Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 05.10.2013, Saturday, 01:28:33

Title: Дометот и снагата на ФМ предавателот
Post by: DX-er on 05.10.2013, Saturday, 01:28:33
Бидејки деновиве се повеќе се актуелни темите поврзани со радио предаватели... машала машала, уште да се фати леткумот в рака и да се склопи по некој предавател ке биде добро. Епа како поттик во вашата работи, еве ја оваа информација околу снагата на уредот и дометот на сигналот

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=11334.0;attach=10710;image)
Title: Одг: Дометот и снагата на ФМ предавателот
Post by: batka on 05.10.2013, Saturday, 01:42:37
Ова е добро ,ако се мери во идеални услови,пред се на рамно земјиште.Но,во реални услови на простирањето на УКТ  зависат многу други фактори кои не се спомнати,како состав на земјиште,конфигурација на терен,какви објекти има во околината,дали има електронагнетни извори,енергетски постројки(трансформатори,далеководи) ,Во реалноста многу често се случува  на еден терен ,на иста надморска висина,при иста снага,при различити временски прилики  да се постигнуваат различни домети. Друг фактор е и антената.И многу битен! Во зависност од теренот се бира антената и тоа наменски.На УКТ за да се оствари поголем домет се земаат насочени антени со поголемо појачување со кои и со помала снага се постигнуваат исти домети.Трета работа е оптичка видливост помеѓу предавателот и приемникот,висината на антената,местоположбата итн.Еве најсвеж случај - на едно место луѓето се побунија и не сакаат да плаќаат РДТ -такса за Македонска РТВ ,бидејки немаат прием.Овие од МРТВ велеа дека тие луѓе живеат само 100 м од предавателот на ОНЕ кој е на највисокиот рид !!! Но навистина под ридот се јавува *џеб* кој не дозволува предавателот да дојде до приемниците на цела една страна на улицата со 150 куќи!! ;D
Title: Одг: Дометот и снагата на ФМ предавателот
Post by: DX-er on 05.10.2013, Saturday, 01:54:58
Само малце ми е чудно, многу вати за малце километри. Ватите на Диме се по ефективни од овие на сликава 100% гарантирам! Кај него со 250mW се покрива 50% од градот а до 5W скоро цел град. Затоа сам Диме вика, овие вати и моите не се исти. Има сепак разлика.
Title: Одг: Дометот и снагата на ФМ предавателот
Post by: batka on 05.10.2013, Saturday, 01:57:39
Диме се наоѓа на рид кој доминира над градот! Тоа е многу битно!! За УКТ е многу битно од која висинска точка емитираш!!