Дечки
пардон мислам" момци",
Ќеф ми е што веднаш ја фативме темава
Јас од голем мерак по појачала (како и некои од вас), ја стартував работата со транзистори 2N3055, па некако се "дистанцирав" од интегралците - "скраја да се STK;TDA..." ,со мали потчепнувања се "залепив" за лампите.
Од голем ќеф тргнав со мисла (АКО НЕ ЗНАМ НИШТО,ЌЕ НАУЧАМ,АКО НЕ НАПРАВАМ ПОЈАЧАЛО ЌЕ СЕ ОБИДАМ СО ПРЕДПОЈАЧАЛО)
После 2 год.,читанки по интернет,шеми,купени книги и многу часови пропеа предпојачалото,благодарение на мојот труд,и трудот на еден мој другар - член на овој "наш свет".
Денес чепкам понередовно но и јас ја користам истата онаа полустара опрема и делови за појачала,половни постољиња,трафа,но се трудам да лампите,кондензаторите,......се квалитетни, проверени и нови.
СЕПАК ТРУДОТ СЕ ИСПЛАТИ!!!! - а ќефот не се купува со пари.