Author Topic: Комплетен тросистемски звучник  (Read 1249 times)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Комплетен тросистемски звучник
« Opened on 09.02.2011, Wednesday, 22:31:00 (Edited 10.02.2011, Thursday, 01:30:19) »
Малце се потрудив и направив едно проектче за изработка на тросистемски звучник :). За полесно да го изработите овој тросистемски звучник, на сликите ги ставив сите потребни податоци (драјвери, димензии, скретница, шема за кроење, листа на делови потребни за изработка и сл.). Со среќа во изработката ;).







Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Колега Ш. имам една многу проста ,ама значајна замерка: Во ред е што сте ја ставиле на увид кутијава,можело само да се потрудите димензиите да ги означите во мм,см ..
Второ,си можел и шема на кроење на кутиите да ставиш.Ама на крај се разочарав кога ја видов сликата - верувај немам многу убави зборови за двренарија каде задната страна на звучникот се вади!! Од искуство-докажано- секогаш ке има *дрвен оркестар * на некоја фреквенција! И на крај - самата свртница е предимензионирана ,нерационална и безмалку чудно скроена! Јас би играл поинаку, ама конструкцијава е твоја.И друго,вака не треба да се дампира кутија!! Ова е можно само во УСА и никаде на друго место.Уосталом Америве се ван хи-фи конкуренција...

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
1. Може ли да ти немаш замерка :D.

2. Димензиите се означени во инчи (после бројките 26-1/2 што значи ова * " *) ;D.

3. Ќе ставам и шема за кроење :).

4. Јас не ја дизајнирав кутијата и скретницата, материјалот го најдов на интернет и само го средив проектот т.е ги средив сликите, ставив податоци за драјверите, листа на деловите потребни за изработка и сл. ;).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ОК,јас ставив шема на кроење и уште по некое сликиче.Малку шминкај ги проективе, пред да ги ставиш.И нека бидат во см,а не во инчи,не сме Енглези..

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Колку треба да е отворот и должината да бас рефлекс цевката и од што би можел да ја направам и би ги замолил поискусните во изработка на звучни кутии особено batka ако имат да ми предложат некоја подобра звучна кутија со слични димензии пошто толкави се негде парчињата иверица што ги имам ;)
Звучниците ќе бидат за ова појачало
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6285.0

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво прашање - имаш ли набавено басови ,високотонци или барем какви мислиш да набавиш? Втора работа - двосистемски или тросистемски мислиш да ги правиш?? Значи,најбитно е што поседуваш од звучници и веројатно бас рефлекс ке бидат кутиите ? Дај ми подробно некои податоци .Иначе има добри конструкции за 10 инчни басови, а за свртниците малку треба да се помачиш.Нема *одлична свртница* на нетот.Треба сам малку да поработиш и да ја направиш свртницата ( да ја доработиш) ,пред се со експерименти одколу вредностите на кондензаторите.Значи,свртницата грубо ке се пресметаат,а финалето е твое - треба тебе добро да ти звучат кутиите! ;D ;D

Offline ace-bitola

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
Звучници немам земено денес ќе земав ама беше затворено плонирам 10 инчни басови да бидат среднотонец 4 и високо тонец 3 инчи и сакам кутијата да биди бас рефлекс

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Комплетен тросистемски звучник
« Reply #7 on 10.08.2011, Wednesday, 18:49:38 (Edited 10.08.2011, Wednesday, 21:56:02) »
Колку треба да е отворот и должината да бас рефлекс цевката и од што би можел да ја направам

Димензиите на цевкта се прорачунаваат со Хелмхолцова формула, прочитај у мојот туторијал за правење звучни кутии
Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=5168.0;attach=5390Цевката е пластична за канализација.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Kога ке ги купиш звучниците пиши ги карактеристиките или моделот па ке видиме.Бас рефлекс цевките може да ги направиш или да ги купиш готови.Има бас рефлекс цевки кои можеш да ги скратуваш или продолжуваш,во зависност што звук сакаш да добиеш.Малку е поскапо,ама можеш звукот спрема твоите потреби и сваќање да си го подесиш.