Абе да, но некако, чудно ми е. Како да нема пожари предизвикани токму од застарена инсталација, аналогно на тоа и стари осигурачи. Што значи дека и тие можат да потфрлат. А колку што знам, автоматските доста побргу реагираат, што знае да биде голем плус ако пипнеш онаму каде што не треба..
За тоа е најчесто инсталацијата проблем, а не осигурувачите. А луѓето често само знаат да „крпат“ осигурувачи без притоа да се прашаат зошто пред околу година дена им требале 2 лицни за „крпење“ на тој осигурувач, а сега наеднаш им требаат 4, иако нема зголемување на потрошувачката на водовите поврзани со тој осигурувач
. Си викаат „остај, вака е добро, нека тера“, а исто, користат и евтини продолжни водови, кабли, евтини уреди за греење, да не зборуваме околу тоа дека ги оставаат пуштени ноќе (нешто што никогаш не би го направил, греалка или калорифер пуштен додека сите спијат)... верувај дека најголемиот дел од пожарите се настанати баш поради овие причини, заборавени уреди за греење. А освен ова, се разбира и инсталацијата во определени објекти е застарена, а сопствениците, поради една причина или друга (беспарица, не забележуваат или едноставно, не знаат или не им е гајле) не ја менуваат иако сијалици насекаде треперат и жмурат, напонот им паѓа, водови се прегреваат, гледааат искрење од таванот или нешто слично
... се оди на „ајде бе, нема везе, ќе работи уште некое време“
. Осигурувачот ќе изреагира ако е не е „прекрпен“, ако е прекрпен (премногу лицни има во него ставено), нема да изреагира
. Затоа реков, ако правилно се крпат осигурувачите, помали шанси за пожар има од топливите отколку од електромагнетните
. Некогаш едноставно треба да се користи проста логика
. Како што пишав, не е умешноста во тоа клинец да ставите на средината од топливиот осигурувач и да речете дека „еве, среден е проблемот“... си има причина зошто само со клинец тој осигурувач не гори... види, што има врзано на таа фаза, колку струја влече тој уред, дали е тоа приближно јачината на струјата која поминува низ осигурувачот, а ако тие две вредности не се приближно исти, си имате поголем проблем кој најверојатно не е поврзан со осигурувачите
.