Author Topic: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА  (Read 10793 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Видов монтирана ваква * подморница*  кај еден пријател.Беше цилиндрична 30х20 см,цилиндрична форма ,директно на доводот на водата под лавабото.Имаше врзано 220V преку термостат монтиран на самото тело на греачот.Значи цевка со два вентила ,на неа намотан греач.Греачот имаше два реда намотки,а грејната чица беше со 0,8 мм дебелина со некоја силиконска или не знам каква обвивка ( можеби и тефлонска!!) и на средина метален прстен од лим на кој беше прицврстена сондата од термостатот. Целата конструкција беше поврзана со термо (пластично) црево со првиот радијатор,а потоа сериски беше носена само една цевка од радијатор до радијатор.Последниот радијатор имаше извод во одводниот канал во WC-то.Едноставно,ама релативно скапо решение.Троши сигурно како две термо печки.Ми се чини дека по една година пријателов го исклучи*системот* и се префрли на термо-печка  ;D

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
За електроничарот нема препреки - освен празна батерија!
ima  toa e prazen djeb
Z33MK

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Quote
За електроничарот нема препреки - освен празна батерија!
ima  toa e prazen djeb
Па овој проблем кој сега ти го посочи е препрека во сите професии не само кај електроничарите

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За електроничарот нема препреки - освен празна батерија!
ima  toa e prazen djeb


Не е тоа препрека.Правиот електроничар треба да знае од ништо да направи нешто! Па не џабе цел живот собираме половни делчиња!  :D Не е се во парата. Пример : имав еден мал петоодделенец кој од старо радио и еден електромотор имаше направено повратна пила - комплет од стари фрлени  делчиња. Со тоа победи во класата - конструктори и на Републички натпревар.Пилата сечеше шпер-плочи навистина,а не чинеше ниту денар.Сега момчето е еден од најдобрите студенти на машинство со просек 9,5( трета година).

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
genijalnosta nikogas ne zavisela od parite
Z33MK

Offline socaoh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Целта на темава беше:

1.Дали е добар системот

2.Дали некој се грее со такво ЧУДО?

3.Дали има некој искуство во местење и одржување

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
За крај на темата:

1.Влече многу струја!

2.Во услови на скапа струја не се исплати да го ставаш

3,Веке не ни гледам огласи за набавка и поставување како пред 4-5 години кога беше *хит* ,прво во Хрватска,па Србија,па кај нас.

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
60 TITE GODINI IMAVME TAKVI PROTECNI GREACI NAMESTENI NA SAMATA CESMA ,BEA OD BAKELIT I VNATRE
IMASE GREAC SAMO BEA OPASNI.DIREKNO ODESE 220 VO VODATA
Z33MK

Offline nikola_janev

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Сега ја видов темава и можам да ви пренесам искуство од 3-4 тестирани “Руски подморници“. Енергетската ефикасност не е ни приближно како што ја опишуваат за возврат на тоа добиваш еден куп главоболки.

1.   Во водата мора да ставиш електролит обично сода бикарбона за да дотераш околу 20-25 ампера по фаза. АЛИ Струјата варира со температурата на водата така да ако ладна е 20А на 50 степени е над 32А па избиваат осигурачите.Штелуваш 13А на ладно да стигне 23-25А кога ќе згрее.Арно ама 13А се 2900 вати па кога ќе се загрее ладен стан пиши.

2. Содата хемиски реагира со некои типови на радиатори па после две години протекуваат на спојот.Исто така некои типови на подморници (Нишки) електродата во средна е од некоја легура што се распаѓа во системот.

3.Никако не смееш да имаш бакарни цевки зошто влегуваат во хемиска реакција со алуминиумските радијатори при процесот на електролиза.Водата станува црна и се создава талог кои го има запушено системот кај што има колена од 90 степени.

4.При процесот се создава гас HHO кој е запалив и се собира во радијаорите после две недели радијаторите греат до пола (мора да го испушташ гасот).Зарди ова ден од производителите ни препорача над “подморницата“ да користиме автоматски вендил за обезвоздушување...арно ама ако сето тоа е на некое местенце каде нема струење на воздух...незнам не е пробано

Има уште многу ама и ова е доста........


