Што ми е целта:
-Поединечен sustain за секоја жица, не сакам да ми се мешаат фреквенции.
-Исто така да имам и поединечен излез од секој од 4те пикапи преку еден кабел, кој ќе оди во една разводна кутија каде што ќе бидат сместени сите конектори и -фантом линеарно напојување, со цел да нема шумови, но сепак доволно моќно да биде доволно за 4те драјв магнети истовремено. Ова не би требало да е над 200mA вкупно.
Бидеќи сакам и да можам да ги снимам поединечните излези, сакам да има солидно добар тон од нив, што значи премногу навивки не идат во обзир бидеќи големата индуктивност ги редуцира високите фреквенции што му помагаат на басот да се истакнува, а веќе свирам бас без прагови со flatwound жици, што значи тонот веќе од почеток е малку туп, не сакам да го деградирам повеќе.
Тоа значи 4 посебни пикапи за секоја жица, и 4 посебни електромагнети. Ми требаат премногу навивки за ова, па мислам дека шпулни од релеи би завршиле работа без премногу да се замарам.
Деновиве ќе појдам во логинг и ќе земам по 2 од најефтините релеи за 12, 24 и 48 волти, па ќе видиме дали и кои имаат најдобри шпулни за пикап и за драјв на самите жици.
Финалниот дизајн на 1 или 2 пикапи би го залил во епоксид од практични причини. Утре ќе направам некои скици како сето би изгледало.
EDIT #1Идејата за поединечни пикапи е земена од ROLAND GK-3 гитара-MIDI конвертор, а идејата за релеи како пикапи е земена од овде:
