Ништо, вака не можам да видам :S. И на твојата шема пишува +12A или +12F (а и на таа што ја имам јас исто е). Не знам што значи тоа :S. Најверојатно е тоа тој напонот од 9V, ама не сум сигурен :S. Ќе мора „пешки“ да одиш :S. На сите интегрирани кола провери со beep-ер дали се врзани за тој напон од 9V. Потоа, со посебна жица, со веќе одлемени пинови на C2635, BYD33D и C2636 и споени заедно (како што направи претходно, кога проверуваше), ќе го носиш тој напон до секој од напојувачките пинови на интегрираните кола кои се покажало дека се поврзани за напонот од 9V. Пред да го направиш тоа, ќе го одлемиш пинот за напојување од интегрираните кола и ќе го остаиш да виси во воздух, а за тој пин ќе ја залемиш жицата со која екстерно ќе го носиш напонот од 9V. Исто така, не е лошо да го направиш ова и со околните компоненти за стабилизација на напонот за напојување на интегрираните кола, односно со кондензаторите за стабилизација. Значи, паралелно им го носиш напонот на сите компоненти за стабилизација на напојувањето на интегрираното коло и на самото интегрирано коло, па гледаш дали ќе падне напонот. Ако падне, значи тука е проблемот
. Гледаш да не е некој пасивен елемент прво проблематичен (калем, отпорник, кондензатор), а ако е се во ред, на ред оди на тест само интегрираното коло, ако напонот паѓа кога е само на него врзан пинот од 9V, значи тоа коло е неисправно
.
Споено мислење: [time]03 Јануари 2012, 20:39:01[/time]
Ме чуди, пошто сите се рубикон кондензатори. Имаше еден отиден, баш на 9V линија, ознака 2523, беше скроз отиден, капацитет нула, еср 130, го сменив ама пак напонот паѓа (иначе едино тој бил мењан претходно и не беше рубикон ).
Ја откачив диодата, напонот е сега 9V, ќе ги проверам елементите после неа па ќе пишам...
Епа тука може да бил проблемот, можно е сувиот кондензатор да зезнал некоја друга компонента, па дури и интегрирано коло
.