Дигитална електроника > Сè останато
Прекинувач со далечинско од ТВ
BorceBT:
Ова е од мене дизајниран прекинувач (вклучи/исклучи) кој работи на кој било далечински управувач:
Ќе го насочите далечинското кон овој уред, ке притиснете кое било копче (малку задржете) и уредот ке се вклучи. Притиснете пак кое било копче (малку задржете) и уредот ке се исклучи. Доколку држите постојано уредот ке се вклучува и исклучува. Уредот кој го вклучувате и исклучувате се поврзува на релето. На шемата има ознака доколку имате старо далечинско (на пример од нишки телевизор) да го поврзете на пинот 4 од интегрираното коло или доколку имате ново далечинско (по 1992-ра) да го поврзете на пинот 3.
Шемата:
Изработениот тест склоп (имам ставено ЛЕД диода на релето за проба дали вклучува):
Сензорот за далечинското е стандарден сензор за далечинско од ТВ:
Georgi:
Дали лесно може да се најде во продажба ова CD4024 и колку чини од прилика?
Devil:
лесно се наоѓа а за цена непозната
Bojan:
тоа приемникот дали ке го најдеш...јас си имав порачано 3 такви од vishay..
BorceBT:
Лесно се наоѓа приемникот, цената му е меѓу 50 и 100 денари додека CD4024 би требало да го има во подобро снабдените продавници за електроника со разни цени, некаде може да е 20 денари а некаде и до 70-80 во зависност од продавницата и производителот. Во секој случај не е скап склопот.
Navigation
[0] Message Index
[#] Next page
Go to full version