Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: KiloVolt on 16.11.2013, Saturday, 21:27:00

Title: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 16.11.2013, Saturday, 21:27:00
Пред 2 дена го намотав потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на светот, секундарна намотка висока 1 цм, дијаметар 0,5 цм. 250 навивки со жица со дијаметар 0,006 мм, ја покрив со изолир за заштита, слики следуваат наскоро. Денес го тестирав, без штимање дава негде околу 30 киловолти.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: MetallicA on 16.11.2013, Saturday, 21:42:13
 а може да кажеш каков е ? solid state? tube? или обичен, стави некоја фотка и стави ја шемата  ;)  ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 16.11.2013, Saturday, 22:01:42
Па баш убаво рече металика стави слики изгледа ти многу ја студираш високонапонскавва техника изглеа  ;D ;D ;D ;D.Се шалам така треба.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: batka on 17.11.2013, Sunday, 00:54:47
Пред 2 дена го намотав потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на светот, секундарна намотка висока 1 цм, дијаметар 0,5 цм. 250 навивки со жица со дијаметар 0,006 мм, ја покрив со изолир за заштита, слики следуваат наскоро. Денес го тестирав, без штимање дава негде околу 30 киловолти.

Како ги измери тие 30КВ????? Допре со рака или со инструмент (киловолтметар)?
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: DX-er on 17.11.2013, Sunday, 09:40:13
Јас не гледам никаква шема овде. Или ставете шема или да ја бришам темата.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 17.11.2013, Sunday, 13:08:19
Не бев во можност да ставам слика или да пишувам на кирилица затоа што пишував од телефон, но еве сум пак на компјутер. Значи тоа е обичен теслин трансформатор. Намотан на макара од конец за шиење. Секаде каде што гледате изолир, тој е ставен за заштита, вистинската големина на намотката е скриена под изолирот за заштита затоа што жицата е потанка од влакно. Немам снимка од него во акција затоа што не е добро наштиман, кога ќе го наштимам ќе поставам и снимка..
30 киловолти отприлика, со прстот колку што можев да извлечам најголема искра.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: MetallicA on 17.11.2013, Sunday, 13:26:10
а, има шанси да ја ставиш и шемата?  ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 17.11.2013, Sunday, 13:30:00
Скроз најобичната шема е... Не гледам причина да ја ставам ???. Драјвер за плит трафото е со 2Н6253 наместо 2Н3055. попросто не бива.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: DX-er on 17.11.2013, Sunday, 14:03:27
Скроз најобичната шема е... Не гледам причина да ја ставам ???. Драјвер за плит трафото е со 2Н6253 наместо 2Н3055. попросто не бива.
ајде атавај, како немало потреба ;D :D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: LordZi on 17.11.2013, Sunday, 14:04:20
Ако веќе си отворил тема за ова, редно е да ставиш и шема, слики, објаснување и се друго потребно, можда некој ќе сака да го направи истото.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 17.11.2013, Sunday, 14:13:29
Кило волт стави шема убаво би било.И само нешто да те прашам гледам во два поста велиш триесет киловолти дава на секундар овој теслин трансформатор.Како знаеш дека се баш триесет киловолти да не ѓи измери. 8) 8).Имаш ли ДЦ киловолтметар.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 17.11.2013, Sunday, 14:17:12
Добро, само да ја нацртам на програма..
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: batka on 17.11.2013, Sunday, 14:21:33
Батка,не се мачи да црташ.Овакви шеми и правење од око некакви трансформатори со 30 КВ... ајде не се глупирајте оти некој може и да настрада,недајбоже да загине.Што со толкава опседнатост со високи напони и некакви си шатганови и глупости.Седни и прочитај прво неколку книги,па дај да растуриме тема за Тесла и неговите трансформатори или оди на Гугл и види други што работат.И не измислувај канта за вода од 10 литра ,еве толкацка 5 на 5 см... Бидете малку реални.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 17.11.2013, Sunday, 14:38:56
Кило волт стави шема убаво би било.И само нешто да те прашам гледам во два поста велиш триесет киловолти дава на секундар овој теслин трансформатор.Како знаеш дека се баш триесет киловолти да не ѓи измери. 8) 8).Имаш ли ДЦ киловолтметар.
Немам,  толку изгледа се јас не реков точно 30 киловоти и точка. А и да имав АЦ киловолтметар, теслиниот ќе го спржи. 
Батка,не се мачи да црташ.Овакви шеми и правење од око некакви трансформатори со 30 КВ... ајде не се глупирајте оти некој може и да настрада,недајбоже да загине.Што со толкава опседнатост со високи напони и некакви си шатганови и глупости.Седни и прочитај прво неколку книги,па дај да растуриме тема за Тесла и неговите трансформатори или оди на Гугл и види други што работат.И не измислувај канта за вода од 10 литра ,еве толкацка 5 на 5 см... Бидете малку реални.
Мислам дека напишав оти не е наштиман воопшто, а немам време денеска, некогаш кога ќе го наштимам ќе видиме тогаш што напон ќе даде. А напон поголем од 50 киловолти неможе да даде оти толку е голем, ќе прескокне искра од едниот на другиот крај на намотката. И не може никој да се отепа, излезот на сплит трафото е сигурно под 5 мили ампери.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: batka on 17.11.2013, Sunday, 14:57:13