Offline kanosistemi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #24 on 23.01.2014, Thursday, 23:45:13 (Edited 24.01.2014, Friday, 00:44:21) »
здраво на сите.

прво ке се претставам. јас сум алек. сопственик на фирмата каноинжинеринг, која се бави со ПРОИЗВОДСТВО и МОНТАЖА на електролитни системи за греење, т.е. КАНО системи. јас лично во оваа област сум нешто над деценија. во мојата позадина на монтажа имам преку 2000 монтирани системи.

случајно барајки по нет нешто наетав на оваа тема и секако, ги прочитав сите постови и бидејки ме тангираат грешно изнесените податоци тука, би сакал да ве информирам и секако да ја исправам неправдата.

значи, текстот на енергија што е поставен е комплетно ископиран од мојот веб сајт, со тоа што го прикриле името на системот, малку смениле од текстот и со тоа ги изгенерализирале сите слични системи со едно појаснување, што е комплетно грешно. мојот ваб сајт е kanosistemi.com.mk таму ке можете да прочитате подробно за овој систем.

значи ке почнам од првиот пост, кај што е покажан ас термика со линк. претходно тоа беше фирмата леотерм. значи ист газда ист систем. човекот што го продава тој систем не е техничко лице туку е бизнисмен. инаку тој е мојот бивши газда. јас на времето работев кај него и секако идејата од овој систем што го нудам сега делумно потекнува од таму, но иновацијата за кано системот е комплетно моја. значи тој систем и мојот се разликуваат во некои битни сегменти иако се слични. понатака руските подморници. на мојот веб сајт за нив има цела една страна посветено, со појаснување како работи истата.
како финален заклучок по ова прашање е дека сите 3 системи СЕ електролитни котлиња но се многу различни помеѓу себе... исто како и автомобилите... и застава и мерцедес се автомобили но се доста различни.

руските подморници работат на сода бикарбона. нестабилна комбинација, опасна за користење и како што некој пиша претходно, создава ННО гасови кои се запалливи.

ас термика и неговите сонди. тоа се сонди кои се 4-5 генерации постари од она што јас го нудам. таму како и секој почеток, имаше нешто сосема поинакво на пазарот. сондите и системот трпеа измени и по изглед и по подобрување на функционалност и секако економичност. но нивниот напредок заврши оној момент кога јас си заминав од таму, бидејки техничкото лице бев јас, како што реков тој беше само газда и за жал имаме исто име, па не ретко лугето не мешаат.

конечно, кано системот. овој систем е нај напредна генерација во сверата на економичните лекетролитни котилња-сонди.  секоја година убав дел финансиски се инвестира во тестирања во новитети и секако подобрување на системот. истиот е доведен до перфекција. некој погоре спомна создавање гасови, преотеретенст на струјата, високи амперажи и дека со 3 киловати неможе да грее... кој мисли дека неможе, слободно нека ме контактира и ке му докажам дека може, ама со кано систем а не со другите опции.

кано системот не користи сода бикарбона. еден комплексен електролит, од точно 18 состојки го сочинува кано системот многу стабилен. за разлика од сондите на ас термика кај кои што препорачливо е на секои 3 години да се мења електролитот, кај нас ние велиме колку е постар толку е подобар електролитот и никаква промена не доаѓа во предвид. тоа ти е како да чуваш некое добро вино во визба и после години поминати да речеш, ај старо е, дај ке праиме ново вино.

околу искористливоста на струјата. некој погоре напиша дека електричен греач има 95% искористливост на струја во однос на дадена топлинска енергија. да, тоа е точно, но ако се мери на спиралата од греачот. меѓутоа од спиралата на греачот, понатака има кварцен песок, метална обвивак и бидејки се работи за вода нели, ке има и каменец залепен нанего. водата е дури петиот елемент во таа низа која треба да ја прими топлинската енергија преточена од електрична. тука се појавуваат огромни загуби, што во производство на воздух, што во некомплетно искористена струја, што во загуба од самиот казан на котелот и тоа може да биде до 55% од струјата или кратко речено односот на дадена топлинска енергија на ниво на котел во однос на струа е 1:0,5

