Женска работа нема што да се дели тука
Малку старомодно ми е тоа женска/машка работа. Јас лично не ги сваќам така работите... гледам кај нас, барем постариве, над 40, 50 години, барем повеќето, сеуште така ги сваќаат работите, ама не ми е гајле. Работа како работа, ако можам и јас да ја завршам, ќе ја завршам. Имам и диплено, бришено прашина, го преповивам малиот, му давам да јаде, го дункам, го успивам, го чувам, си играм со него... што треба работам, ако знам и ако ме бива за тоа. На пример, не сум естета, за мене е важно да е функционално се, не ми е важно како изгледа, така да, од естетски аспект, работите и ги оставам на жена ми, како ќе каже за работи за по дома, така ќе биде
... бидејќи и онака не ми прави некоја разлика како изгледаат работите дома
. Само да нема предмети и облека по земја, само тоа ме нервира
.
Има добри правосмукалки и на вода.
И да има, не сум начекал таква. Сите кои ги имам пробано и видено имаат помала вшмукувачка моќ од онаа која јас ја земав, Philips-от. Ајде еве, како пример, одлепува тепих од земја... не на раб на тепихот, на средина од тепихот... го лепи и може да го дигне едно добри 3, 4 сантими во воздух. Јас таква вшмукувачка моќ имам видено само од Кирбито (лесна му земја
... уште го чувам, ама нешто е зезнат моторот... изгледа не е голем кварот, ама ме мрзеше да го средувам и така стои сега). Така да, уште една ваква иста би земал за во иднина во случај оваа да се расипе за едно 10-тина години
. Мада кој знае што ќе има тогаш на располагање, така да, нема сигурно да фрлам пари за тоа сега
.
Има бош блендер добар е, но попустот што ми го дадоја од 2500 на 1200 ми остави утисак дека се препралтени.
Преплатено е се од тоа, нема збор. Сите brand names се преплатени. Ама, од друга страна пак, немаш баш некоја средина. Или имаш петпарачни како Fuego-то, за 700, 800 денари или имаш некои brand name и преплатени. Трето, за жал, нема
. Ако блендираш еднаш во три месеци нешто, и овој Fuego-то ќе ти тера 10 години... ама ако си со бепче и треба да блендираш секој ден... епа нема да трае
. Не дека ми е криво за парите за Fuego-то, ситна пара беше, ама ете, си се покажа на дело кој е подобар
. Преплатен да, ама подобар во секој случај
. Ни грее, ни тресе
.