Author Topic: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА  (Read 10790 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #75 on 31.01.2014, Friday, 16:12:06 (Edited 31.01.2014, Friday, 16:14:02) »
Дали мислиш дека изумот на кока кола ке го најдеш на некој форум?

Не, претпоставувам дека ова е причината поради која вработените во Кока Кола не пишуваат по форуми ;).

Јас никаде не видов по постот некој да побара и даде конкретно мислење за руска подморница освен рекла казала чаршиски муабет дека е сра*е и дека троши дупло повеќе од ова или она итн итн.

MURO побара ;). Еве ајде, јас можеби не се разбирам, ама има некои кои се разбираат и побараа научен доказ дека неговиот систем е навистина ефикасен. Такво нешто, не беше дадено.

Незнам кој не ти нуди црна кутија? Сите кои имаат некој изум и кој е патентиран не го презентираат тоа до детал, поготово на јавен форум. Мислам дека никој не спомна дека неговиот изум е најдобар, туку дека е многу различен од претходно наброените и дека не е вистина дека троши дупло повеќе електрична енергија.

Тогаш нема што да пишува на јавен форум. Патем, целата поента на форумов е споделување на знаење и информации. Од информации, добивме само дека kanosistemi има систем кој, по негово тврдење (научно непоткрепено и без адекватно објаснување), троши многу помалку енергија од системот спомнат во конкретнава тема. Од знаење... добивме само дека течноста се добива со мешање на 18 состојки ???. Кои? Кока кола, колачиња, метални струготини, лепак...? Недокажана информација, ништо повеќе.

Да не ме разберете погрешно, но јас навистина никаде не го увидов тоа дека кано се рекламира, туку дека настапи во одбрана на нешто за кое што беше прозван.

Никој него не го прозва ;D. Темата е отворена одамна ;D. Не е од завчера ;D. Членот сам, на негова инцијатива решил да пише. Ако веќе решаваш да пишуваш во одбрана на некоја теза, треба да имаш докази. Од докази, јас само видов неколку слики, толку.

Човекот ве повикува јавно за да ви презентира нешто на лице место. Незнам зошто постојано се обидувате да го извртувате муабетот.

Членот јавно си ја изрекламира неговата фирма, кратко и јасно. Дури и јавно пиша дека определени членови, по неговите post-ови на форумов, му пишале приватни пораки за соработка. Да не пишеше на форумов, немаше да ги има тие понуди ;). Што е ова ако не реклама ;D?

Имајте убав и прекрасен ден исполнет со љубов и прекрасни мигови  :-* :-* :-*

И ти исто ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
SaleSK некако премногу се заземаш за кано....Тоа е добро,но не разбирам зошто се конфронтираш во негово  име? И ти рече дека сум во право кога велам дека е ова Форум и дека има некои форумски правила кои секој треба да ги испочитува,за да учествува во дискусиите. Бидејќи човекот се изрази дека неќе да ги споделува своите знаења со членовите на Форумот,беспредметно е да дискутираме понатаму за нешто за што некој не сака да разговара!

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
@Kano
Ок, за рекламирањето и народните изрази завршивме. Точно е господине кано, дека професорите надвор од факултетот или во кафана зборуваат народски. Ама тоа е надвор, во факултетот мора да си има ред и стручните изрази да се користат во стручно образование. Мене лично не ми смета тоа и јас многу подобро ќе ве разберам ако зборувате на народен јазик. А зошто тогаш користиме колку што можаме стручни изрази кога пишуваме нешто? Сте знаеле ли дека овој форум го користат основци, средношколци, студенти? Сте знаеле ли дека овој форум има и едукативен карактер. Замислете наместо напон да се користи терминот „струја„?
Да речеме на пример „Една сијалица работи на струја од 220в„ Значи тогаш  струјата се мери во волти наместо ампери. Сигурен сум дека тогаш некој ученик ќе се изрезили на школо. Затоа ве молам немојте да се лутите што имавте забелешка од повеќето членови.
Вие влетавте тука како каубоец или револвераш во некој Saloon, а не сте знаеле дека во тој Saloon има побрзи револвераши што користат колтови од поголем калибар.
Вие спомнавте дека ќе го напуштите форумот. Тоа нам не ни е цел да ве натераме да го напуштите форумот. Што повеќе активни членови тоа подобро. Замислете дека ви треба некогаш помош или совет за решавање на некој проблем во вашите системи? Секој член колку што може ќе ви помогне со совет или шема, а за тоа нема да ви наплати. Затоа сме тука и форумот е за тоа, нели?
Замислете дека вие вработувате некоја личност и таа личност уште од самото појавување во вашето претпријатие  се прави најпаметен дури и вас да ве „учи на памет„? Сигурен сум дека следниот ден ќе добие отказ.
Вашиот првобитен настап едноставно е како примерот со каубоецот,  или вашиот нов потенцијален работник, внесе наеднаш негативна енергија меѓу сите.

Дали вие ги прочитавте правилата на форумот? Мислам дека не. Дали вие се претставивте? Мислам дека не, има тема и за тоа која е на некој начин задолжителна на сите форуми.
Никој нема да ви ја кради идеата, а тоа што не е за кажување не треба да се пласира тука. Имате тема за продавање во Огласи па мислам дека ќе ви дозволат таму.
Сепак на крајот одлучете вие дали сакате или не сакате да се дружите со нас, никој не ве тера со сила да бидете тука.
Ова не го зборувам за инает, ова го кажувам со најдобра намера.  8)
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ок, за рекламирањето и народните изрази завршивме. Точно е господине кано, дека професорите надвор од факултетот или во кафана зборуваат народски.

Знам дека не сум прозван и дека не се однесува ова на мене, ама морав да искоментирам. Сум седел со професори на кафе и сме правеле муабет на стручни теми. Искрено, никој од нив не се изразувал со „херцажа“ и „волтажа“ кога се мислело на фреквенција или напон. Можно е да кажеле „тактот“, ако станува збор за сигнал со правоаголни импулси, ама не и „хрецажа“.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline kanosistemi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #79 on 01.02.2014, Saturday, 01:33:03 (Edited 01.02.2014, Saturday, 01:45:37) »
не ви ги знам на сите никовите но ке почнам вака...

батка...

да, уште точно 2 пати се логирав на форумов само за да прочитам какви постови сте напишале. еднаш и напишав текст од можеби 100 реда и на крај го избришав. сите текстови што ги прочитав се една увертира од извртени зборови, искривена вистина, цитирање на извадоци од еден текст (она што некого лично тангира) или пак она што си го наоѓа за сходно да контрира. никако не ми е јасно зашто во генот (проклет) балкански тоа ни е зацртано? да контрираме?

сале ск.
очигледно само ти ја свати поентата на мојот текст и пишување. во ниеден момент не дојдов да се рекламирам туку без лично затангиран бидејки беа спомнати руски подморници, ас сонди и кано системи заедно во еден кош. дојдов, пишав и бев нападнат. плус згора на тоа нападот и навредите неможат модераторите да ги прочитаат и увидат? многу добро... можеби така функционира овој форум.

тим електроник и сите останти што барате дапојаснувам.

на кратко ке ви го кажам следново:
кано системи постои повеке од деценија. за тој краток (релативно) имаме наместено преку 2.000 системи. оние што ги интересира кој е бенефитот од поставување на овој систем се заинтересирани и ги имаат добиено одгвоорите досега. никој од вас не го решавал проблемот со поставување на сопствено парно (од почеток) па затоа и не сте информирани. во денешно време кога се донесуваат такви големи одлуки (читај скапи) нај често лугето прво мнооогу се информираат.  оној момент кога ке се сретнат со системот (било кој не само кано систем) ги собираат сите податоци и така дознаваат. претпоставувам сале ск така дознал или се информирал за овој систем па затоа и знае повеке луѓе со вградени системи. примерот негов за топлинските пумпи и кока кола е сосема на место. никој од нас тука не знае што има во кока колата ама сите ја пијат.

дали можеби некој производител на автомобили го става јавно на интернет (форум) софтверот од автомобилите? па на денешно време тој е единствениот двигател за нивното производство. врвно криена тајна. заклучени софтвери. недозволен пристап до софтверот дури и кога ја имаш колата кај тебе. а зашто? затоа што тоа им е носачот на пари и заработка. тркало секој ке направи. моторот секој ке го расклопи и мултиплицира повеке пати (милиони-кинези секако) но софвтерот никој неможе.

дали можеби сакате свето од ск пивара да ви постира на интернет која е рецептурата за пивото? пази да не... а можеби и јапанците ви покажуваат како го прават сакето...

така и кај мене, во мојата фирма нема да ви кажам се. уште во првиот пост напишав дека нема да кажам се. кој мисли дека може да открие од што е составен екетролитот бујрум нека постави систем од нас (да имам и јас некое фајде од тоа) со задоволство ке му оставам електролит одвишок. нека проба да го најде што е. дури еве, и ке помогнам, има неколку органски материи. е баш да видам како органските материи ке ги откриете во лабараторија и ако да во кој континент ке го правите тоа и колку ке ве кошта... не, не се мајтапам, не се ситам, не се смеам, не се заканувам нити пак се правам фраер, сељак (љаксе) или било што. само ви посочувам дека во кано системите електролитот е она што ме држи на нозе, во оваа држава каде што не си заштитен од никого на никаков начин.

 во оваа држава ако успеам да измаркентизирам и продадам фино спаковани гомна во целофан, одма ке добијам конкуренција, затоа што ке ја види рецептурата. јас не се плашам од конкуренција, напротив тоа е здрава работа, но нека си го заработат лебот а не на некој форум на интернет да добијат условно кажано рецепт и на тацна како работи системот кои се тајните на него, кој е електролитот (и тоа некој погоре пиша, во стилот КОИ се тие 18 состојки) и да земе одма да го направи и продава... а јас? што имам јас од тоа? зашто сум потрошил сума пари и сума време за да го откријам тоа и да дојдам до финишот? а што имам јас од тоа што на него ке му ги нароам очите?

понатака, не барам од никого на збор да ми верува. такво нешто нема. ни на роден брат не му верувам, бидејки ни он не ја знае точната состојка на електролитот. а што се однесува до материјалите, димензиите и начинот на изведба на системот е лесно за секого. купи го, јас ке го наместам и кога ке си отидам, расклопи го до штравче. се ке ти биде на тацна. тоа ми е јасно како ден дека е лесно. но затоа нема да ти биде јасно кој е електролитот и што всушност се случува во него..

знам дека тука на форумов има стручни лица, знам дека има способни момци и знам дека во вас лежи иднината (дел од нејзе, да не претеруваме) на државата. од вас зависи дали ке се истакнете со нешто како јас што сум се истакнал. дали ке барате работа за 150-200 евра или ке си го испотите газот правејки нешто со кое ке се гордеете и ке печалите. е да ве видам тогаш дали ке ви биде драго на некого да му го БУКВАЛНО дадете во рака вашиот труд. да, имав понуда за откупување на елкетролитот, одбив да го продадам, бидејки сметав дека овака поише ке заработам. и не сум згрешил. од друга страна они одбија да соработуваме на мој начин, а тој беше со понудени 2 опции:
-процент од секој монтиран систем, следниве 45 години или
-јас да го произведувам елкетролитот, а они и само они да имаат ексклузивно право да располагаат со него и само за нив да го произведувам. ги одбија и двете опции.

нема мнамера понатаму да се објаснувам со никого за ништо. доколку сакате да дискутираме за греење повелете. имам архива на фотографии (илјадници).  имам контакти од луге кои ДОЗВОЛИЛЕ нивните броеви да ги давам за информација за искуство. така можам да покажам, докажам и објаснам за ова што јас го работам. се надевам дека ги разјаснивме сите проблеми зашто сум тајновит и шкрт со информации. кој верува нека верува, одлично. кој не верува исто така нека не верува, пак одлично за него. само не е во ред како прошлиот пат после мојот пост да се појават постови во стилот:
-ова е лага,
-ова е превара,
-ништо поразлично од другите
-човеков не е стручен
-човеков појма нема што збори
и слични такви НАВРЕДИ кон мене, мојата професија, мојата стручност и работа. тоа што несакав да ги кажам податоците не ме прави ни преварант, ни нестручен ни лажго, ама вас господа ве прави личности недоволно компетентни за обична нормална дискусија (не стручна)...

а од друга страна, ако вие господа форум бирократи (администратори и модератори) тоа го сметате за ненавреда туку нормална дискусија тогаш стварно треба да си ги преиспитате вашите логики и моралитетот на кое ниво се.

Споено мислење: 01.02.2014, Saturday, 01:45:37
сакав само да додадам дека некој спомна на факултет професорите ако си им рекол на народски јазик ке направеле вака или онака... да, на факултет ако се спомнеше било каков нестручен збор, може и шамари ке паднеа... ама тука не сме на факултет. како што и самите рековте, тука е јавен форум и како што и самите рековте тука има еден куп пасивни читачи, деца млади и слично... ова е форум... јавен, за сите, за било кој...

Offline alex

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 54
  • Gender: Male
Почитувани, форумов е за СПОДЕЛУВАЊЕ на знаење и искуства, а НЕ за мерење на знаењето....

Сакам да почнам да бришам постови, но од каде да почнам?

Кано, Ве молам, доколку имате трпение и време, да го средите текстот во кој објаснувате како овој систем функционира со коректните технички називи, па да го споделите во нова тема, бидејќи оваа ќе биде ЗАКЛУЧЕНА.

Сфатете, форумов го модерираат луѓе, а не машини. Не е можно да се надгледуваат сите теми, сите постови, сите грешки кои се прават и истите да се корегираат!
Не биди себичен, сподели го своето знаење со другите... what goes around comes around ;)