Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: MarkoMK on 26.10.2013, Saturday, 12:01:13

Title: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 26.10.2013, Saturday, 12:01:13
Што мислите за овој начин, дали може да се пренесува видео сигнал на кратко растојание??

Code: [Select]
http://www.instructables.com/id/How-to-Make-a-Simple-but-effective-tv-transmitter-/
Еве на кратко доколку не ви се чита целиот текст: Видео (и/или) аудио сигнал се носи на РФ модулатор. После тоа излезот од РФ модулаторот се носи на влез на антенско појачало а на неговиот излез се приклучува антена. (се врзува обратно од стандардното поврзување).

Сигналот кој го емитува антената, после тоа би требало да се гледа на секој аналоген ТВ приемник во близина.

Најдов нешто и на Youtube

Homemade TV Transmitter (http://www.youtube.com/watch?v=CfxoeL9g5yI#)

ама никако нејќе да профункционира кај мене.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: DX-er on 26.10.2013, Saturday, 12:57:23
Можно е, имам другар кој го направил ова и работи.
Ајде да видиме што е проблемот, модулаторот на кој накал ти работи (VHF1, VHF3 или UHF) ?
Засилувачот кој модел е, дај линк да го видам.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: batka on 26.10.2013, Saturday, 16:48:47
Прво,пробај директно на RF излезот  на модулаторот дали добиваш сигнал.Значи,внеси го сигналот од модулаторот директно во антената  на ТВ апаратот (како видео да приклучуваш!!!) и види дали се фаќа сигналот на телевизорот .Ако има прекинувач за тест ,вклучи го и треба оние две бели вертикални црти да ги добиеш.Е,потоа оди со предпојачувачот,ако е исправен, ке добиеш слика на 10-тина метри растојание.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: DX-er on 26.10.2013, Saturday, 17:01:27
Eдно прашање во спат, каде можам да купам добар ТВ антенски засилувач ?
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 26.10.2013, Saturday, 17:59:09
Значи вака. Еве ја целата „конфигурација“:

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/DSC_0335.jpg)


РФ сигнал земам од видео (поставено на тест) значи треба да добијам 2 вертикални црти. Видеото е марка Филипс, и исправно е (го користев порано, сега што вика Батка не сум го пробал директно на ТВ, ама ќе го пробам па ќе пишам). Засилувачот го купив уште од времето кога имаше авто пазар, и го користев за делење на кабловска (пошто ептен беше слаб сигналот). Уствари сигналот можда бил добар ама имав приклучено 5 телевизора на него  ;D ;D ;D
Таа плавата жица ми е антена, а тоа рачното телевизорче ми е приемник.

Иначе еве и слика одблиску на засилувачот:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/DSC_0336.jpg)

Засилување 18 dB со gain control до -10 dB, потрошувачка на моќност 2,8 W.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: DX-er on 26.10.2013, Saturday, 18:29:56
Браво Марко, е така да заличи прашањево како што треба. Ова е за пофалба, и пример до сите други членови што не знаат да постават прашање. Вака се поставува прашање, а не како некои други што викаат не ми работи телефонот, што му е? Ти чуди се што да му одговориш, или пак не ми работи бубата, ниту слика има ниту конкретно да каже....затоа тамо нема ни решение. Ако се скржават да направат слика џабе е, нема успех тамо.

Значи прво направи како што ти рече Батка, ако има слика тогаш поврзи го со засилувачот на следниот начин: каде што е местото за RF input стави го кабелот што излегува од видеото (RF out) а на засилувачот каде што пиште RF оut стави некоја антена за ТВ, а ако немаш антена земи 2 жици по ХХ сантиметри и едната врзи ја за плусот а другата за минусот и двете нека се една наспроти друга. На телевизорот стави му собна антена.
Тоа хх сантиметри, ке ти кажам колку треба да биде должината на жиците но прво треба да ми кажеш на кој канал го фаќаш сигналот? Кога викам канал не мислам на 1,2,3 туку на кој UHF или VHF канал.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: ggoce on 26.10.2013, Saturday, 18:50:05
Марко може ли да ја поставеш шемата имам една камера така ми стое. Во минатото користев кабел долг 12м до телевизорот и ја батали. Прави според една шема за тв предавател UHF но имав проблем со еден вртлил кондезатор неможев добро да го добијам сигналот изнервираме и отавив но со RF не сум пробал бидејки немам, како и да е ако не ти е проблем постирај ја да ја разгледам на линковите што си ги ставил гледам само слики и видео.
Ако добро разбрав трансмитерот е правен но не купен!?
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 26.10.2013, Saturday, 19:52:33
Марко може ли да ја поставеш шемата имам една камера така ми стое. Во минатото користев кабел долг 12м до телевизорот и ја батали. Прави според една шема за тв предавател UHF но имав проблем со еден вртлил кондезатор неможев добро да го добијам сигналот изнервираме и отавив но со RF не сум пробал бидејки немам, како и да е ако не ти е проблем постирај ја да ја разгледам на линковите што си ги ставил гледам само слики и видео.
Ако добро разбрав трансмитерот е правен но не купен!?

