Author Topic: Поправка на печатач Kyocera Mita FS-1030D, Triumph-Adler LP 4022 или UTAX LP 3022 кои почнуваат да печатат од половина страна па натаму  (Read 156 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
По некоја случајност, иако прилично незастапени како принтери кај нас (Балканов, општо, барем колку што знам), ми падна во раце еден Triumph-Adler LP 4022 принтер кој имаше проблем со почетокот на принтањето, т.е. почнуваше да печати од половина страна па натаму, ама само на првата страна. Наредните страници си беа нормално испечатени, од почетокот на листот. Бидејќи стануваше збор само за првата страна, помислив дека е некој проблем со firmware-от на принтерот, но по малку пребарување, излезе дека ситуацијата не е баш таква. Проблемот е хардверски и не комплицирано да се реши :). Истиот овој печатач се продавал и како Kyocera Mita FS-1030D и UTAX LP 3022. Всушност, главниот сопственик на сите овие компании е Kyocera, но решиле за различни пазари да ги продаваат под различни брендови и модели, што всушност значи дека Kyocera Mita FS-1030D, Triumph-Adler LP 4022 и UTAX LP 3022 е всушност истиот печатач (хардверски), но firmware-от се разликува во однос на PID (Product ID) и VID (Vendor ID). Верувам има и некои други ситни разлики во firmware-от, но генерално, хардверски гледано, станува збор за истиот печатач.

How To Fix Kyocera Mita FS-1030D, Triumph-Adler LP 4022, UTAX LP 3022 Printing Off The Page



Истиот клип, но симнат и исконвертиран во x265 (за да зафаќа помалку простор) во случај да го избришат од каналот на YouTube ;).

Code: [Select]
https://cloud.mail.ru/public/bxCf/4WUvThKV9
Code: [Select]
https://app.box.com/s/nstwomznxize5854kqaz0bjuxxawil92
Code: [Select]
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/223667A16831479FBBC174FC9D6513B5Y
ПС: Истата поправка, но во други клипови (ги открив сега, искрен да бидам :P :D).



It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."