Знам дека е стара темава ама ако некој сака да проба да го направи ова да ги земе во предвид следниве работи:
-Можно е проблемот да биде во rise & fall времето на MOSFET-тие, т.е. тие во една точка да бидат вклучени истовремено и да го краткоспојат напојувањето (заради тоа што колото пример било дизајнирано да работи со побрзи MOSFET-и а сме ставиле потроми). Во овој случај тоа не е проблемот затоа што во споредба со IRFP260, IRFP460 е побрз.
- Можно проблемот да е до антената, да е прекратка, предалеку од секундарот или слично, но сепак NE555 би дало почетен пулс што би го активирало колото што би предизвикало искра... Тоа не е проблемот овде затоа што нема искра.
- Овде е проблемот до драјверите, тие се наменети за МАКСИМУМ 15V на влез, а имаат измерено 25V на излез. Тие можат да го дадат тој првичен пулс, но проблемот е што тоа носи 25V на гејтовите на MOSFET-ите (Ug(max) за IRFP460 e +-20V) , што ги вклучува, и и им го пробива оксидниот слој на гејтовите, што трајно ги вклучува и прави краток спој на напојувањето. А од каде се нашле тие 25V? Најверојатно заради расипан LM7812 што пропушта испеглан напон +25V што го предизвикал овој проблем.