На шемата подолу е претставен уред кој ја има обратната функција на кондензатор, ова е така наречениот симулиран калем. Овај калем ги исклучува/ отстранува сите пречки кој би се појавиле во струјата која протекува низ него. Кога некој калем ќе се приклучи на еднонасочен напон, струјата се зголемува пополека, а напонот паѓа поради тоа што надворешниот отпор доаѓа при израз.
Калемот полесно ги пропушта пониските фреквенции отколку високите, обратно на кондензаторите.
Идеален калем би има 0 отпор, пропушта DC напони без ограничувања и би имал бесконечна импеданса на бесконечна фреквенција.
Доколку одеднаш би се приклучил некој напон на инвертирачкиот влез на ОЗ преку отпорникот R1, тоа не би довело до никаква промена бидејќи и неинвертирачкиот влез на ОЗ преку C1 би бил приклучен на тој напон, што не би довело до никаква промена на состојбата на ОЗ, со што ОЗ би имал висока импеданса, исто како што е случајот и со некој калем.
Како што C1 се полни преку R2, напонот низ R2 паѓа, со што ОЗ повлекува струја на влез преку R1. Ова би траело толку долго се додека кондензаторот се полни или се додека ОЗ би имал влез и излез еднаков на виртуелна нула (Vcc/2).
Откако би се наполнал целосно C1, отпорникот R1 го ограничува протокот на струја, а ова би се прикажало како сериски отпор на симулираниот калем. Овај сериски отпор на го ограничува Q факторот на калемот. Реалните калеми имаат многу помал отпор од овај симулиран калем.
L= R1*R2*C1
Овие типови на симулирани калеми имаат и некои слаби страни
- Еден крај на калемот е уклучен на виртуелна нула.
- Симулираниот калем не може да се направи со висок Q фактор поради серискиот отпорник R1.
- Не го има истиот капацитет како и реален калем.
- Губењето на магнетната индукција кај реалните калеми доведува до појава на лакови од струја кој префрлуваат према негативното поле (се мисли на полето со спротивен поларитет, не на минус/маса)
- Симулираниот калем е ограничен со опсегот на напони на кој може да се уклучува поради самиот опсег на ОЗ на напон на кој тој може да работи без да се оштети.