Прашање: Зошто се бавиш со електроника ? Купувајси готови уреди и ич немај гајле,...
За уредите за кои што ти зборуваш, никој не ги прави, освен ако не е самиот продуцент/музичар, па само за него да ги користи и за неговите портеби (пример за таков бенд, прв сега на ум што ми дојде, Nine Inch Nails). Инаку, во секое останато студио, кое е наменето за комерцијална употреба, нема уреди кои се направени со самоградба. Значи, тоа се професионални уреди кои не може да се реплицираат во аматерски услови. Потребни се посебни мерни инструменти, лаборатории, испитување, прекалибрирање, тестирање, пак прекалибрирање, итн. Дел од тие уреди се правени со години од страна на цели тимови на инженери, дизајнери, лаборанти, техничари, итн. Не може еден човек да ги замени сите нив, едноставно е физички, а и интелектуално, невозможно. Од тие причини, се купуваат готови уреди за професионална употреба (конкретно, за студиска употреба), и тие не се за џабе по 20.000, 30.000, понекогаш и над 100.000 евра. Дел од тие пари (се разбира) одат на името/имиџот кој го има стекнато тој и тој бренд (на пример 20%), но не можеш да ме убедиш дека во тие миксети има два NE5534 (или неколку ламбички) и дека истата опрема можам да ја направам и дома
, тоа нема логика. А и да можам да ја направам истата опрема дома, па дури и подобра, ќе ми требаат сигурно 10 или 15 години само за да ја направам, и тоа со готов дизајн... па ќе ми пројде ќеифот за тоа време
.
Како краен заклучок (барем мој): Не се купува таква опрема за џабе, тоа може да ти го каже било кој тон мајстор/мастеринг инженер. Да, они можеби користат некој мал дел импровизирана "home made" опрема, но се знае финалниот продукт на што се микса, нели
.