Author Topic: Дали некој поседува шема за упарување на транзистори  (Read 902 times)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Значи како што соопштува насловот дали некој има функционална шема за изработка на тестер за транзистори односно нивно упарување , по можност шемата да е доволно едноставна за изработка и користење

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Шемата ке се најде ,ама не е лесна за изработка и бара доста знаење,пред се иснструменти за подесување.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
не е проблем шемата може и да се направи, пробелм е што за да најдеш 3 шаратреба да купиш 100 транзистори. Во некои продавници продаваат упарени транзистори, секако по екстра цена, ама мисам дека тоа е најефтина варијанта...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали некој поседува шема за упарување на транзистори
« Reply #3 on 09.02.2011, Wednesday, 08:02:27 (Edited 09.02.2011, Wednesday, 10:39:19) »
Точно така! Прво треба да имаш добар репер за да калибрираш,а потоа стотина транзистори (кои не се ни продават во продавниците!) па да одвоиш пет-шест пара со истоветно појачување .Освен тоа не е само појачувањето проблем,проблем се и други параметри,па и внатрешната отпорност помеѓу Е-С,В-Е... Се слагам дека е најефтино да се купи упарени транзистори,ама за конструкции кои ке имаат полу(професионален) пристап во градбата.За аматерски услови правете поедноставни,полесни и проверени конструкции и пак ке решам запрашајте се дали имате трафо,звучници,електролити за да ја започнете градбата.И секогаш започнувајте со исправувачот.Тој е основата на добрата и успешна градба.

Споено мислење: [time]09 Февруари 2011, 08:17:03[/time]
П.С еве  нешто за упарување,со шеми.Кој сака нека прочита прво,па нека проба.
Code: [Select]
http://sound.westhost.com/transistor-matching.htmНе ја кодирам страната,прегледувањето не е обавезно! ;)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Јас имам изработено неколку засилувачи и до 500 вати без спарени транзистори па си работат одлично без проблем и тестирани се на максимум да работат по 5-6 сати немале гајле. Мислам дека според секое трафо може да се најде соодветна шема, па како што кажа батка најдобро е од тработо да почните. Еве да не учите од сопствени грешки ќе спомнам еден пример. Пред едно 7-8 години кога правев засилувач, ја направив плочката монтирав све освен трафото. Бидејќи трабо немав, а немаше ни по продавнициве за електроника, единствено најдов кај еден винклер во охрид. И ми рече дека цената за два трансформатори од по 350 вати е една просечна плата-12.000 или 200 евра. Е пошто бев запнат да го правам ги зедов. Инаку ус бластер(не е некоја макрка) е 200 евра фабричко склопено само да се пушти в штекер... Иако не е некоја угледна марка сепак е подобро од тоа што го правев, башка и подобро изгледа, поснажно е а и само трансформаторот му е 1100 вати торус.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Дали некој поседува шема за упарување на транзистори
« Reply #5 on 09.02.2011, Wednesday, 09:08:52 (Edited 09.02.2011, Wednesday, 10:38:59) »
Code: [Select]
http://sound.westhost.com/project31.htmПогледајте еден готов проект и тука!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Фала батка добро  изгледа шемата за тестерот не е многу сложен .ќе го правам кога ќе имам време.
Сепак сметам дека било какво упарување е многу подобро од никакво упарување , по мое досегашно искуство упарување барем на влезниот степен и сите транзистори со мала моќност што се огледални односно симетрични (што не е многу сложена работа ) доведува до многу подабар квалитет на звукот барем за оние со изоштрено увце.
Едно време упарени транзистори продаваше фирмата под влезот на музичкото училиште (не ми текнува како се викаше но тие затворија пред една година  ,незнам каде се преселени) знаете кој продава упарени драјверски транзистори од типот МЈЕ 15030/31 или2са 1011/2сц2344   и слични. како ои излезни 2сц5200/2са1945

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Е и П се викаше  :) инаку мислам сека не работи повеќе, а газдата Емил Иљоски(ако не се лажам) соработува со Емитер, па може да им пишиш е-меил ...

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
фала бицикле ,  да се викаше Е и П и емил беше оној низок човек со брада , штета што затворија кај нив имаше и прецизни метал оксидни отпорници по пристапна цена како и некои специфични  МКП односно фолиски кондензатори од рангот на пико фаради кои се многу важни за добар звук (кондензатор за повратна врска ,Милеров кондензатор  на локална повратна врска  и во влезниот степен),
Ако знаете каде се продаваат прецизни метал оксидни отпорници и фолиски кондензатори со мала вредност(освем во логинг по цена од мало богатство) пишете.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Да штета, се наоѓаа квалитетни делови, башка и газдата добри муабети прајше хехе Можда имаше и некоја разлика во цена, ама сепак се исплаќаше и беше прифатлива. Имам земено од тамо излезни транзистори мј11015/16 што се‘ не претгаа дур прегореа- бидејќи на влез ставив излез од систем  ;D
Инаку прашај во алфа во битола, доста се опремени би требало да има метал-филм отпорници мкт кондензатори и други специфични елементи.
Патем во логинг неколку пари имам земано метал-филм отпорници ам ги немаат сите стасндардни вредности...

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
да штета за Емил покрај квалитетните ситни но многу значајни делови секогаш со него имаше "Чашка квалитетен електроничарски " муабет , за отпорниците и кондензаторите алфа ми е малку подалеку не ми се исплати баш мислев да не знаете евентуално некој од  Скопје  пошто исто од лично искуство знам дека метал оксидите  и кондензаторите  на пат на сигналот значително го менуваат звукот на подобро а со мала инвестиција( се разбира за оние со посуптилно односно поизвежбано  уво ).

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Може и да порачаш од алфа... има дискусии за цените за поштарина, ама вреувај ако купуваш роба над 1000 денари повеќе тин се исплаќа да појдиш до битола со возон отколку да купиш во ск.