Author Topic: Ресивер Harman/Kardon 430 престана да работи без најава :(  (Read 264 times)

Offline bojadva

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Здраво, престана да ми работи ресверот додека си слушав музика, тивко слушав. Без чадење или слични симптоми. Го имам неколку години и кога го купив се сеќавам дека еден осигурач беше изгорен па мајсторски му ставив жичка :), инаку се на се има 8 осигурувачи, 3 позади (2 излезни и 1 за 220в) 2 на напојување кај тие големите кондензатори и 3 после нив. Од муабетов се приметува дека не сум баш електроничар, на времето чепкав ама тоа пред 30г, сега можам само да залемам по нешто, а би можел и да сменам некој дел кога би знаел да дијагностицирам што е проблемот. Инаку ресиверот на секое палење ако беа уклучени дугмињата за звучниците  даваше некаков шум едно 10 секунди после се смируваше. и во тие 10 секунди ако го завртев потенциометарот за глас се слушаше јако крчење како да е прљав потенциометарот, после тоа немаше гајле, никакво шуштење, се сиработеше нормално. Од стручни муабети (тн. јадење г**на) со јаки стручњаци ко мене утврдивме дека се кондензаторите... гарант :), само кои???? 
Е сега, најдов сервис, карши католичка, и другар однесе едно HH Појачало на сервис таму и му рекоа за 5 дена... еве врви месец и уште се немаат јавено... затоа јас пишувам тука, ако има чаре и мајстор да препорачате, да не чекам месец два на поправка, а и ако знаете колку се добри старците карши католичка можда и вреди да чекам, пошто за дрг сервис не знам. А ресиверот ми е баш погоден со Босе 301, и ќе ми биде жал да стои така.
Поздрав и бидете со здравје. 

едит: значи сега се уклучува светнува ама не дава звук никаков, ни од радио ни од aux. ги проверив сите осигурувачи, добри се. пробав да извадам сигнал од tape out  на дуго појачало, нема звук. 

Online mikromk

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
На интернет има комплет шема.Овој ресивер е доста ценет, вреди да се чека и неколку месеци да се поправи.
За олку стар ресивер стар 40-50 год. се менуваат сите кондензатори без мислење.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Најверојатно е нешто полупроводничко... но, не мора да значи... кондензаторите од што се суви направиле некој проблем на некоја полупроводничка компонента. Која... е тоа треба да се види.

Во секој случај, како што пиша mikromk, на волку стар рисивер, сите електролити се менуваат без мислење.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bumbar

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 68
Сега поправав Пионир СА-508 - комплетен т.н. рифреш....

Ако си од Скопје - бујрум додека ми работат рааеве....и ако не почне Трета светска војна до вторник...
075 28 45 30...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Среќа форумов не е хостиран тука ;D. Мада нема да има кој да пишува на него, али барем ќе биде online во наредниве 8, 9 месеци ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."