Author Topic: C++  (Read 611 times)

Offline dejan

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
C++
« Opened on 16.06.2011, Thursday, 01:10:25 »
Дечки гледам нема некоја тема за програмирање и програмски јазици мислам дека може да направите а иначе ми треба помош со задачкиве па ако се најде некој да помогне т.е да ги реши Однапред фала :)

1.   Колку ќе биде излезот следниот програмски сегмент?
int x=0, suma, counter=0;
suma=0;
while(counter++<=3){
      cout<<sum<<” “;
      suma+=x++;
}

2.   Направете програма која пресметува плоштина и волумен на призма со основа петоаголник (5 рамнострани правоаголника), каде должината на страната ја внесува корисник преку тастатура. Висината на призмата е еднаква на страната

Offline Eptesicus

  • Баниран
  • Нов член
  • *
  • Posts: 31
Одг: C++
« Reply #1 on 16.06.2011, Thursday, 01:34:21 (Edited 16.06.2011, Thursday, 10:29:17) »
1. додека бројачот е помал или еднаков од три се извршува ова долу и после се зголемува бројачот за еден.
првпат: бројач = 0, се печати сума (се печати само „0“). после на сумата се додава икс (0) и икс се зголемува за еден.
вторпат: бројач = 1, се зголемува за 1, се печати сума (0) и на сумата се додава икс, значи сума =1, икс = 2
третпат: бројач = 2,  бројач++, се печати сума (1), сума = 3, икс = 3
четврти пат: бројач = 3, бројач++; се печати сума (3) и другото не е битно, секако не оди пак во циклусот.
се испечати „0013“

2. призмата веројатно ќе има основа од 5 рамнострани триаголници, не правоаголници. плоштината ќе е двапати по плоштината на петаголникот + петпати по плоштината на еден правоаголник (ова ќе е само a*a зашто a=h). волуменот ќе е плоштината на основата помножена со висината. ако плоштината на основата за правилен петаголник е B = a*a/4.0 * Sqrt(5) * Sqrt(5 + 2*Sqrt(5)) не би требало да ти е проблем другото. P = 2*B+5*a*a, V = B*a.

малку ми се спие, провери ги за секој случај :)

--- кај плоштината вчера имав ставено „*“ место „+“

Offline dejan

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Одг: C++
« Reply #2 on 16.06.2011, Thursday, 10:08:16 »
Фала за помошта.  :)