Батка,нешто * у грешка си ми*,ајде погледај ја шемава и ова што некој друг го направил.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 17.11.2013, Sunday, 16:06:30
Струјата на твојот ко демек теслин трансформатор е мала неможе да убие некого.Пошто изгледа ти не користиш некој јак сплит трансформатор.А ова што го има постирано батка може да те задрма јако а во најлош случај и да те убие.Мој совет не користете флајбек трансформатори од големите телевизори.Тие даваат многу висок напон.Земете некое мало флајбекче на пример од портабл телевизорине што беа.Но тие оставаат изгореници.Слушајте паталец.Кило Волт немој толку многу да бидеш опседнат со високо напонската техника не ќе е на арно. ;D ;D ;D ;D.Се шалам.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 17.11.2013, Sunday, 16:11:08
Батка,нешто * у грешка си ми*,ајде погледај ја шемава и ова што некој друг го направил.
Јас според тоа што го нацртав го направив, а и ова е така направено, само не знам во што мислиш дека ми е грешката, ако мислиш дека е до отпорниците, вака ќе ти кажам- јас првпат кога експериментирав користев отпорник од 220 оми, пола ват, а наместо отпорник од 22 оми користев графитен потенциометар, се течеше мазно додека не ја измерив вредноста на потенциометарот, таа беше 156 оми! Видов дека фрекфенцијата се менува како што го вртам, но најдобро работеше со вредност од околу 20 оми, па нарачав од алфа отпорници со овие вредности. 220 и 22 оми - двата 5 вати.
Ако мислиш дека е до бројот на навивките, да знаеш дека и тие не се фиксни вредности. Јас користам примар- 10 навивки, а фидбек 4. Ако мислиш дека е до транзисторот, и тука нема грешка, ова коло работи со било кој НПН транзистор. Единствена работа што не е вклучена во колото е ненскиот индикатор, го ставив после првиот тест помеѓу колектор и емитер за греењето на транзисторот да се сведе на минимум(како заштита од електромагнетни импулси).
Мислам дека со овој текст ти одговорив на сите можни недоразбирања. ;D
Струјата на твојот ко демек теслин трансформатор е мала неможе да убие некого.Пошто изгледа ти не користиш некој јак сплит трансформатор.А ова што го има постирано батка може да те задрма јако а во најлош случај и да те убие.Мој совет не користете флајбек трансформатори од големите телевизори.Тие даваат многу висок напон.Земете некое мало флајбекче на пример од портабл телевизорине што беа.Но тие оставаат изгореници.Слушајте паталец.Кило Волт немој толку многу да бидеш опседнат со високо напонската техника не ќе е на арно. ;D ;D ;D ;D.Се шалам.
Напротив, користам јак сплит трансформатор, но не му давам моќност да ме убие. внесувам само 75 вати, од кој отпорниците и транзисторот 0колу 5% претвораат во топлина, а околу 15% се одзема од фидбек намотката за да го вклучува транзисторот. Значи ако напонот на секундар е околу 25-30 000 волти тогаш можеш да замислиш колку е слаба струјата, плус тоа, еднаш ме здрма, па еве жив сум. ;)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: Atanas on 19.11.2013, Tuesday, 19:54:18
Јас искрено се изненадив од тоа како работи...Бидејќи го виодов во живо како работи...
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 20.11.2013, Wednesday, 10:35:55
Quote
Напротив, користам јак сплит трансформатор, но не му давам моќност да ме убие. внесувам само 75 вати, од кој отпорниците и транзисторот 0колу 5% претвораат во топлина, а околу 15% се одзема од фидбек намотката за да го вклучува транзисторот. Значи ако напонот на секундар е околу 25-30 000 волти тогаш можеш да замислиш колку е слаба струјата, плус тоа, еднаш ме здрма, па еве жив сум.
Киловолт чим ти си ги превземал овие мерки за претпазливост не може да те убие пошто не ја користиш целата моќност од сплит трафото и струјата што ќе ја даде е до 5 милиампери.Многу е мала и не е опасно.Но внимавај високиот напон остава изгореници.Но ти имаш искуство со високонапонскава техника.И во претходните постови имаш пишувано гледам све за високонапонска техника.Но пак треба да се пази со висок напон.И плус дојде и до недоразбирање мислев дека насловов на темава е најмалиот теслин трансформатор.Па си помислив сигурно користи и мал флајбек трансформатор од портабл телевизорине.Но сега ти си кажа дека користиш голем. ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 20.11.2013, Wednesday, 21:03:02
 :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'(
Денес го вклучив за да го снимам, но заземјувањето не беше поврзано за долната страна на теслиниот, прескокна искра на искричарот и го прегоре трафото! Сега незнам што да правам!
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 20.11.2013, Wednesday, 21:22:30
Ах бре киловолт кога ти викав ја батали теслини трансформатори една грешка  едно криво поврзување и све прегорува.Мое сочуство за трафото  :'( :'( :'( :'( :'(,.Голем баксуз си да го сликаш да ни покажеш сам го направи и ти прегоре трафото.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 20.11.2013, Wednesday, 21:49:09
Жал мие затоа што тешко се наоѓаат такви неректификувани трафоа, но готово е, беше, помина, ќе си намотам јасн на феритното ново  :-\
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: batka on 20.11.2013, Wednesday, 22:22:15
:'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'( :'(
Денес го вклучив за да го снимам, но заземјувањето не беше поврзано за долната страна на теслиниот, прескокна искра на искричарот и го прегоре трафото! Сега незнам што да правам!

