По долги 50 години производство на исконските засилувачи (појачала) во рок индустријата, Маршал Ампс официјално ја претстави својата нова линија наменета за приватно слушање – слушалките Marshall. Овие „засилувачи“ ги има во два индивидуални стила: Major, коишто се ставаат преку ушите и се користат за професионални аудио цели и за приватни потреби; и Minor, коишто се ставаат внатре во ушите и се користат за мобилни музички уреди.Слушалките Marshall Major што ви ги претставуваме денес, се во вид на квадрат со заоблени ќошиња, што јасно асоцира на дизајнот на класичните и неверојатни Marshall-засилувачи. Технички, Major-слушалките даваат чист и балансиран звук којшто стига до неверојатни 124 db од еден звучник од слушалките. Исто така, тие доаѓаат со класичен 3,5 мм приклучок и со четвртински адаптер за вашиот засилувач . Во секој случај – ROCK ‘N’ ROLL.
Слики на http://www.kafepauza.mk/tehnologija/slushalki-od-marshal/