Ај да замарам малку и јас. Прво форсирањето на *ватите* е чисто трик на маркетингот.Знам појачувачи,извикани и фалени,кои со *одредени*(тапа) кутии свират како радио.Значи филозофијата е не колку вати,ами колку троши појачувачот енергија.Така најреално се оценува и јачината,но и квалитетот на појачувачот.Впрочем,на сите поквалитетни(фабрички) појачувачи јасно стои колкава потрошувачка на енергија имаат. Друго,мошете да направите две појачала по иста шема,со исти делови,а да свират различито.И по јачина и по боја на звукот! Како?? Многу просто - често повторувам дека ние како аматери(мислам на сите кои од дуканиве купуваме делови за самоградба) немаме достапност до КВАЛИТЕТНИ делови ,од кондензатори ,отпорници,се до упарени транзистори,интегрални кола од А-класа ,а не како ке им се погоди денот на Турците...Да не се занесуваме дека можеме да направиме супер А;Б;АБ или некакво друго супер-појачало! Ние можеме нешто*пристојно * да направиме и да го поврземе со некои кутии од типот на ЈАМО, РИЗ,ТЕСЛА....и да ни свири добро.А за јачината,најдобро мерило се комшиите или мерите колку пати во минута (или секунда!) ке тропаат на цевките на парното (ако имате парно) или брзината со која ке вртат 192 и некој ке ви тропне на врата!