2013, Friday, 18:00:45
Еј најдов една скрипта на Српски е има и формули и се ете линк

Code: [Select]
http://people.vts.su.ac.rs/~bnandor/ANAEL/SKRIPTA/osnele.pdf
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: Hahahaha on 15.01.2014, Wednesday, 16:35:51
Има книга од Седра се вика Микроелектронски кола, книгата е околу 2000 страни, за кај нас дали ја има да се купи незнам, во библиотекиве ја има, јас ја имам дома, ама не е моја позајмена ми е, ја има и во 1000 книги читалната во ГТЦ. Моментално јас учам од неа и буквално се има во неа, се е убаво и детално објаснето, од отпорници реални паралелни врски, па има за диоди, зенерки, насочувачки има и за заслувачки, буквално се што опфатува електрониката има во неа :)
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: Trolko on 15.01.2014, Wednesday, 19:15:06
Има книги во копирница на електро, за секаков вид електроника, Електроника 1, 2 од Камиловски, Енергетска, Линеарна, од Гоце Арсов, Импулсна од Џеков/Ралева од искуство ќе ви кажам дека тие се многу подобри од преводот на Седра/Смит Микроелектроника

Се разбира дека оргиналната е многу добра.
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: Devil on 15.01.2014, Wednesday, 19:47:19
Многу професори со кои имам зборувано за книгиве имаат напоменато дека книгата од Седра и Смит (се мисли на преведената на македонски) не е баш јасно преведена, а ја фалат во нејзината оригинална форма дека била многу убава книга, незнам ја имав земен на кратко за некои работи ок беше, не можам да кажам дали чини преводот или не :D
Title: Одг: Скрипти за електроника
Post by: GigaWatt on 15.01.2014, Wednesday, 21:17:38
Еве ја ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9963.0
Оригиналот се препорачува како default странска литература по електроника на ЕТФ (ФЕИТ), а за преводот... не ни знаев дека има превод, ама искрено, до сега ниеден превод на Македонски кој го имам прочитано не бил добар :S. Пристапот на странскава литература е малку по различен од нашава и се навикнуваш на него кога ќе ја читаш на Англиски, ама малку е чудно кога ја читаш на Македонски :S. Не знам, мислам дека за ваква работа, кога станува збор за стручна литература, најдобро е кога е пишувана од домашни автори. Затоа и книгите од Тешиќ до ден деншен се препорачуваа како најдобра стручна литература од областа на електрониката, иако последните изданија се пред повеќе од 20 години. Електрониката од тогаш има многу напреднато, ама основите и начините на изведба на колата се сеуште исти, пакувањата на компонентите само се разликуваат ;).

Добро е што професорот Камиловски се има ангажирано да напише неколку книги од областа на електрониката, но, за жал, еден од ретките професори е кој го има направено тоа :S. Неговите книги се одлични. Имам читано и друга литература од други професори, но само книгите од Камиловски и Џеков ми оставиле впечаток.