@Батка , дали мислиш дека затоа што басот се придвижува повеке во компресиона кутија , баш затоа компресионата кутија е по ефикасна. Јас не би се сложил со ова. Поентата е звучникот при што поголемо оптеретување да остане што по мирен и во граница на магнетната индуктивност , бидејки кога се движи (вибрира) во дозволени граници звучникот свири нормално, а по соодветна кутија за тоа е бас-рефлекс кутијата, бас звучникот е по мирен (стабилен).
Ако компресионата е подобра и по ефикасна кутија, а како ти што велиш ,,,Бас рефлекс би била скоро двојно поголема од компресионата'' , што значи и помалку материјал за компресиона, помалку трошок за фабриката, фабриките би правеле компресиони кутии , без разлика дали се работи за ,,кинез'' звучник или брендиран звучник. Логично е дека и тиа сакаат да постигнат што подобар звук за одреден звучник кој што се вклопил во нивна замисла во сооднос цена-квалитет, за да можат подобро да го пласираат на пазар.
Јас не сум видел 12 или 15''(inch) Pro (satelitte или full range speaker) од некој бренд RCF , JBL , Meckie , ... и други , да дизајнираат компресиона кутија , којашто како ти што трврдиш би била по ефикасна, дали намерно или случајно сите се со отвор (bass-reflex). Но во ред, да речеме дека сите тие драјвери се за бас-рефлекс систем , ама доколку ,,компресионите драјвери'' монтирани во компресиона кутија се по ефикасни , тие би дизајнирале специјални драјвери за компресиони кутии за поголема ефикасност.
Цитирам ,,Борче е во право ,а она констатација дека се повеќе бас рефлекс кутии се прават е само доказ дека и фабриките ги научија муштериите,па им сервираат се повеќе евтина * магла*.Сета таа продукција е само евтина имитација на *високата верност* на звукот.Тоа е она што многу пати покушавам да го кажам на Форумов!'' .... не би се сложил со ова , бидејки имаме примери од home audio speakers од познатите B&W, JBL , Tanoy , Canton ,Jamo, Bose .. и други , сите овие брендови изработуваат домашни добри и квалитетни bass-reflex звучни кутии и системи кој свират прекрсно и прилично задоволуваат аудиофилски уши. Јас не знам што за вас е добар и квалитетен аудио стерео систем.