Македонски форум за електроника
Околу форумот => Побарувања => Topic started by: MarkoMK on 23.05.2013, Thursday, 07:04:20
-
Мислам дека треба автоматски да се направи да не се појавуваат повеќе од еден цитат. Јас сум член на еден форум за политика
http://www.topix.com/forum
и таму чим цитираш некого а веќе имало еден цитат или повеќе, само стои (quoted text) и толку. Не ги пишува сите цитати туку само последниот.
-
Како прво членовите кои се заинтересирани да учествуваат со свои мислења во одредени теми, треба прво да расчистат со поимот “Цитат“ или како овде е дадено “Цитирано“.
Цитат (Цитат е буквално наведување на туѓи зборови или наведување по смисол, а со цел потврда или посликовито објаснување на сопствениот исказ.)
мн. цитати
Вид збор: Именка, машки род
Точно, буквално пренесен дел од некој текст.
Англиски: quotation
Употреба: Литература
Примери:
Ракописот обилуваше со цитати.
Проверување на цитати.
Не е спорно дали да се користи “Цитирано“, туку спорно е зошто да се одговара со “Цитирано“ кога за тоа постои прозор со “ОДГОВОР“. Секако дека треба да се користи и цитат но под одредени услови, пример кога се сака да се потенцира на кои изрази или мислења од претходно дадено мислење (не од претходен пост) треба да се реагира или да се даде сопствено мислење или гледиште.
Секој кој што пишува може да прави разни “егзибиции“ со текстот или сликите, само тоа да го “филтрира“ преку “Прегледај“ пред да притисне “Испрати“ и така рафиниран пост да излезе во јавноста.
Се на се членовите треба да не брзаат туку прво да одделат малку време да се запознаат со можностите кои им ги нуди форумот а посебно полето (прозорецот) во кој го пишуваат одговорот и да ги користат “иконките“ одозгора кои што овозможуваат добро и квалитетно напишан пост.
-
Јас мислам дека најголем проблем се "multi-quote" (цитат во цитат) post-овите. Се останато, искрен да бидам, не ми пречи, дури и ако се цитира претходниот post, а веднаш потоа се дава одговор во наредниот. Но, како што пишав, post-овите во стилот на „цитат во цитат во цитат“, да навистина се збунувачки и делуваат непрегледно :S.
-
Како прво членовите кои се заинтересирани да учествуваат со свои мислења во одредени теми, треба прво да расчистат со поимот “Цитат“ или како овде е дадено “Цитирано“.
Цитат (Цитат е буквално наведување на туѓи зборови или наведување по смисол, а со цел потврда или посликовито објаснување на сопствениот исказ.)
мн. цитати
Вид збор: Именка, машки род
Точно, буквално пренесен дел од некој текст.
Англиски: quotation
Употреба: Литература
Примери:
Ракописот обилуваше со цитати.
Проверување на цитати.
Не е спорно дали да се користи “Цитирано“, туку спорно е зошто да се одговара со “Цитирано“ кога за тоа постои прозор со “ОДГОВОР“. Секако дека треба да се користи и цитат но под одредени услови, пример кога се сака да се потенцира на кои изрази или мислења од претходно дадено мислење (не од претходен пост) треба да се реагира или да се даде сопствено мислење или гледиште.
Секој кој што пишува може да прави разни “егзибиции“ со текстот или сликите, само тоа да го “филтрира“ преку “Прегледај“ пред да притисне “Испрати“ и така рафиниран пост да излезе во јавноста.
Се на се членовите треба да не брзаат туку прво да одделат малку време да се запознаат со можностите кои им ги нуди форумот а посебно полето (прозорецот) во кој го пишуваат одговорот и да ги користат “иконките“ одозгора кои што овозможуваат добро и квалитетно напишан пост.
GigaWatt искрено нели ти пречи вака а да е последен пост на кој треба да се одговори пример само со
Да
-
нема да ми пречи кога не е тој последниот пост, односно одговорот не се однесува на последно напишаниот пост во темата, него на некој пост кој можеби се наоѓа на претходната страница, а во меѓувреме има толку многу нови постови во таа тема што се губи прегледноста, и доколку некој (пр. јас) сакам да му одговорам на некого не би можело точно да се определи што пишувам, нај искрено јас ги игнорирам цитирањата, такви мулти посебно, не се ни трудам да ги читам, пошто ако ме интересира дискусијата се со ред си читам :D
@Toma
пр. ова би било глупо и идиотски сега јас тебе да те цитирам за само ова да го пишам на твоето последно мислење, се знае дека одговоров е наменет за тебе (пр., ова за сите важи инаку)
-
Добро, да, не е баш најпрегледно ни вака... особено ако одговорот треба да биде само „Да“ ;D. Но, од друга страна, мора па вака да се направи, ако одговорот се однесува на post од пред некоја страна од темата.
Како и да е, да, се сложувам со тоа дека корисниците треба да се научат да го цитираат само оној дел на кој се однесува одговорот бидејќи, на големи post-ови, само збунуваат километарски цитати, а тоа лесно се прави со бришење на определен текст од цитатот. Е сега, дали ќе сакаат корисниците да го почитуваат овој „критериум“ за читкост на post-овите, тоа е сосема друго прашање. Ние можеме да „брбљаме“ до задутре, ама додека сами не решат, ние не можеме секој post да го преправаме... веќе го правиме тоа за сликите на форумот (а веќе и ретко опоменуваме, видовме дека нема поента, џабе опоменуваме, корисниците пак си тераат по свое ::)), не можеме се да преправаме и да бидеме секаде во секое време.
-
GigaWatt искрено нели ти пречи вака а да е последен пост на кој треба да се одговори пример само со
Да
Значи пишувам за пост кој е претходен и последен и треба да следи одговор.
нема да ми пречи кога не е тој последниот пост
Тоа и мене не ми пречи, дури е и пожелно за да се знае на кого се реплицира
@Toma
пр. ова би било глупо и идиотски сега јас тебе да те цитирам за само ова да го пишам на твоето последно мислење
Па тоа е најболното и нелогично.
Во меѓувреме напишал и GigaWatt
веќе го правиме тоа за сликите на форумот (а веќе и ретко опоменуваме, видовме дека нема поента, џабе опоменуваме, корисниците пак си тераат по свое ::)), не можеме се да преправаме и да бидеме секаде во секое време.
Предупредување, па бан на 7 дена, па месец и на крајот траен. ;D
-
Предупредување, па бан на 7 дена, па месец и на крајот траен. ;D
Абе еден период и така правевме, ама па не „караа“ дека сме биле многу строги ::).
-
Нека се “караат“ дома а тука треба да се почитуваат правилата какви, такви додека не се изменат.
Па членовите имаат потреба од форумот а не обратно. Подобро помал број квалитетни и културни членови отколку голем број членови „за парада“ на форумот.
-
Добро, како и да е, во глобала, членовите ги почитуваат правилата (ако не повеќе, барем најважните, а за останатите, ако ептен гледаме дека некој член упорно не почитува некое правило, тогаш, да, следуваат опомени, па ако продолжи и санкции). А што се однесува до ова „проблемот“ со цитатите, најверојатно нема да се воведува ново правило бидејќи и онака веќе многу правила има на форумов, ако фатиме и за некои вакви работи да пишуваме правила, ќе треба посебна секција да отвориме само за правила. Ако забележиме некаде дека некој упорно има цитат во цитат во цитат, да, членот најверојатно ќе биде опоменат ;).