кај кано системот тие елементи на загуба се елиминирани така што на времето појдовмо од самата замисла. ВОДАТА ДА БИДЕ ГРЕАЧОТ... и точно тоа е целата прикаска, водата т.е. електролитот е греачот. искористливоста на струјата е 1:1. одтука и е неговата економичност во однос на електричниот котел кој ние ја декларираме помеѓу 35 и 55%. ова не се бројки треснати од ракав туку се податоци добиени од децениско искуство и монтирани бајаги сонди и системи позади себе. нај големиот систем е со 15 сонди, монтиран на еден објект од 1600 метри квадратни. неколку системи со по 12 сонди и 9 сонди, начелно за греење во згради... да да, цели згради, помали секако.

за секакви прашања може да прашате тука на форумов, но бидејки сме малку повеке зафатени со монтажи, ке ми треба можеби повеке време додека да одговорам. од друга страна на контакт мејлот на нашата страна (уште еднаш страната) kano.com.mk или kanosistemi.com.mk сигурно ке добиете одговор во нај брз можен рок. таму како што реков има многу појаснувања, има контакт форма и има телефони.

секое добро на сите.

алек


едит...

сакав да додадам линк од барем еден форум македонски на кој се пријавија неколку луѓе на кои им имаме монтирано кано систем па да ги видевте нивните информации... но незнам дали е или не е етички според вашите правила. нека се изјаснат личностите од администрацијата на форумов. долку не, тогаш ок, нека биде не, нема лутење.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
сакав да додадам линк од барем еден форум македонски на кој се пријавија неколку луѓе на кои им имаме монтирано кано систем па да ги видевте нивните информации... но незнам дали е или не е етички според вашите правила. нека се изјаснат личностите од администрацијата на форумов. долку не, тогаш ок, нека биде не, нема лутење.

Нема проблем, слободно, но линковите на форумов се кодираат ;). Од кои причини, може да се прочита во следната тема ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10790.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline kanosistemi

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
слабо ми иде со тоа... на кое копче треба да се кликне кога се праќа порака за да излезе кодот т.е. тоа розевото поле?

п.с.  ако треба линковите од мојот веб сајт во мојот пост кодирајте ги слободно.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Супер хипер греач РУСКА ПОДМОРНИЦА
« Reply #27 on 24.01.2014, Friday, 01:12:43 (Edited 24.01.2014, Friday, 01:15:06) »
слабо ми иде со тоа... на кое копче треба да се кликне кога се праќа порака за да излезе кодот т.е. тоа розевото поле?

Не ми текнува која боја е ;D (мислам и дека немаше некоја конретна боја ;D, мислам „валкано бела“ дека беше), но кога сакаш да додадеш одговор на некоја тема, има едно копче од листата на алатки со опции кои може да се додадат во post-от, вториот ред, над smileys, копчето е означено со тараба (#). Кратко и јасно, го копираш или пишуваш линкот во post-от, го маркираш текстот со линкот и кликаш на копчето тараба, на краевите (пред и по линкот) ќе се појави code tag-от (ќе го забележиш) и тоа е тоа.

п.с.  ако треба линковите од мојот веб сајт во мојот пост кодирајте ги слободно.

Линковите ги скратив за да не „отскокнуваат“ од текстот кога ќе се кодираат. Ако нема "www" или "http" напред, скриптата не ги препознава линковите како hyperlinks.

ПС: Ако сакаш, преправи си го и претходниот post да има кодирани линкови, бидејќи можно е определени DNS-и и web сервери да не прават redirecting. Кратко кажано, можно е на некој да не му го отвори линкот ако напред нема "www", а domain name-от е со "www". Како сакаш, изборот е твој ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
за тоа што си пишал
„ВОДАТА ДА БИДЕ ГРЕАЧОТ“ како се изведува тоа, неможам да го замислам тој процес...струја тече низ водата (флуидот) па така да се загрева или како???

(или тајна е тоа??? :P )
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
тоа е електрохемиски процес, слично како ххо системите,  се загрева електролитот(Чиста вода не може да биде бидејки водата е лош проводник). Најдобар пример е бокал пластичен за варенје турско кафе. Се додека во бокалот има само вода, таа не се топли, но откако ке се стави кафето и шекерот, за една минута ке се свари.