Целта на звучната кутија е да ставиш онолку звучни единици колку треба да го покриеш најидеално звучниот(чуен ) спектар!! Секоја звучна единица емитува звуци во одреден спектар на тонови и затоа звучниците се делат на бас ,среднотонци и високотонци.Цел на свртницата е да ги обедини поедините спектри на зв.единици и да ги спои во еден непрекинат звучен низ кој го слуша нашето уво.Ако имаме два звучника тие мора да емитуваат фреквенции кои ке се преклопуваат за да може да го слушнеме целиот спектар.Свртницата ке има една резна фреквенција,т.е. само на едно место ке го подели звучниот спектар.Басовите и средните обично ги презема басот,а високите средни и високите тонови -високотонецот! Тросистемските звучници имаат три зв.единици и две резни фреквенции - меѓу басот и среднотонецот и средн. и високотонецот! Успешноста и квалитетот на кутијата се огледува во линеарноста на звукот т.е. да не се осети празнина *дупка* во спектарот при појава на определени фреквенции кои ни еден од звучниците не може или слабо ги репродуцира!Со еден бас звучник тоа не се постигнува!