Еве една шема што ја дизајнирав (повеќе препишав и малку модифицирав од datasheet-от, со додавење на некои околни компоненти за да може да функционира колото како сигнал трасер). Како и да е, шемата сигурно функционира, ја пробав на protoboard
, а сите компоненти (освен TDA2822M) можете да ги најдете „низ дома“, така да изработката не е проблематична
. Монтажна шема и PCB не направив бидејќи шемата е премногу проста, па поради тоа, можеби монтажната шема која на мене би ми одговарала не би ви одговарала на вас (јас на пример, сакам се да си има засебно напојување, па поради тоа и посебно трафо му дадов на сигнал трасерот, иако слободно може да се напојува од стабилизиран извор на напојување со одземање на неколку компоненти).
TDA2822M е стерео интегриран засилувач кој во мостна врска може да даде моќност од околу 1W при THD=0.5% (од прилика) и при оптоварување од 4ohm, значи дека е доволно моќно (некој можеби ќе сака да поврзе звучник наместо слушалки, како што е прикажано на шемата
) за да може да го побуди било кој уред, од звучник до слушалка. Компонентите околу TDA2822M се за спрега, дефинирање на горна гранична фреквенција (мислам дека излезе некаде околу 40 или 50KHz за вредностите кои ги имаат C2 и C3), итн. Остатокот од деловите се за напојувањето и влезниот степен на сигнал трасерот.
Ако има некоја грешка во цртањето на шемата, кажете ми, ќе искорегирам
. Монтажните шеми правете си ги како сакате
(слободно може да се направи и на универзална плочка
). Трансорматорот може да го извадите од некој стар полнач за мобилни телефони (струја со јачина од околу 150-200mA при излезен напон од 10-20V~ е повеќе од доволно за напојување на колото). Како што реков, во принцип, сите делови (освен интегрираното колото) можете да ги најдете по дома
.
Листа на делови:
R1, R2 = 4.7ohm (1/4W)
P1= 100K-1M Log
C1, C2, C3, C6 = 100nF (Plastic)
C4= 10uF (25V)
C5= 10nF (Plastic)
C7= 1000uF (25V-35V, depending on the output voltage of TR1)
D1, D2 = 1N4007
D3, D4, D5, D6 = 1N4001
IC1 = 7809 or 7812
IC2 = TDA2822M
TR1 = Transformer (220V/230V to 10V-20V, 150-200mA is sufficient enough)
Probe = Multimeter Probe
Aligator Grip = Small Aligator Grip (for GND)