Вака сега, дознав некои работи за лемната станица.
Овие лемни станици се продваат под разни имиња, а инаку најверојатно ги произведува една фабрика (претпоставувам дека се копии од некоја друга лемна станица на топол воздух, па мораат да ги менуваат имињата на производителот секогаш кога ќе ги фатат дека се копии). Се произведуваат под brand-овите Lucky, Joho, Golden Lion и некои други, а имињата на моделите се доста слични. Мојот модел е 852D, а ианку на една слична лемна станица произведена од Joho, моделот е 850 (слика и спецификации, ако може така да се наречат, многу се оскудни, има подолу, овие спецификации се разбира важат само за леткумот на топол воздух).
Rework station
Input voltage: AC 220V
Power consumption: 270W
Pump type: Diaphragm pump
Air flow rate: 0.3-24L/min(Max), stepless speed regulation
Heater: Metal, 250W
Hot air temperature range: 100-420 degrees
Според зададените спецификации, ја пресметав потребната должина на кантал жицата (користејќи пропорции и табелата за кантал жица дадена во Емитер, бидејќи за зададената моќност немаше вредност во табелата, имаше за 750W, но не и за 270W, па мора да импровизирам, иако мислам дека не е баш најдобар метод тоа, но немав избор) и пробав да ја премотам самата грејна жица со малку подебела кантал жица (оригиналната грејна жица беше дебела околу 0.3mm, а јас ја премотав со кантал жица со дебелина од 0.45mm). Должината на жицата (со оскудните пресметки) излезе околу 3.2m, па исеков 3.2m и ги намотав на сличен начин како и оригиналната грејна жица (не направив слики како изгледаше тоа, но начинот на мотање беше дури подобар и од оргиналот, барем според мене). Е сега, жицата беше премногу долга (малку поголема излезе намотката одколку што се надевав), се препокриваа намотките од кантал жицата една преку друга, но и на оригиналната истото се случуваше, и мислев дека нема да има проблем. Но, кога ја пуштив во работа лемната станица, изгоре осигурувачот на лемната станица (сеуште не сум проверил дали има изгорено уште нешто, иако мислам дека нема, вака барем „од око“ изгледаше дека нема). Одкако ја отворива рачката на лемната станица, се гледаше дека се завариле жиците една за друга (од што биле преблиску :S), па предизвикале краток спој во колото и „запалил“ на време осигурувачот. Како и да е, поентата е дека жицата била предебела, па пореди тоа и дебелината на целото грејно тело се зголемила, а расположливиот простор е мал, па морав малку да ја натиснам намотаната грејна жица околу керамичкиот држач на грејното тело (да го „сплескам“ гејното тело).
Инаку, чисто колку за информација, на грејната жица и се носи напон од 230V (мрежен). Претпоставувам дека ова е ситуацијата со сите Кинески лемни станици (и онака сите си личат како „јајце на јајце“, само се разликуваат производителите, ако воопшто се разликуваат
).
Инаку, реално гледано, лемната станица е изведена доста солидно, предимензионирани компоненти, компоненти од познати брендови (Intersil, Fairchild, иако морам да признаам дека не знам дали се оргинал, можно е и да се копии), што е навистина чудно да се начека во некој Кинески производ. Како единствена мана можам да ја наведам грејната жица и најзината издржливост (уште кога ја отворив рачката за лемење, се гледаше дека грејната жица не е баш нешто „нај нај“). Како прекинувачки елемент се користи триакот BTA08-600C (8A, 600-800V, остеливост на гејт од 25mA, производтсво на ST, останатите спецификации во datasheet-от можете да ги најдете
тука).
Е сега имам три прашања (поточно две прашања и една молба):
1) Каде можам да најдам тенка кантал жица (0.3mm или евентуално потенка, 0.25mm, 0.2mm, или така нешто)? Дали може да се најде по пазарчињава (зелен пазар, бит-пазар, итн.)?
2) Каде можат да се најдат равенки (формули, не табели) за пресметка на должина на кантал жица? Само да не се теоретски (да се базираат врз база на теоретски пресметки на тој и тој метал, туку да бидат емпириски, испробани во пракса). На пример, задавам работен напон, задавам определена моќност, задавам дебелина на жица и како резултат да добијам должина на жицата.
3) Ако може некој кој се разбира повеќе во високонапонски прекинувачки елементи да ми објасни нешто повеќе околу триакот (јас повеќе теоретски се разбирам околу овие компоненти, послабо практично :S), пред се колкава моќност може да издржи (не знам до која максимална моќност на грејно тело можам да експериментирам, односно со колкава должина на грејната жица можам да експериментирам).
Балгодарам однапред
.
Споено мислење: 29.12.2010, Wednesday, 04:10:07
а што не купиш грејач од БТ електроникс!?300 денари е мислам!
Ова дури сега го прочитав, не знаев дека има, ако се навистина околу 300 денари, би земал еден, во Алфа беа могу поскапи, па затоа се решив сам да си ја мотам.