Ова антена одамна се врти на руските сајтови,па решив да ја испробам на едно мало предавателче. Во сите варијанти(домет,практичност ,големина.....) ги надмина очекувањата и слободно може да се рече дека ова антена е рамна на нормална 1/4 таласна вертикална УКВ антена,а поради својата големина има и некои предности.Ако е добро направена изненадува со своите можности и карактеристики.Подесувањето е со скратување ( милиметар по милиметар!!) на горниот дел на антената.