Јас мислам дека малку треба да ја оставиш таа ВФ техника,бидејчи очигледно дека си уште апсолутен почетник во електрониката.Навистина можеш да настрадаш,ако ништо друго иако мала јачина сепак тие високи напони може да предизвикаат тешки опекотини.Внимателно и никако без заштита кога работиш такви работи- најдобронамерно.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 21.11.2013, Thursday, 10:46:47
Ова со изгорениците јас цело време се обидувам да му го кажам.Ова нека биде лекција сега ќе мота трафо ново ќе се мачи.И друкпат со голема претпазливост работи.Провери се по двапати каде и како ти е поврзано.Поздрав од мене и не се откажувај ова нека ти биде лекција.Внимателно со високонапонската техника. ;D ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 22.11.2013, Friday, 11:18:43
За изгорениците немора да ми кажувате, си ја научив лекцијата пред некој месец кога го правев драјверот и ненадејно ме спеца и имаше изгореница на местото каде што ме фати. Одтогаш секогаш кога правам измени на билошто двапати проверувам дане има некој кондензатор или било што што чува  енергија, и ако има го празнам со шрафцигер. А и трафото, бидеќи и тоа чува малку енергија после гасењето(така и ме здрма порано, затоа знам ;D ) Сега ќе пробам да бидам претпазлив да не ми отидат неколку дена работа в канта. ;D ;D ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 22.11.2013, Friday, 20:56:37
А киловолт не ве сватив значи вие сега наново си мотате високонапонско трафо така нели.Внимателно и кога ќе го намотате пишете.Со среќа. ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: Z31GH on 22.11.2013, Friday, 22:31:07
можеш да ставиш слика од прегореното трафо  8)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 23.11.2013, Saturday, 10:54:44
Богами киловолт ставете некоја слика од тие ваши високонапонски проекти. ;D ;D ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 23.11.2013, Saturday, 15:19:38
Еве го теслиниот склопен пред тестирање, и прегореното сплит трафо  :'(
И видео од првиот Теслин трансформатор што го направив, тој ме навлече на сето ова, но за жал го изгуби трафото поради неговиот ситен пријател.
75W Tesla coil (untuned) (http://www.youtube.com/watch?v=8brBoPQfisk#)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: MetallicA on 23.11.2013, Saturday, 16:37:33
вакво сплит трафо можеш да најдеш во старите телевизори со лампи, кај нив напонот од сплит трафото се исправува со лампа, а додека кај новиве има вградено во нив диоди.  ;)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 23.11.2013, Saturday, 16:40:47
вакво сплит трафо можеш да најдеш во старите телевизори со лампи, кај нив напонот од сплит трафото се исправува со лампа, а додека кај новиве има вградено во нив диоди.  ;)
За ова незнам, нема ни диоди ни ламби немаше.Само да знаеш, едвај чекам баба ми да го фрли стариот телевизор в канта. Ќе и речам да ви го даде  ;)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 23.11.2013, Saturday, 17:19:26
Тоа старите телевизори биле со ламби и каскадата им била надворешна.Сега поновиве модели од осумдесетите деведесетите се со флајбек трансформатор со внатрешна каскада.И има нели како секоја каскада тоест како секој умножувач на напонот високонапонски диоди.Тие се внатре во самиот состав на флајбек трансформаторот ти не ѓи гледаш.Поздрав киловолт и многу убаво што си ставил слики ;D ;D ;D.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 23.11.2013, Saturday, 20:35:02
Незнам, на овај намотката му ја пресеков на пола, сето бакар беше(вчаден), и еден слој изолација одозгора. ламба не видов. трафото го гледаш на слика.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: MetallicA on 23.11.2013, Saturday, 20:49:15
лошо си ме разбрал, лампата е на плочката т.е. шасијата од тв-то а трафото е посебно и дава на излез ac а додека кај новите не постои лампи или диоди на плочката за исправување на напонот после сплит трафото туку се вградени во него  ;)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 23.11.2013, Saturday, 20:59:15
Ако е така ќе побарам на плочката некоја ламба. ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 23.11.2013, Saturday, 22:57:30
Quote
