Здраво здраво.
Имам проблем со матичната плоча на компјутерот. Имено најпрво по самоиницијатива престанаа да работат онборд звучната картичка и онборд мрeжната картичка. После вадење на СИТЕ електролити од матичната и мерење со ESR метар и враќање назад на истите на матичната плоча ( сите беа исправни ) констатирав дека тука запира мојата стручност во сервисирање на проблемот и отидов и си купив PCI мрежна картичка и PCI звучна картичка.
Повторно по извесно време ( 30 и кусур дена ) по самоиницијатива истовремено прекинуваат да работат и PCI картичките. По позајмување на други исти вакви PCI картички констатирав дека не работат PCI слотовите на матичната плоча. Дали вие како постручни во областа на електрониката може да ме посоветувате која компонента има можност да е расипана па да ја заменам или како да истестирам која компонента расипана со цел да се спасам од трошокот на купување нова матична плоча
Се работи за матична плоча
Asrock P4i65ghttp://www.asrock.com/mb/Intel/p4i65g/index.asp?cat=
На располагање имаме Унимер и ЕСР метар.
Фала!!