Нема шема.. Се е готово само ги поврзуваш.
Тоа не е трансмитер него антенско појачало за ТВ.
Значи ако имаш камера поврзувањето оди:
Камера --> РФ Модулатор (или старо видео) --> Антенски засилувач --> Антена
И сигналот го „фаќаш“ на било кој телевизор.
Сега бар нема пречки од други аналогни сигнали  ;D ;D

@Dx-er
Ќе пробам уште еднаш како што викаш..
Сега тоа на кој канал, незнам пошто на видеото позади има само едно штрафче и така се штелува ваљда на која фреквенција ќе биде сигналот.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: DX-er on 26.10.2013, Saturday, 19:53:43
не не, туку на телевизорот на кој канал го примаш сигналот ???
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 26.10.2013, Saturday, 20:01:11
не не, туку на телевизорот на кој канал го примаш сигналот ???

Па пробувам на тоа рачното телевизорче (на сликата што е десно од засилувачот) има ухф и вхф опсег.
Иначе ако е битно можам да пробам на телевизорот во дневна... ќе ми се раштелуваат сите канали од кабловската пошто само autoscan има :( ама ај ќе пробам  :)
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: DX-er on 26.10.2013, Saturday, 20:11:45
не не остај тогаш, ке направиш антена по дифолт 2х40cm и готово :)
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 26.10.2013, Saturday, 21:03:12
СРЕДЕНА РАБОТА  ;D ;D ;D ;D

Ми профункционира..
Сепак проблем бил тест сигналот од видеото. Му донесов видео сигнал од ДВД плеер и супер си функционира. Ај ќе видам ако можам клипче ќе направам..

Иначе антената ја направив 2х40 см како што кажа ДХ ер

Фала ви на помошта  :)
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: DX-er on 26.10.2013, Saturday, 21:56:22
Ајде сега кажи колку имаш домет?
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 27.10.2013, Sunday, 20:37:03
Ми фаќа од една во друга соба  :).. сега сакам да го испитам дометот подалеку ама нешто ме зеза тоа рачното телевизорче, му купив 4 батерии на полнење (NiCd) и не сака да работи... >:( сигурно мал е напонот... треба да биде 4х1,5=6 волти а овие на полнење се 1,2 па ми излегува 4х1,2=4,8 волти и одма ми се гасне,... незнам некое чаре ако знаете или да отворам друга тема за ова  ???
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: GigaWatt on 27.10.2013, Sunday, 21:15:22
Стави 5 место 4 батерии ;D.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 27.10.2013, Sunday, 21:26:21
Стави 5 место 4 батерии ;D.

 :) :) и да го замотам со селотејп околу онака  ;D
не збира иначе///
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: GigaWatt on 28.10.2013, Monday, 01:56:41
Во серија на некоја од нив, било која, додади петта ;). Го изолираш контакот на едниот крај со некој изолатор, парче пластика. На пример, ќе го изолираме позитивниот контакт од една од батериите. На позитивниот контакт од батеријата поставуваш едно парче метал, на пример, алуминиумска фолија. За тоа парче фолија врзуваш жица, таа ја врзуваш за негативниот контакт од петтата батерија, а позитивниот контакт од петтата батерија го врзуваш за изолираниот контакт од уредот ;).

Искрен да бидам, ме мрзеше да цртам, инаку ова многу поедноставно ќе се објаснеше преку слика ;D.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: MarkoMK on 28.10.2013, Monday, 18:06:30
Абе те сфаќам друже... ;) За проба може на тој начин да направам ама за трајно решение не може пошто тоа е портабл уред. Нема каде да ја ставам таа 5-та батерија ќе треба надвор да виси :)
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: GigaWatt on 28.10.2013, Monday, 19:48:44
А, тоа ли бил проблемот ;). Епа да, освен ако не планираш да ја врзуваш со салотејп, нема друг начин да не виси ;D. Може евентуално да пробаш со 9V-на батерија и стабилизатор со LM317, ама ова решение значи дека и стабилизаторот ќе троши струја :S.
Title: Одг: Изработка на супер едноставен видео (ТВ) предавател
Post by: DX-er on 03.11.2013, Sunday, 11:20:34
 MarkoMK тестираше ли домет со телевизорчето ?