Тоа старите телевизори биле со ламби и каскадата им била надворешна.Сега поновиве модели од осумдесетите деведесетите се со флајбек трансформатор со внатрешна каскада.И има нели како секоја каскада тоест како секој умножувач на напонот високонапонски диоди.Тие се внатре во самиот состав на флајбек трансформаторот ти не ѓи гледаш.
.Ете сега не свати и мене и металика инаку ако имаш постар телевизор можеш да најдеш ламба.Од осумдеста па наваму сите телевизори се со внатрешна каскада.Тоест диодите се внатре во флајбек трансформаторот.Е сега плус порано немало многу диоди полупроводнички, и користеле ламби триоди ;D ;D ;D.Но ти реков денес да најдеш ЦРТ телевизор со ламби тешко.Освен ако твоите немаат сочувано некој стар ;D ;D ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансm
Post by: MetallicA on 23.11.2013, Saturday, 23:04:48
му реков да бара такво трафо од стар тв, бидејки тоа дава наиземнична струја на излез, а теслиниот трансформатор работи токму на наизменична струја. така да новите сплит трафа не му вршат работа бидејки даваат еднонасочна струја на излез со тоа нема да работи теслиниот трансформатор. инаку има еден куп стари телевизори по отпадите само треба да се побара малку подобро.  ;) ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 24.11.2013, Sunday, 12:17:33
Да убаво му кажавте тие стари сплит трафоа даваат исклучително само наизменична струја а за теслиниот трансформатор му треба наизменична струја.А инаку флајбек трансформаториве од телевизориве даваат дури и по 30 киловилти али ДЦ еднонасочна струја.Е сега да треба да бара по отпади. ;D ;D.Но овие трафоа можат да бидат фатални ако не се работи со претпазливост.И секако треба да пази да не го изгори ;) ;D ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: DX-er on 24.11.2013, Sunday, 12:23:05
Како може еднонасочна струја да помине преку трафо? Нели треба да е наизменична за да има индукција.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансm
Post by: MetallicA on 24.11.2013, Sunday, 12:25:52
сите сплит трафа работат на наизменична, ама овие новите имаат вградено во нив диоди и напонот од секундарот се исправува со тоа даваат еднонасочна струја на излез.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 24.11.2013, Sunday, 12:30:59
Е токму така ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 24.11.2013, Sunday, 19:46:37
сите сплит трафа работат на наизменична, ама овие новите имаат вградено во нив диоди и напонот од секундарот се исправува со тоа даваат еднонасочна струја на излез.
Уствари, каскада имаат вградено, јас расклопив еден, верувај ми(немој да го жалиш, прегорен беше).
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: MetallicA on 24.11.2013, Sunday, 19:51:10
сите сплит трафа работат на наизменична, ама овие новите имаат вградено во нив диоди и напонот од секундарот се исправува со тоа даваат еднонасочна струја на излез.
Уствари, каскада имаат вградено, јас расклопив еден, верувај ми(немој да го жалиш, прегорен беше).
епа јас што ти зборев цело време. дека имаат внатре каскада т.е. диоди кои го исправуваат напонот и на излез имаа еднонасочна струја.  ;)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: Toma on 24.11.2013, Sunday, 20:43:36
Quote from: MetallicA
...каскада т.е. диоди...
Објасни ги овие два поими како една целина со речникот на електроничарите !
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: MetallicA on 24.11.2013, Sunday, 20:58:33
иако јас не сум чул за тој твој
Quote
...речник на електроничарите...
ама ке се обидам да објаснам како јас тоа го сфакам. на примарот има осцилатор кој осцилира на висока фрекфенција мислам дека е околу 16кхз, притоа се индуцира електромагнетно поле во феритното јадро, бидејки на примарот има наизменична струја се создава магнетно поле кое расте и опага во однос на синосуидата кај примарот, со тоа се индуцира и напон кај секундарот кој што е со поголем број на намотаи а со самото тоа има и повисок напон, бидејки напонот е наизменична струја како последица на наизменичната струја во примарот, таа мора да се исправи(ректификува(rectify)) со цел да може да работи CRT лампата бидејки на наизменичен напон таа не би можела да работи правилно бидејки од анодата не може да се емитуваат електрони, а и да може тоа веке нема да биде CRT. за да се исправи напонот се користат диоди ама се става и "Volatge multiplier" нешто како ова

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Voltage_Multiplier.png)

ако ова не е точно те замолувам да објасниш ти со речникот на електроничарите за да знам во иднина  ;).
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: Toma on 24.11.2013, Sunday, 21:19:06
Сепак не ги објасни овие два поими
Quote from: MetallicA
...каскада т.е. диоди...
како една целина со “речникот„ на електроничарите !

Можеби мислиш на такво нешто !

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/F9WXWMKF8RP7YF0.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/F2TGGIEF8RP81UP.jpg)
Code: [Select]
http://www.instructables.com/id/High-Voltage-Multiplier/?lang=zh
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 25.11.2013, Monday, 10:29:46
иако јас не сум чул за тој твој
Quote
...речник на електроничарите...
ама ке се обидам да објаснам како јас тоа го сфакам. на примарот има осцилатор кој осцилира на висока фрекфенција мислам дека е околу 16кхз, притоа се индуцира електромагнетно поле во феритното јадро, бидејки на примарот има наизменична струја се создава магнетно поле кое расте и опага во однос на синосуидата кај примарот, со тоа се индуцира и напон кај секундарот кој што е со поголем број на намотаи а со самото тоа има и повисок напон, бидејки напонот е наизменична струја како последица на наизменичната струја во примарот, таа мора да се исправи(ректификува(rectify)) со цел да може да работи CRT лампата бидејки на наизменичен напон таа не би можела да работи правилно бидејки од анодата не може да се емитуваат електрони, а и да може тоа веке нема да биде CRT. за да се исправи напонот се користат диоди ама се става и "Volatge multiplier" нешто како ова

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Voltage_Multiplier.png)

ако ова не е точно те замолувам да објасниш ти со речникот на електроничарите за да знам во иднина  ;).
Затоа јас цело време сум бил во забуна... ти под ламба си ја подразбирал катодната цефка...добро.
И имам едно прашање до сите овде, сатоа што ме мрзи сега да монам многу намотки, дали може да користам од оние индикаторине за 220 волти шо се со неон.(се среќаваат како неонски индикатори и тињалици за да ви разјаснам. ???
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: batka on 25.11.2013, Monday, 15:27:17
Очигледно треба да се напише *Речник за електроничари*! 8)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 25.11.2013, Monday, 17:56:01
Кило Волт веќе повеќе членови ви кажаа дека внатре во самото трафо има диоди кои ја исправуваат струјата.А инаку јас имам сретнато телевизор нишки од 1964 година.Е кај него имаше сплит трафо со надворешна каскада наместо напонот да се исправи со диоди се исправуваше со тогашните лампи пл36.Сигурно металика не мислел на катодната цевка кога викал ламба.Пошто он и во претходните постови викаше дека чепкал по отпади.Ете така киловолт да ве информирам нешто и од мене да научите.  ;) ;) ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансm
Post by: MetallicA on 25.11.2013, Monday, 20:10:33
кај постарите телевизори ретко има каскада туку целиот напон го дава сплит трафото а потоа има една лампа(диода) мислам дека е py81 или dy нешто така беше. инаку пл36 и пл504 се користени во хоризонталниот излезен степен. ;D патем катодната цевка е слична со оние лампите магично око што ги има како индикатор по радијата.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 25.11.2013, Monday, 21:48:24
Кило Волт веќе повеќе членови ви кажаа дека внатре во самото трафо има диоди кои ја исправуваат струјата.А инаку јас имам сретнато телевизор нишки од 1964 година.Е кај него имаше сплит трафо со надворешна каскада наместо напонот да се исправи со диоди се исправуваше со тогашните лампи пл36.Сигурно металика не мислел на катодната цевка кога викал ламба.Пошто он и во претходните постови викаше дека чепкал по отпади.Ете така киловолт да ве информирам нешто и од мене да научите.  ;) ;) ;D
Знам тоа, само ме бунеше оти викавте диоди наместо каскада, тоа е тоа.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 25.11.2013, Monday, 21:50:54
Пл 504 се користи во хоризонталниот излезен степен али кај првите телевизори пл36 се користеше исклучитиво за исправување на напонот од сплит трафото.Инаку во правоси пл36 многу ретко се користела за тоа но пл36 беше прва ламба што се користела во телевизорите тоа биле оние загребачките РИЗ.Но така е после оваа многу ретко се користела пл36 за исправување на напонот.Други подобри ламби се користеле јас само како пример ја дадов да му разјаснам на членот киловолт.Али после се готово со таа технологија денес се користат високонапонските диоди.Внатре се во флајбекот.Инаку да не дојде до забуна металика јас знам кои ламби се користеле само така реков многу се навратив назад се навратив на првиот телевизор кој бил само со една програма и тој после сплит трафото имал пл36 за исправување.Но немојте да се љутите малку забегавме од темата но јас сакав само да објаснам да се разбереме ;D ;D.
Quote
Знам тоа, само ме бунеше оти викавте диоди наместо каскада, тоа е тоа.
Ете готово проблемот е решен дојде до недоразбирање.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 25.11.2013, Monday, 22:10:18
Ајдее, кај забега темава! ;D ;D
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 25.11.2013, Monday, 22:13:32
Тоа е за ламби запраивте муабет и јас одма да кажам што знам како.Кој се употребувале порано ;)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: Toma on 25.11.2013, Monday, 22:22:04
Информативно!
Кај постарите црно бели телевизори првите две слики се на високонапонски трансформатори, изведбата е со ламби а третата со полупроводници (транзистори).
Ламбите во најголем број беа - PY81, PY88, PL36, PL500, PL504, DY86, DY806 .....(за во боја PL519)

(http://static.limundoslike.com/slika-Linijski-Transformator-Visokonaponski-3-33377049v140h105.jpg)(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/slika-Linijski-Transformator-Visokonaponski-1.jpg)(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/slika-Linijski-Transformator-Visokonaponski-2.jpg)

Шема со ламби општо...

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/pl81mustersch.png)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: nsu on 25.11.2013, Monday, 22:28:13
Така пл 504 и другите највише се користеа јас пл36 ја кажав како пример дека таа била прва.Но сега оваа технологија отиде во заборав.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 26.11.2013, Tuesday, 11:09:26
а оние како рефлектори на излезот на трафото што се, ламби?
И ајде не карајте се повеќе, да не заигра -тужи баба дугмето-!
Ептен забегавте од темава!
Докажување и карање во ПП! >:( >:(
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: LordZi on 26.11.2013, Tuesday, 12:17:28
Тоа е контактот (капата) за анодата од високонапонската диода, таа најчесто е со некоја ознака DY... и таа го исправа високиот напон од трафото, а не PL36 или PL504, кои што се пентоди со максимален работен напон од неколку стотини волти.
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 27.12.2013, Friday, 18:39:28
Најдов на интернет слика, некој ме поминал...

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2005_0206_232859_tn.jpg)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: batka on 27.12.2013, Friday, 21:58:29
Да плачеме ли сега? ;)
Title: Одг: Потенцијално најмалиот Теслин трансформатор на СВЕТОТ!
Post by: KiloVolt on 28.12.2013, Saturday, 13:03:57
Да плачеме ли сега? ;)
Кој рече така?  :D